Вие, дистрибутерите сте интересни луѓе. Имам прилика да познавам еден таков, не продава Хербалајф, туку други производи, девојката живее од тоа, месечно заработува и до 30 илјади денари, ама е жива напаст . Роднина ми е, значи ептен блиска особа, и толку се има соживеано со тоа, што буквално ме напнуваше и мене со нејзините производи. Во ред, јас знам дека се добри, ама немојте бре толку, ако некој сака да купи, ќе купи. Толку муабети на крај даваат контра ефект. Ете родата моја се обидувам да ја одбегнувам како знам и умеам . Не се трпи. А и ги сакам производите, ама од нејзе и тие ми одмилеа. Па така и вие со шејкот. За него има и на интернет, сите добро се запознаени од неговите придобивки, и знаеме дека е здрав, ама е скап. И тоа многу. Секој сака да не се мачи, да си го купи и да не држе диети, ама нема секој 2.600 денари да дава на секои 20 дена. А и со тие пари, а ако не се и помалку, ќе си купи ваучер за кавитациите и сл. во салоните. Два пати да купеш од шејкот, тоа се 5.200 денари, а со тие пари ќе си појдеш во салон. Јас да сум во Скопје, ич не му ја мислам, ама кај мене нема такви работи и ќе морам да соберам некоја пара за шејкот. Туку еве ви еден совет, предложете да се намали цената на производот. Јас верувам дека тогаш ќе има повеќе побарување, а тоа ви оди во прилог. Вака е прескапо. И немојте толку да напнувате.
Да,за тие пари ке идеш на третмани,ама што праиме после со виснатата кожа и враќањето на килограмите одма после третманите а? Никој не мисли на тоа,мислите само како краткорочно да ослабете..А цената на шејкот нема да може да се намали под 1800 и тоа со сила,зашто милион даноци се плаќаат за производите да стигнат до тука,не е тоа плукни па залепи..Затоа е шејкот толку скап...И јас никого не напнувам,а за твојата роднина не знам,може треба неа да ја советуваш
Мене ова искрено ми е МИЖИ ДА ТЕ МАМАМ. Едни другарки одеа на тие нивни презентации и им велеле дека се ослабнува од шејкот, ама со паралелно вежбање. Епа и да не пиеш шејк, туку место него да внесуваш помалце храна во одреден дел од денот, а и да вежбаш паралелно, пак ќе ослабнеш.
Epa ne znam sto ti kazale drugarkite,ama znam od licno moe I od isustvata na drugite sto gi gledam,deka nema potreba da vezbas,vezbas ako sakas,a ne zqsto moras,se slabee I bez vezbanje [mod-kirilica:2nuotp1a][/mod-kirilica:2nuotp1a]
Еден од аргументите ви е - порано имало здрава храна, денес се е со адитиви, бои, конзерванси, емулгатори, пестициди, генетски инженеринг - здрав излез од кафезот на вештачката храна--> Прашок, пардон, Шејк. Ова е бре луге Американска фирма, земја во која е легален генетскиот инженеринг и дури и органската храна е прашање колку е органска, па вештачката плескавица со амонијак од Мегдоналдс се трудат да ја неутрализираат со некои си лабораториски витамини, минерали и сл. Кај нас има доста природна и здрава а ефтина храна и за линија и за здравје. Вие дистрибутерите се убедувате дека им помагате на лугето, али у суштина им ги вадите парите од џеб.
Мис хербалајф, сакав да кажам под тоа дали сама купуваш, дали мама и тато плаќаат или самата заработуваш, дали треба претходно да одвоиш за кирија, режија и друга храна освен шејкот или за тоа не се грижиш ти. Искрено ќе бидам, мало невнимание и ете ме назад, со цели 8 килограми вратени, само 5 успеав да задржам додека се свестам, а искрено, многу мал беше периодот, една недела, можеби и помалку, јадење само еднаш на ден, и тоа некоја си таму храна Х, она што останало во фрижидерот, без овошни ужинки и слично. Фактот е, борбата со килограмите е вечна, цел живот ќе се бориме со нив сите ние кои имаме проблем со истите. Не велам дека шејкот е виновен, напротив, јас сум виновна што потклекнав, финансиски, токму поради мојата инвестиција во Хербалајф, јас останав куса со парите и неколку дена јадев лоша храна, тоа се одрази на мене. Три месеци раат, за три дена калимерата се растури. Но не се откажувам, точно е Мис Хербалајф, Хербалајф е начин на живот, ама троа скапичок за мојата месечна плата, до наредното покажување ќе морам да почекам да нарачам шејк.
