Shana ко јас да сум г напишала твојот коментар, исто се осеќам. Значи мене ми беше блуткав исклучиво бидејќи сум јас таков табиет, ми треба време додека да се навикнам да го примам тој вкус, за се сум таква. Сега, сега знам што значи здраво живеење и убаво чувство кога ќе се разбудиш насабајле. На сите душебрижници кои тврдат дека од Хербалајф се умира, мислам дека веќе месец сум жива, не сум умрела фала богу, се осеќам ко преородена, а што осеќам и што гледам како фармерките ми паѓаат и што сите ми викаат дека сум ослабена, уф растам ко паун, преубаво чувство кога прслучето ти станува големо, кога фармерките се шират, едвај чекам да ја обновам целата гардероба бидејќи ќе ми биде голема. есценето е чувството откако го пијам шејков, се трудам се повеќе и повеќе околу мене. Miss-Hell ич не ми ја мисли, веднаш почнувај, јас планира ид а се зачленам сега и да почнам и со другите препарати малку, пред се чајот. Знаеш на почеток кога почнав да работам си имав визија дека ќе заштедам за црни денови, како да не, ич не ми треба да заштедам, само да ослабам конечно и не ми треба повеќе, навистина е тешко цел живот да се бориш со килограмите дефинитивно.
Miss-HeLL изминатиов месец не вежбав во смисол фитнес и сл. ама пешачев многу. Следниов месец здравје планирам да правам рачни масажи поради целулитот, инаку кожата како се шири така и се собира, немај гајле. Заборавив да пишам дека сум стопила дел од маснотиите ама сум покачила мускулна маса Твојот Хербалајф советник ке ти објасни се што и како треба да пиеш и јадеш. Главно е дека нема да си гладна бидејки треба да внесуваш оброци на 3 часа за да го забрзаш метаболизмот. Никогаш во животот не сум била посита, истовремено да слабеам. За сите кои зборуваат против Хербалајф, нека се едуцираат малку за да им стане јасно што уствари е Хербалајф. Не е ова слимлајн таблети или кинеска супа од зелка туку сите продукти се произведени во Европа - Италија, Англија и сл. Врвни спортисти го консумираат шејкот и останатите производи. Позади формулата стои тим од лекари и нутриционисти, од кои едниот има добиено Нобелова награда за медицина. Го навлеков и сопругот, и тој почна со режимот од денеска Единствен негативен момент е цената. Ако можеш да си го приуштиш, не се мисли. Исто ако имаш прилика да појдеш на некоја презентација, иди обавезно бидејки даваат исцрпни информации околу продизводите, нивното влијание и упатство за користење. Со среќа ~
Месец дена 2 конфекциски броја, дека не е доволно а? Се осеќам феноменално, неколку дена не го пиев бидејќи го заборавив кај дечко ми, мислев нема да ми биде убаво бидејќи пропуштам многу, речиси 4 дена, но не се осеќав исто, само многу внимавав со исхраната тие денови, шејкот го заменив со овошје и се беше совршено. Идам до крај, во Понеделник и официјално ќе го посетам нивниот клуб на детални мерења и ќе се зачленам, односно ќе ја купам лиценцата. Многу сум среќна, се осеќам поубаво и поздраво, започнав да размислувам за тоа што го ставам во уста и во кој период од денот, започнав да размислувам позитивно за своето тело и својата линија.
Zdarvo Sakam da prasam kolku cini sejkot za cel mesec da go zemas , i kolku kilogrami oslabna za toj mesec. Pozdrav
Како што веќе напишав, не знам колку килограми сум ослабнала, едниствено се раководам според обемот, односно конфекциски број, а тоа е некаде околу 14-15 см во обем. Шејкот за цел месец чини 2600 денари, со тоа што го пијам секој ден насабајле и преку ден навечер, а доколку го пијам само насабајле трае 40 дена, доколку го пијам секој ден и навечер за 20 дена. За дополнителни информации слободно пиши ми ЛП и ќе ти објаснам, ова објаснување важи и за сите други, затоа ти пишав овде.
Морам да се пофалам, леле досадна ама тоа е тоа, вчера бев на мерење и резултатот е следен:-5кг со -9цм во обем, зарем не е доволно а?два конфекциски броја, епа ептен сум среќна, до наредниот месец се надевам на барем уште 5 килограми и 9 цм, иако ми кажаа да не се разочарувам, некогаш повеќе некогаш помалку, но начесто се случува повеќе, така да сум целата во исчекување, дотогаш 5 пати на ден си јадам и си пијам 3-4 л вода, се како што треба и ич не ми е досадно и тешко, напротив се чувствувам задоволно од тоа што го гледам во огледало
Вака јас сум од Кичево. Сакам да прашам дали може да се набават од аптеките на Зегин или некоја друга аптека во Кичево? Дали можат сите да ги користат без разлика на возраста?? И да колку пари се да знам да си збирам пошто читам има многу задоволни
Не, Хербалајф не се продава во аптека, само застапници со лиценца можат да продаваат Хербалајф. Обиди се да го нарачаш од некој таков или пак ако немаш таков во својот град веројатно имаш познат кој студира или учи во Скопје каде сигурно може да ти го набави. Колку што знам старосна граница нема, може било кој да го пие, вчера на предавањето имаше дури и баба од 60 години, не знам за долна граница, но штом трудници и доилки го пијат веројатно нема опасност и за децата, доколку дознаам нешто ќе ти пишам за сигурно. Чини 2600 од кутија за 40 оброка, види малку подолу имам детално објаснето колку би чинело во кои случаи, да не се повторувам со истиот пост. Ти посакувам навистина да го најдеш и да ги почувствуваш и ти благодетите од овој прекрасен производ. Туку што прочитав дека имаш 18, во то случај немаш никава пречка зошто не би го пиела, не си воопшто мала. Веднаш потруди се да го најдеш и ти посакувам многу среќа! Потруди се исто така и да стапиш во контакт со Хербалајф претставништето и доколку нема такво во твојот град да бидеш ти дел од семејството на Хербалајф. Можеш да ги побараш и на ФБ.
