1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Херман Хесе

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 27 март 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Херман Хесе е роден во Германија и бил поет, новелист, писател и сликар. Добитник е и на Нобелова награда за литература. Во неговите дела преовладува егзистенцијализмот, мистицизмот, психоанализата, будистичката и хинду митологија и др.
    Најпознати дела се Демијан, Степскиот волк, Сидарта, Игра со стаклените перли, Нарцис и Златоуст, Кнулп.
    Како што реков тој се обидува да извлече сознанија за човекот и неговото спознавање преку психоанализата, теологијата, митологијата и др.дисциплини
    Во Демијан е опишана потрагата по себеси и својата смисла на младото момче Емил Синклер, кој е под големо влијание на својот школски другар, кој му станува и своевиден ментор контроверзниот- Макс Демијан. Тука Демијан говори и за богот Абраксас, како хармонична унија на доброто и злото во светот и често го напаѓа хрисијанскиот бог како недоволен. Од ова дело е мислата „Она што го сака природата од човекот стои напишано во поединците„.
    Во Степскиот волк се говори за двојната природа на човекот онаа вишата, која се стреми кон духовното и ниската или анималната природа олицетворена преку степскиот волк. Од оваа книга би го издвоила овој цитат „Повеќето луѓе не сакаат да пливаат пред да научат. Зарем тоа не е шеговито? Се разбира дека не сакаат да пливаат! Родени се за тло, а не за вода. И се разбира, не сакаат да мислат, створени се да зивеат, а не да мислат! Да, оној кој мисли, на кого главно му е да мисли, мозе да стигне далеку, но сепак го заменил тлото со вода и еднаш ќе се удави„.
    Во Нарцис и Златоуст е опишано другарството меѓу талентираниот млад уметник и неговиот учител кој има практичен, рационален разум на мислител и оваа книга е околу спротивностите кои постојат за да би се надополнувале, а не спротивставувале меѓусебно. Како што ќе рече и Хесе се‘ почива на двојство не се постигнува истовремено вдишување и издишување, машкост и зенственост, слобода и поредок, нагон и дух, едното се плаќа со губењето на другото и исто така се посакува како и другото!

    Од многумина осудуван и напаѓан, Хесе е еден и единствен и иако во целост не се согласувам со се‘ што напишал, човеков ги поттикнува дефинитивно нашите вијуги да размислуваме надвор од рамките и за мене е еден од највпечатливите и најдостојни за восхит автори и мислители.

    Какви се вашите впечатоци за неговото творештво?
    И нека ми пише некој за Игра на стаклените перли сеуште не сум ја прочитала, а срам ми е да ви признаам колку очајно сакам, :$ ...
     
    На prominent, kikkki, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Аааа Хесе...
    Демијан ја прочитав во прва година средно и бев воодушевена, иако не ја разбрав како што треба :$
    Подоцна, кога малку повеќе созреав како читател и ја прочитав пак... повторно бев воодушевена.
    Уште го паметам она (ќе парафразирам, не го знам точниот цитат) - Па јас само сакав да го проживеам тоа што само сакаше да избие од мене.
    Книгава е уникатна, нема ни една слична. Генијална.

    Степскиот волк ми е уште поомилена. Х.Х. (иницијалите на главниот протагонист алудираат на самиот автор) е неверојатно добро обработен лик. Роман за еден осаменик... навидум досадно, но не кога тоа е прикажано од перото на Хесе.

    Сидарта e исто така преубава книга. За разлика од другите дела, овде Хесе пишува со лирика во стилот, попривлечна и полесна е за читање. Повторно негова тема е себепронаоѓањето. Иако е малечка, ја пишувал долго време. Причината за тоа е што сакал да го пронајде во себе она што го пишувал, и се повлекол за да ја истражува индиската филозофија.

    Игра на стаклените перли е неговото ремек дело. И јас долго време ја барав и и’ се стрвев на книгава :lol: . На почетокот читав, читав и се претворив во еден голем прашалник. Откако ги преживеав првите сто - двеста страни, не можев да ја оставам. Брилијантна, генијална, и сите други големи зборови би и’ ги припишала. Всушност оваа книга најмногу придонела за неговата Нобелова. Пак сакам да ја читам, зашто еднаш не е доволно.
     