Мама и татао не плаќаат,сама си плаќам и не можам да разберам како можете сите да се жалите што не сте ослабеле, т.е. што сте ги вратиле килограмите... За да ја задржите тежината постигната со шејкот,НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ЕДНАШ НА ДЕН ! Плус ,треба време за метаболизмот да се прилагоди на новиот начин на исхрана,што е мошне тешко да се постигне со еден испиен шејк..Потребно е многу повеќе време ,зашто ако си имала вишок килограми цел живот,не можеш да очекуваш дека магично ќе исчезнат со еден шејк,многу е нормално да ги вратиш килограмите после пак.. Поздрав
Денеска повторно ја коментирав мојава приказна со Хербалајф, да бидеме искрени, јас не го ОБВИНУВАМ ХЕРБАЛАЈФ, напротив, на сите им потенцирам дека самата зезнав работа, да се разбереме. Јас многу убаво знам што значи борење со килограмите, многу убаво знам дека тоа што прекинав прерано играше улога во моето враќање на килограмите. Се вратив на режимот, деновиве и на шејкот бидејќи навистина ми помагаше многу, како и таблетите и чајот, и веднаш откако се вратив за недела дена изгубив килограм ипол, што секако е резултат на шејкот, мојот организам овој пат полесно започна да губи, за рзлика од порано, кога мораше да поминат и цели месеци додека започнам да губам. Сеуште си ги практикувам советите од Хербалаф, но дека е скапо, скапо е, не отстапувам од тоа, се надевам дека во иднина нема да правам вакви паузи и дека овој пат борбата ќе ја истерам до крај
Драги мои, Ја разгледав темата од личен интерес за ставот на жените кон овие производи. Моментално работам на проект за здрав живот, помеѓу кои една од темите е користење на разни додаоци во исхраната, заменски оброци и слично. Дојдов до заклучок дека од многу мудрување и „навистина здрава„ храна во Македонија, 1/3 од населението има покачена телесна маса, а 25% од нив се патолошки дебели. Децата во Македонија се втори по денелина во Европа (застрашувачки податок), а пред неколку дена на ТВ кажаа дека заклучно со 30.09.2012 година од срцев удар починале повеќе од 13 000 луѓе. Од се што успеав да пронајдам на интернет за овие производи најдов 90% позитивни коментари и препораки. Во Агенција за храна, кажуваат дека овие производи дефинитивно се врвот од се што е влезено во нашата земја. Заинтересирана од позитивните наоди за овие производи почнав да користам неколку од нивната палета и можам само да кажам дека сум апсолутно задоволна. Моето семејство почнаа исто така да користат и резултатите во подобрување на здравјето се фантастични.
Имам зимано Хербалајф и искрено бев многу задоволна. Јбг, малце скапичко ми доаѓаше ама сега повторно решив да го зимам бидејки на новиот систем на исхрана највеке тој шеик ми одговара. Е сега постои една мала фркичка. Сега за сега имам шеик. НО кога ке снемам ке ми е проблем да си земам бидејки ако добро памтам Хербалајф работи до 16ч. Па ако има овде случајно некој дистрибутер ВЕ МОЛАМ обратете ми се со лична порака.
Мислам дека шејковите се одолични. Предизвикуваат гадење ако се пијат со вода. Затоа пијте ги со јогурт или млеко. За да има ефект на слабеење треба млекото и јогуртот да бидат ладни. Тогаш Ќе постигнете резултати.
Мислам дека порано од една дистрибутерка имам слушнато дека освен шејковите козметиката и чоколадцата Хербалајф имаат и витамини за енергија?Дали некоја од феминкиве е подобро запознаена со нив состојки,ефекти и цена? Имам намалено ниво на хемоглобин во крвта и немам сила да станам од кревет понекогаш,пијам апчиња кои ми се препишани од докторката но некако нема видлив ефект.Секоја зима се соочувам со овој проблем,но сега балансирам работа со факултет и понекогаш немам сила да го избуткам денот..