Хербалајб е здрава храна и нема лимит во годините. Зосто би имало и деца и трудници и баби и млади и срати треба здраво да се хранат и да имаат незаменлив правилен појадок.
Дефинитивно нема граница, можат и деца да пијат шејк. Вчера конечно ја купив лиценцата и сабајлево го почнав со чај и шејк и секако вода. Нека ми е на здравје лиценцата и во тоа име наздравувам со чаша вода!
Честитки инаку јас имам 17 години и производите ги јадам повеке од година дена така да не се секирајте за возраст само консултирајте се со васиот велнес советник доколку е многу мало детето да јаде пола доза Или пак пишете ми слободно јас ке ви помогнам
Од Хербалајф. Се наоѓа зад рамстор, во близина на Љуц. Шејкот ако добро памтам 2000 и нешто беше за 21 ден. Јес да мене не ми издржуваше 21.
И ослабна од него имаше резултати? Знам дека го има со вкус на јагода, ванила, чоколада и капучино, кое е најубаво? А на друго место го има освен во Скопје и каде е тоа Љуц? Некои дистрибутери, еве на скајп додадов еден професионален трењер од хербалајф веројатно застапник им е, му пишав ама не ми врати, ќе чекам одговор.
Хербалајф не е производ од кој се слабее. Хербалајф е замена за оброк, која ти ги дава сите потребни дози на витамини и минерали дневно, ти дава енергија и сила, а има само 217 кцал во оброк (ако добро памтам). Со оглед на тоа дека јас го зимав 2 пати дневно како замена за оброк и само еден обичен оброк имав, можеш да замислиш, многу ми помогна. (логично-не јадеш пица со 500 кцам туку јаде оброк со 200 кцал). Значи со хербалајф и средена исхрана-немаш утка. За вкус мене најубав лично ми беше Чоколадниот. ОД вечер ке си го направев за сабајле и ко пудинг се правеше во фрижидер кога ке се стегне. Абе мераци. И сега би го зимала, ама финансиски баш и не можам да си дозволам. Значи Хербалајф се наоѓа на улицата кај Зират банка (ако ти текнува каде е ) едно 100 метри подоле накај семафорите. Лесно се наоѓа.
Ама дека е многу здрав оброк знам дека од него се слабее. Ама дека толку пари е се двоумам дали да го купам.
Хербалајф не можеш само да одиш и да речеш дајте ми еден Хербалајф. Мораш да го земеш преку овластени дистрибутери, ние за таа можност уплативме за лиценца и имаме право да го продаваме. Да чини 2600 денари и од него се слабее итекако, но не само ако го пиеш шејкот, мораш да се раководиш според правилен начин на исхрана и внес на вода во телото. Јас имам неколку пати кажано, мене многу ми помогна, го пијам еднаш на ден во комбинација со чај, растителни влакна и мултивитамини, 3-4 литри вода на ден, оброци на секои 3-4 часа и ете ме за два месеци, -10 килограми и 20см во обем. Со овој производ не слабееш, туку правилно се храниш а тоа ти помага да ослабеш. Јас започнав само со шејкот, еден месец го пиев само шејкот и во тој месец ги ослабев првите 5 килограми и првите 9см, понатаму ги внесов и другите производи кои да бидам искрена доколку не ги добиев со лиценцата не знам баш дали ќе ги купев, а помагаат многу. Мене лично Хербалајф ми помогна со килограмите, ми ги зацврсна ноктите, престана да ми опаѓа толку косата, ми се исчисти сабореата, ми се регулираше метаболизмот, со тоа и столицата, ми се промени изгледот на кожата....зарем е малку, конечно после многу години јас носам бр 38, додека пред два месеци кога ги купив последните фармерки едвај влегов во 40, сега слободно влегувам во 38 без никаков напор, не носам повеќе мидери освен кога носам нешто прилепено за мене, не се мачам со гладувањето и имам многу повеќе енергија.
Пред 3 дена почнав да користам хербалајф, па имам една недоумица затоа ве молам кој може да ми каже дали е ок во шејкот да миксирам некое овошје ( ја користам опцијата за слабеење со шејкот), и дали на пр. доколку навечер не сум гладна може да не го пијам шејкот , или пак задолжително мора да се пие 2 пати дневно, фала