    На Makedonka007, MarigoldA, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Ја имам прочитано само Демијан... како што кажа LivingGlam и јас не ја разбрав од почетокот..ама со мали разработки и таа влезе длабоко во мојата психа.. сакам психолошки дела и за тоа и ова ме воодушеви :)
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кревам два прста за Хесе!

    Демијан, нели , лектира ни беше на повеќето. Таа прва ја прочитав од него и ми остави силен впечаток. Така прочепкав низ дома и видов дека од него имам книги.
    Среќен е оној кој умее да сака, збирка на се што Хесе има напишано за љубовта, поезија, проза, цитати, делови.... Од книгава ги исцрпив сите најубави пораки, и ги научив најубавите мисли за љубовта.
    И Сидартами се допаѓа. Која ја читав беше нешто многу различно од се што претходно сум читала. Брзо се чита, зошто приказната е интересна и не дозволува да ја оставиш. Ако добро знам, книгата е посветена на неговата сопруга.

    Би сакала да ја прочитам и Степскиот волк, ама не сум ја начекала некаде да си ја купам.
    Во наредна прилика ќе ги напишам и моите омилени цитати од Хесе. :)
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Хесе, хмм па можам да се пофалам дека имам прочитано неколку негови дела, кои во никој случај не се за потценување и за кои вреди да се одвои време.
    Но еве јас ќе ја споменам Росхалде тоа последната книга што ја имам прочитано од Хесе. Краток роман е кој брзо се чита. Хесе бил инспириран да го напише од сопствените доживувања, односно несогласувања во бракот па може да се смета како автобиографија. Приказна за животот на еден успешен сликар, неговите несогласувања во бракот, трагедијата која ќе го погоди и сето тоа опишано на еден начин кој во никој случај нема да остави рамнодушни.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Нарцис и Златоуст ми е единствената прочитана од Хесе :) Сакав и Демијан да ја читам, ама мислам дека ја немаше во библиотека, па потоа не сум се сетила да ја побарам. Ама ја ставам на листа дефинитивно.
    Се согласувам со Теодора, дефинитивно поттикнува на размислување.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.207
    Ги имам читано Демијан и Сидарта. Поточно, Демијан ја имам прочитано барем 3 пати, а можеби и повеќе :) Затоа што ми се допаѓаше многу, и затоа што на мојата најдобра другарка животот и го смени, или ај да кажам карактерот :D и нон стоп ја читавме, ја коментиравме ја препрочитувавме....
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Стандардно, Демијан ја имам прочитано.
    Дури два пати.
    Ја преџвакав, ја раскроив, се изгубив, се пронајдов, ја сфатив.
    Со моливче, како првооделенче подвлекував делови и цитати.
    Последниот пасус го знам напамет. Или - го знаев. :P
    Но кога понекогаш ќе најдев клуч и ќе слезев сосем во себеси, таму каде што во темното огледало дремат сликите на судбината, тогаш требаше само да се наведнам над црното огледало и да го здогледам својот сопствен лик кој сега личеше целосно на него - на мојот пријател и водач...

    Низ годиниве ми се препелкаат Сидарта, Игра со стаклени монистра, Бањски гостин, Степскиот волк - но никако здраво да ги земам в рака и да почнам. :(

    Освен Среќен е оној кој умее да сака, друга книга немам чепнато после Демијан.
    Башка оваа е некако "покомерцијална" (ако Хесе воопшто има таква книга), многу почувствителна, топла и мека книга.