Баш прееска ми кажуваа за шејковите, братучетка ми почна да ги пие за слабеење, по препорака од другарка и‘ која стварно многу ослабе од шејковите, и бар до сега не ги вратила килограмите. Го пие како замена за доручек, подоцна јаде ручек нормално тоа што има, за вечера зеленчук или овошје јаде. Не вежба братучетка ми, пуста мрза е, не мрда, незнам колку ќе има ефект на неа, зашто другарка и‘ многу се движеше, и одеше на аеробик. Шејковите ги плаќа 1800 ден. за месец-ипол отприлика, она пие со вкус на карамела, а има и со вкус на чоколадо, јагода, колачиња, лешник, и слично. Се меша со немасно млеко, најубаво ладно да е, а може и со јогурт и вода, но водата предизвикува гадење кај некои, така да најубаво млеко. Треба да се пие многу вода, за да се разложува шејкот побрзо во организмот, и да ги претвара мастите во мускули. Ова последново, дека мастите ги претвара во мускули туку така, јас мислам дека не е така едноставно и дека треба со многу физичка активност да се постигне посакуваниот резултат, за да го нема таканаречениот јо-јо ефект.
Многу сум против Хербалајф и слични глупости, ако имате пари за фрлање одете кај нутриционист да ви одреди диета и да се храните со здрава и природна храна. Луѓе кои заработуваат од Хербалајф многу ги форсираат овие производи и очајните луѓе се лажат. Ако имаш режим на исхрана и го испотиш задникот не може никој да ме убеди дека нема ефекти. Проста логика е во прашање како може вештачки шејк да е подобар за твојот организам од мед и цеден природен сок за доручек. Ама јас знам дека тие што ги мрзи да вежбаат се истите што ги мрзи и да купат и да исцедат овошен или зеленчуков сок, тогаш шмркајте од шејковите и мислете му ја дали сите супстанци во тој прав се добри за вашето здравје. Не постои ништо поздраво и посовршено од она што го создала природата.
Ја кога пиев хербалајф се здебелив и од тогаш несакам да слушнам за него, пото дознав дека го пиеле и тие што сакаат да се здебелат. Инаку имам една другарка, ослабе со хербалајф многу, али после неколку месеци кога ја видов беше дупла од тоа што претходно беше.
Ај вака, шејкот не е магично стапче, нема да ве сврте околу вашата оска и да ве преоблече во преубави алишта кои блескаат а вашиот стомак ќе биде ко на Шакира (пред да остане трудна ). Самиот начин на исхрана со Хербалајф претставува начин на живеење, не на исхрана, и треба да си зацрташ ако почнеш нема застанување, едноставно засекогаш го пиеш, а и добро е секое сабајле да не се мислиш што ќе јадеш туку да си знаеш, денес јадам шејк и готово, па ако ти е подлабок џебот и да си купиш неколку врсти и да си ги менуваш според расположение вкусовите уште подобро. Јас пиев 4 месеци некаде и ослабев 14 кила, не бев ептен слаба ама се издржуваше, месец дена пред одмор прекинав и веднаш вратив некои 4 кила, од тогаш, веќе скоро 3 и кусур месеци јас си вратив до грам, а пиев шејк, чај, растителни влакна и мултивитамини. Нажалост не прочитав на кутијата и не се информирав подобро за да не почнувам воопшто, тој не е за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите, после шејкот јас имав тешка голгота со бубрезите. Денес сумна регуларна диета и да ви кажам право не се каам за тие пари што сум ги дала, научив важни работи за мојот организам, како тој се бори со килограмите и слично, ако еден ден имам пари да си го дозволам, сигурно нема да се мачам со броење калории и лигите пред некое вкусно колаче во денот кога не ми е дозволено да јадам колачиња. Но, да бидеме реални, ако јадеме како порано, не смениме некои битни навики во прехраната, нема да ослабеме. Јас сменив многу работи до кои и ден денес се држам, пијам многу вода, се трудам да внесувам овошје, да јадам на помалку саати оддалеченост, да не прескокнувам оброци, да внесувам правилно калории и слично, и секако, мора да се вежба, бидејќи само шејкот како што кажав не е магично стапче. А тоа дека шејкот делува и за слабеење и за дебелеење, тоа е различен начин на исхрана кај едните и другите. Ако сакате да ослабете со овој шејк, спремете се тоа да го направите стварно бргу, за неколку месеци, но да вложите многу енергија во тоа, многу време за себе и секако многу средства, месечно без 4000 денари не сте, и тоа само за шејк, мелко и чај, настрана од додатоци, овошје и зеленчук, мене ме чинеше најмалку 300 евра 3 месеци режим на Хербалајф, за 14 кила кои за исто толку месеци и нешто повеќе ги вратив. Според мене, да продолжев барем уште неколку месеци, до една година и да не се вратев на некои лоши навики кои еве сега пак ги искоренав, немаше да пропадне мојот труд. Но јас често знам да кажам, дебелината е болест на сиромаштијата, да не се сфатиме погрешно, јас во првите месеци во кои ги вратив килограмите, најчесто во фрижидерот имав само јајца и сирење, епа видете вие, за овошје и да не зборувам. Ако се одлучите за овој начин слободно прашајте ме, многумина сум советувала, нема да ми биде тешко да ве советувам и вас, но спремете се за многу работа околу себе.
