Вака девојки,гледам дека сте прилично збунети,па викам ајде да ви помогнам пошто случајно налетав на темава...Прилично добро сум информирана за се во врска со хербалајф,па можам да ви помогнам Хербалајф не е шејк,не се апчиња,ниту чај,хербалајф е начин на живот...и јас имам искуство со хербалајф и уште го користам ,па можам да го споделам со вас моето искуство.. Јас не го пиев за да ослабам,далеку од тоа,туку го пиев за да намалам масти и да качам мускули и успеав во таа намера...Конкретно,во Хербалајф отидов за да го средам лицето,бидејќи имав акне вулгарис од 12 години...Конечно успеав во тоа,добив самодоверба,веќе не морам да шлапам по 3 кила пудра кога ке излезам од дома и можам да разговарам нормално со луѓето,порано ми беше непријатно... Гледам дека и за друго сте збунети...Шејкот нема 3,туку 6 вкуса...И е прекрасен,посебно ако се направи од вечер и се стави во фрижидер,има вкус на растопен сладолед...Дава ситост плус...Со хербалајф програмата имате 5 или 6 оброци( зависно од тоа дали спортувате или не ) и ниту еднаш нема да почувствувате глад ниту потреба на благо..Тие девојки што викаат на форумов дека не ослабеле,не ослабеле,зашто не се придржувале кон програмата или воопшто ја немале...Ги користам сите производи од хербалајф и ми е прекрасно,престанав да пијам кафе,имам повеќе енергија дури и кога немам спиено( на пр. кога полагам на факс),лицето ми се исчисти...Прекрасно ми е! Доколку сакате подетални информации,пишете ми,ќе ми претставува задоволство да ви одговорам ,а уште поголемо задоволсто би ми било доколку и вие донесете одлука да се чувствувате како мене,бидејќи би било голема штета да не пробате нешо,кога знаете дека има милиони задоволни луѓе ширум светов ... Позз
а како можам да не се здебелам од хербалајфот ? бидејќи јас го купив а се плашам да не има спротивни ефекти...
имаш програма за исхрана ? бидејќи ако имаш,се што треба да направиш е истата да ја следиш ,да не прескокнуваш оброци и да пиеш мноооогу вода )
Здраво.Може ли да ми кажеш како успеа 15 килограми за 3 месеци.Како го консумираше хербалајфот.Сабајле и Навечер? после колку часа отккао се пие за доручек хербалајфот може да се јаде ручекот? и истотака после колку часа треба да се пие шејкот за вечера откако сме ручале? Поздрав
Beatriche19 имаш ли програма за исхрана,од каде го набави шејкот воопшто ? Беше на мерење во Хербалајф ?
Greska si napravila ogromna...ne se poracuva taka,prvo ides na merenhe,ti pravat programa na ishrana,ti go davaat sejkot,plus I sekogas treba da t se javuvaat da te prasaat kako napreduvas...
И јас истото и го кажав и нејзе и на сите. Значи вака, еве ти знаеш што значи Хербалајф и колку ние вложуваме за да научиме, немојте да го нарачувате без претходни консултации, не е дека нема да ослабете, далеку од тоа, но во случај на контраефект немојте да го обвинувате шејкот, туку оној кој ви го продал. Ги има еден куп такви кои само го продаваат и не се грижат за своите конзументи, јас секојдневно читам за хербалајф и се трудам да научам иако не сум многу активна во клубот, сакам на оние кои ќе им го продадам шејкот да им пренесам точни информации. Беатриче 19, наредниот пат кога ќе го нарачаш замоли ја другарката да ти даде контакт од твојот дистрибутер, а сега труди се да јадеш на секои 3-4 часа, еден оброк обавезно да ти биде овошје, да избегнуваш мрсни и пржени продукти, да избегнуваш тешка храна и да пиеш многу вода, на секои 25 кг телесна маса по еден литар вода, плус на секое испиено кафе или алкохолен пијалок плус уште една чаша вода.
Уште си седат шејковине у кујна. Ич незнам да ги пијам да не ги пијам, да ја држам на Ирена диетата да ги комбинирам.. Уф значи мука ми е више! ај ќе си прашам и у темата соодветна ама ако имате некој совет да ги пијам или не..слободно.
Па мислам и дека не е до толку „огромна“ грешка ако го земала без претходно да оди на мерење. Секако може да го направи тоа и дополнително, а и да не оди на мерење, основите се тие, ги има тука низ темава, не се некоја строга тајна, и нема ни зошто да бидат. Башка пишува и на кутијата како се конзумира, во зависност од тоа дали сакаш да ослабеш или одржуваш линија. Бубица, мислам дека не би требало да комбинираш, реши се за една варијанта, и терај ја таа.
