1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Херман Хесе

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Theodora, 27 март 2011.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не сум го читала, планирам. Ја имам дома „Нарцис и златоуст“, па ќе ја прочитам некој ден.
     
  2. ewi.swatka

    ewi.swatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Моментално од Хесе ја читам Демијан :) :)
     
  3. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Ми се допаѓа начинот на кој пишува Хесе.
    Нешто што е лошо а те привлекува,така би го претставила делото Демијан.
    Посебен лик ми беше мајката на Макс.И тука всушност е се` убаво претставено.Жена,синоним за женственост но и доза на машки црти од друга страна.:))
     
  4. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Одличен писател :bow:
    Сите негови книги ги имам прочитано.
    Некои од нив и повеќе пати.
    Топло им го препорачувам на сите оние кои го немаат читано.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.386
    Пол:
    Женски
    Нарцис и златоуст има издание на македонски јазик?

    На темава, никогаш не сум мислела дека ќе ми се допаѓа било што од модерна класика, "сериозна" литература, уште помалку романи со длабока психолошка интерпретација на ликови, ама ете... Без размислување ќе го назначам за мој омилен писател.
    При секоја внатрешна криза, оддалечување на реалноста од себе, чувство на изгубена контрола, на секоја духовна турбуленција се навраќам на негова книга и читањето го доживувам како свето писмо. Повторното читање на негова книга е секогаш различно доживување. Голем познавач на човековата природа, религијата, автентичноста... посебното во сечија душа или суштинското во човекот- она што боде очи, како што има споменато во Играта на стаклени монистра. Омилена негова ми е Степски волк.

    Бонус, мои омилени цитати:

    Оној кој вистински бара, кој вистински сака да го најде патот, не може да прифати никакво учење. Но, оној кој го нашол, тој може да го одобрува секое учење, секоја цел, него повеќе ништо не го одделува од илјадните други кои живееле во духот на вечното, во духот на божјото.

    Секое раѓање значи делење од вселената, ограничување, отуѓување од Бога, новонастанување. Проширување на сопствената душа за да може да ја опфати вселената значи враќање, уништување на мачната индивидуализација, израснување во Бога.

    Дали сме на вистинскиот пат? Дали се доближуваме кон сознанието? Дали се доближуваме кон спасот? Или можеби се вртиме во круг, јас и ти, ние кои сакавме да се ослободиме од кружниот тек на животот...

    Ништо на светот не ги преокупираше моите мисли, како тоа мое јас, таа загатка што живеам, што претставувам единка одвоена и разделена од сите други, што сум Сидарта! Тоа што ништо не знам за себе, што за мене Сидарта остана туѓ и непознат, произлегува од една единствена причина: се плашам од самиот себе, непрестано бегав од себе!

    За првпат во мојот живот ја вкусив смртта, и беше горчлива. Затоа што смртта е раѓање, страв од некоја ужасна преродба.

    Длабоко потона во мислите, нуркајќи како низ вода до дното на ова чувство, се дотаму каде што почиваат причините, бидејќи совладувањето на причините е суштина на размислувањето и единствено по тој пат чувствата се претвараа во сознание, не исчезнуваат туку стануваат реални, и почнуваат да го зрачат од себе она што е во нив.
     
    На g8lQQk и poenta им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Омилен автор...
    Еден од ретките творци кој бил сестрано поткован со знаење од повеќе области, теологија, будизам, психоанализа, хинду митологија што на вешт начин успеал да создаде личен, хесовски печат низ делата и да се надмине себеси во исконски дух.
    Спознавајќи го своето его низ животот и уметноста, се обидувал да продре до читателската визија и да го побуди интересот на публиката да се пронајде во светот каде што суштествува и длабоко да проникне во својата душа.
    Добитник е на Нобелова награда за литература во 1946 год. за книгата Игра со стаклени монистра.
    Често се навраќам на неговите дела кога имам потреба да го задлабочам умот во филозофскиот концепт на поимање на битието, природата, суштината на човековото постоење и дејствување. Во тие моменти го откривам непознатото ослободено од стегите на мистеријата со доза на храброст и решителност за пресврт и промени.
    Неговите дела ги доживувам како патоказ кога се наоѓам на животен крстопат.

    „Смелите и карактерни луѓе им се секогаш непријатни на другите“, изјавил германскиот писател Херман Хесе во една прилика.
     
    На eliesaab, g8lQQk, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.