    Стилот на Хесе е тврд, метален, мрачен, длабок и не ми одговара сосем на мојата природа.
    Го почитувам како автор многу, но не ми е меѓу омилените.
    Му недостасува среќна разиграност и лелеавост која ја сакам кај писателот.
    Многу е комплексен, повеќедимензионален и - не е за секого.
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    и јас ги имам прочитано само овие две. Демијан многу ме промени, ме просветли книгата. :)
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    И конечно ја прочитав „Игра на стаклените монистра„ и уште сум под импресии.
    Искрено на почетокот и премногу се напрегав да навлезам во суштината на самата игра, чиниш утре ќе ја играм и од тоа животот ќе ми зависи, :fubar: . Нејсе, кога подолабавив и се препуштив на приказната бев воодушевена. Станува збор за момче кое ќе успее да дојде до врвната позиција Мајстор на играта со стаклени монистра или Magister Ludi во Касталија, еден вид провинција која е седиште на интелектуалци кои се занимаваат со духовна дејност исклучиво подучувајќи ги науките и уметностите и играјќи ја играта која го обединува ова знаење. Кога Јозеф Кнехт после години ќе почувствува дека начинот на живот во нивниот мал и излолиран свет е склон кон пропаст и дека не ја осознава суштината на другиот свет кој го снабдува со финансии и др. добра, ја отфрла својата дејност и оди да му биде учител на едно младо момче, син на својот пријател од младоста со тоа сметајќи дека повеќе му се оддолжува на светот. Крајот е трагичен тој се дави во езерото пливајќи со момчето кое треба да го подучува.
    Има уште 3 приказни кои се како реинкарнациски приказни за Јозеф Кнехт, во првата тој е Дождотворец кој се саможртвува себеси да го спаси племето од лошите демони во ерата на матријархатот, во втората е испосник кој сака да се откаже од својата дејност и наоѓа мир кај друг испосник и на крај дознава дека ги споиле истите мотиви и во третата е индиски прогонет раџа кој завршува како говедар и го убива својот полубрат поради неговото неверство со жена му и кој на крај го наоѓа својот мир кај еден јогин.
    Низ книгата провејува потрагата по задоволство од својата професија или дејност, незадоволство од избор на погрешната воедно ласкава положба и статус и повторното наоѓање мир дали преку подучување други или прифаќање улога на ученик.
     
    На MarchelineAmaru, green.eyes и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Само што ја завршив Демијан.
    Не знам што да кажам. Не сум сигурна дали ми се допаѓа или не.
    Некако читањето ми беше толку брзо, за да стигнам да ја прочитам за школо што не ја искусив на прав начин. Има многу размислување, работи во кои сакам да се нурнам, за кои немав ни малку време.
    Степскиот волк ми ја фалеше другарка премногу, невидено многу што дури ме напна. Ќе видам во скоро време ако не ми фати око нешто друго да ја прочитам.
     
  12. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Од Хесе ги имам читано „Среќен е тој што умее да сака“ - љубовни мисли поезија, не сум љубител на љубовни дела не ми остави некаков си впечаток, „Сидарта“ - ја читав лани на одмор кога бев :D . „Степскиот волк“ ја почнав, не ја дочитав, немав воља, (речиси никогаш не оставам книга недочитана) ама кај и да е и таа ќе дојде на ред, нема да остане така. А гледам пишувате „Демијан“ ви била лектира, првпат слушам за книгава, веројатно по различна програма работат училиштава :^)
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Еден од моите омилени автори. :)
    Не морам ни да споменувам дека Демијан ја сметам за ремек дело. Ја препрочитував неколку пати. Никогаш не ми здосади, туку со секое наредно читање откривав нешто ново, уште повеќе се пронаоѓав себеси. Има нешто посебно во книгава, дефинитивно...
    Сидарта исто така се вбројува во моите омилени книги, одлична е навистина и на секого би ја препорачала, а последна ја прочитав Степскиот волк, и таа ме воодушеви.
    Генијални се...
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Не можам да се воздржам да не пишам за Хесе... :)

    Во раце ми падна Сидарта и тоа баш во времето пубертетско, кога човек не знае кај тера... од тогаш, ми остана како најомилена книга од која што сум научила премногу, и која ми помогнала во градењето на личноста која што сум денес.

    Се останато што сум читала од него, било само потврда за неговата беспрекорна вредност...
     
    На MarchelineAmaru, LivingGlam и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  15. LadyGaga7

    LadyGaga7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    23
    Демијан - едноставно прекрасна ! :)
    Вреди да се прочита.
     
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Навистина ми се допаѓаат неговите дела. Моментално го читам бестселерот „Среќен е тој што умее да сака“ и сега за сега имам прекрасни впечатоци. ;)
     
  17. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Демијан е една од оние книги кои остануваат, и кои никогаш не можеш да заборавиш дека си ги прочитал. Хесе е одличен автор и психолог. Ликовите секогаш имаат длабочина и често забораваш дека се само на хартија.
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Среќен е оној кој умее да сака ова беше и првата книга што ја прочитав :)
    љубовта ја опишува на многу убав начин прекрасна книга а за другите во план ми се да ги прочитам. :)
     
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Девојки ај ако не ви е тешко пишете ми кратка содржина на Демјан, ве молам итно ми треба, не сум мрза да ја прочитам туку неможам да ја најдам :(
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Досега ништо не сум читала од него,се готвам да ја читам `Степскиот волк`...