Немој да комбинираш, мислам не сум некој експерт за диетата на Ирена, ама мислам дека самиот шејк препорачува здрава исхрана па немаш потреба од дополнителна диета. Не го оставај шејкот во кујна, немаш никаква недоумица, и да го започнеш можеш секогаш да го прекинеш и да продолжиш со диета, обиди се, нема да имаш штета. Мој совет ти е, прашај си го дистрибутерот дали тој режим и шејкот се поклопуваат, ако тој/таа даде зелено светло слободно започни го Секако дека не е огромна грешка, фала богу, но самото конзумирање на шејкот со неправилен начин на исхрана може да доведе до проблем, односно до контраефекти, наместо слабеење да се случи токму спротивното и непосакуваното. Ние не сме некои биолози тешки, технолози, експерти за исхрана, фала богу тоа што сме го научиле сме си го платиле поштено, одиме на некои семинари но искрено ако седнеш дома и разлисташ на нет ќе сфатиш дека и беспари ќе си го добиеш сето тоа. Јас искрено се приклучив на ХЛ од личен проблем, сакав и сакам да ослабам, како што во другата тема напишав, Дебелината е болест на сиромаштијата, здравата исхрана не е воопшто ефтина, мене дневно сосе шејкот ми одеа по 300-400 денари за храна, сфатив дека не можам баш до толку да се опуштам и направив некои скратувања, ослабев, но не онолку колку што реално можам да ослабам. Ќе бидам искрена, не е дека сум дистрибутер на ХЛ, навистина е скап овој начин на живот, но за потребни резултати мора да се направат и поголеми вложувања, како овој. Искрео бев во двоумења дали да ја започнам УН диетата или шејкот, не ми е мака што го започнав, многу други прблеми ги средив со шејкот, коса, нокти, кожа....нема да престанам да го конзмирам, само да пројде оваа финансиска криза и пак ќе се свртам на тој режим.
AngelOfArh,ако навистина си одела на сите семинари на Хербалајф и си следела што зборуваат на нив,ќе си сфатела до сега што од тоа е најважно , а тоа е ,,парите не се пречка за некој да конзумира Хербалајф,, ... Ако си дистрибутер ,тогаш би требало да имаш 25% попуст на секој производ..а и во шејкот имаш 40 оброци,а тоа е околу 65 денари по оброк ) Што е поевтино од бурек и јогурт...Размисли и само напред,не се обесхрабрувај заради парите,јас користам буквално се од Хербалајф ) Со среќа !
Јас го пијам шејкот и некако ептен ми се има згадено...Башка и лошо ми е некогаш од него. За слабеење не ослабев ни едно грамче...Што знам-не сум задоволна
Da,jasno bi mi bilo ako nemas programa ili imas a ne ja sledis...samo tie dve se logicno objasnuvanje na toa so ne s oslabela..ims inu 6vkusa sek,moze treba da smenis vkus...i ako nemas,obavezno da si poaras programa I zapamti:mnoooogu voda I obroci (proteinski) na sekoi 3h,toa e formulata za uspeh srekno!
Тоа ми е мене целиот проблем да не си напраам некоја беља така на своја рака..а пошто гледам сите сте ми советувале со дистрибутерот да се консултирам да ви кажам дека дистрибутер НЕМАМ, ги купи мајка ми шејковиве од нкоја девојка што беше дистрибутерка ама више не се бавела со тоа и нема како да земам од нејзе ни режим ни ништо. Прашав еден друг дечко исто што е дистрибутер он па ми рече нема некоја филозофија да го пијам место доручек и вечера и да јадам ручек без леб. Тоа ми е инфото за сега
Ne mi e jasno kako kupuvate sejkovi tuku taka I bez merenje baska ..treba da imas 5 obroci dnevno,sejk nautri,uzina ,rucek domasen ,uzina Isejk za vecera pak..
Драга кога од една плата треба да платиш кирија, сметки, храна и да тргнеш некој денар на страна за одмор итекако парите се пречка. Јас убаво ја имам разберено политиката на Хербалајф, јас всушност и не одам на семинари да научам како се заработува, туку да научам како да ослабам здраво и потоа да не ги вратам килограмите, јас немам едноставно толку време да барам конзументи и да заработувам средства продавајќи шејкови и слично. Јас користам доста производи, што од козметиката, што од исхраната, ама искрено, скапо е да си допуштиш. Не знам дали сама ги купуваш производите од сопствени средства или некој ти дава пари за тоа, ама навистина чинат многу за еден просечен буџет на млад човек кој сам си ги заработува сите пари и сам треба да си ги распореди за трошење
Ова кажаново нема врска го пиев и јас еднаш и се откажав за тоа што е скапо за наш стандард а ако решиш да го пиеш треба да ти стане начин на живот, значи да го пиеш цел живот. По таа програма што ти ја даваат со него, ти треба плус овоше зеленчук за ужина ова она, освен шејкот плус купуваш млеко, јогурт зависи како го јадеш бидејќи не сркаш од шејкот значи таа математика од 65 ден. не е точна. Пример за добар оброк кој не чини 65 ден е јогурт со овес на пример и плус имаш и за овошје .
Абе види, дека се слабее, се слабее, јас сум ти чист пример, и многу други придобивки имаш од него, како што е чист тен, цврсти нокти, чиста кожа и слично, но дека е скапо, скапо е. Еве јас зимам плата од која треба да платам сметки и кирија на прво место, средства основни за хигиена, основна храна за месецот и некое задоволство плус, да го пополнам буџетот за одмор.....300 евра не да не ми стигаат, затоа правам калкулации, ако земам шејк, нема да си купам патики, ако купам сандали нема да купам чај и слично, не е ефтино, а дека држи ситост повеќе од било кој друг оброк за појадок, држи, дека имаш енергија, имаш, дека има само убави придобивки од него, има, единствена мана му е што е малку прескап за наш стандард
Сама ги купувам производите,кој би ти дал бесплатен шејк ) Не знам,ама мене дефинитивно многу ми помогна...и шејкот,и фиберот,и чоколатцата...Хербалајф треба да се живее,тоа е.. А јогурт со овес дефинитивно не дАВА некоја голема ситост,али ок,кој како сака,така си се исхранува... Поздрав !