Јас го имам користено чајот. Се добива многу енергија од него, може да го користиш како замена за кафе бидејки дефинитивно те одржува енергична и свежа цел ден. (самиот чај е мешавина од црн, зелен чај , кофеин и др.) Исто така помага и во редуцирање на масни наслаги.
Точно така AngelOfArh. Хербалајф не е диета ниту препарат за слабеење туку животен стил. Јас веќе една година го користам. Првите 5 месеци за слабеење и ослабев 12 кг, а останатово време го користам само за појадок, но навика ми стана да јадам на секои три часа, да го пијам чајот и да пијам по 3 литри вода и немам ниту еден грам качено. Нема логика да се мисли дека ако се ослаби со било која диета, препарат за слабеење режим на исхрана и слично, а потоа се вратаме на оние старите навики кои сепак не довеле до онаа состојба на почетокот и да очекуваме дека се ќе биде во ред. Шејкот на хербалајф не е ништо друго освен идеално избалансирана многу хранлива нискокалорична храна.
Здраво на сите Се надевам дека ќе ме сфатите најдобронамерно бидејќи баш денес бев на една таква презентација - дегустација на шејковите. Да, ги пробав кукис и малку од тој со чоколадо и можам да кажам дека на вкус се како и секој најобичен милкшејк. Моментот беше кога видов што всушност освен правот (шејкот) ставаа во чашите :geek: значи во чоколадниот ЧОКОЛАДНО МЛЕКО и плус ВИВА СОК од шумско овошје и плус јагоди и нели мњаааамм супер, ама калориите и масленоста... Кукисот беше направен со обично млеко со 2.8 масленост На моето прашање зошто така ги приготвуваат замислете ми рекоа ВАКА ГИ ПРАВИМЕ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА, ПОУБАВ ВКУС ИМААТ, а пред тоа ме напнаа дека требало со млеко со ниска масленост, соино или пак 0.5 или 0.9. Ахх какво перење на мозок значи!!! А планот за исхрана оф офф! Со тоа они што го кажуваат (НА СИТЕ ИСТО, само као демек во различен период, зависно на кој кога му одговара) дека треба по два пати во денот да пиеш шејк, да заменуваш два оброка, ручекот да ти биде нормален и да имаш две мали ужини, кои би се состоеле од едно варено јајце или неколку непечени бадеми и секако околу 3 литри вода, секако дека секој би ослабел и тоа БЕЗ ТАКОВ ПРАВ (шејк)! Нормално е кога ќе се намали количината на храна, а на вода ќе се зголеми па плус и мала физичка активност - успехот е загарантиран! Чаша млеко наутро (дури и со намалена масленост) заедно со една овошка (без разлика дали испасирана во млекото или изедена посебно) е навистина хранливо па и без тој прав би биле сити најмалку два - три часа Тоа со шејкот е перална за пари! Не дозволувајте да наседнете на таква глупост! Можете најобично млеко да си пиете со измешано овошје внатре и ете ви шејк, плус многу помалку калоричен. Целата работа е во нашиот мозок, како ние ќе го програмираме, а не да дозволиме некој таму да ни соли памет па и еден куп пари да ни собере. Нормално е да се ослабне со помалку храна така да топло ви препорачувам да си се запрашате себеси дали ви се фрлаат пари за некој си таму прав што го увезуваат којзнае од каде. Поздрав и секое добро