Мајки барав но не најдов тема затоа решив да отворам нова...син ми има 6 години,пред една година се оперираше од препонска кила на левата страна се помина супер,пред некој ден забележав на десната страна на препонот ама подолу од местото кај што имаше на левата страна,како подпотечено малку,го допирав местото и осетив како топче и се поместува при допир...дали е можно да му се појави пак на другата страна и дали некој имал вакво искуство...
Мајки искуство со операција на кила во Систина? Доста доктори од детска хирургија се отидени таму и во мисла сум каде да се оперира малиов... На контрола на Клиника бевме, а во Систина не сум била. Симеонов слушнав дека е таму, па ако има некој од вас искуство со ваква операција таму ако може да ми каже..
Син ми е опериран од Симеонов додека беше на детска хирургија во државна, кога тој имаше 1 год.и 5 месеци. Имаме позитивно искуство со него, не збори многу но за нас е голем стручњак. Јас целата таа работа ја доживеав многу стресно, а син ми уште истата вечер стана на нозе, ниту се сеќаваше на нешто. Условите и на детска хирургија се добри, персоналот е ок. Се на се задоволни излеговме од таму, спиевме само една вечер.
Мојов е опериран пред 3г скоро крипторхизам (на 1г и 5м исто), но кај доктор кој отиде во пензија... Не задржаа навечер, прв го земаа за операција сабајлето, спиевме уште една ноќ и дома, освен вцто што не го биваше се друго океј беше. Сега килата му ја примети Миле Петровски, па ако се оперира таму ке биде ваљда кај него... Но имам другарка која работи таму и она вика не го носи тука, сите добри доктори избегаа... и сега ептен сум во мисла. Ке закажам ако не една контрола кај Симеонов па ке видиме што понатака..
Кога го оперира ме син ми Др. Миле работеше и во државна и во Ремедика, ако е сеуште така можете кај него. Заедно со Симеонов оперираше и Др. Тони, од Кичево е по потекло не се сеќавам на презимето, за него со сигурност знам дека е уште на клиника и тој е ок. Незнам што да ве советувам, тоа е многу рутинска интервенција а не се слагам дека не останале добри доктори. Тука ке ја спомнам и Др. Весна Наунова. Сепак вие си одлучувате, каде и да решите нека помине се во најдобар ред. Поздрав и секое добро.
Бевме на матичен и констатира дека синко има препонска кила, ни кажа дека ќе мора да се оперира и ни кажа да одиме на уролог. Јас неможам да се соземам иако претпоставував дека е тоа во прашање но некако се надевав дека грешам. Несакам да се оперира тука во Охрид, несакам никаде незнам што да правам што е најпаметно, дали Скопје на државно, дали на приватно кој доктор е најдобар да го оперира? Ќе го носам и на уролог термин имаше тек наредна недела как др. Балев, матичниот многу го испофали ама мислам дека тука оперираат со обичен рез, си правам филмови да не дојде до компликации па да треба да го праќаат Скопје, многу се плашам. Како ќе оставам бебе, а да одложувам мо е страв дека ќе се искомплицира. Го запишав и во градинка па периодот ма адаптација плачки, напнатост ми е страв да не се влоши, не сум паметна, незнам што да правам. А како е подобро да се изведе зафатот, со рез или лапароскопски? Се извинувам на конфузниов текст, се надевам некоја да сподели совет и искуство
Мене малиот ми е еднаш опериран со рез, рез веќе нема. На клиника е опериран (од друго + кила, беше со два реза, еден на стомаче, еден на тестис и дупче од дрен на тестис), но тој доктор е во пензија. Сега има само кила на другата страна и јас сум во мисла каде да се оперира... Бевме кај Миле Петровски, тој е малку арогантен, но добар доктор бил. Неколку од скоро се отидени во Систина, па затоа во мисла ми е и таму да одиме... Симеонов разбрав дека е таму, а и тој е добар. Ние после одмор ке одиме, таму средина на Август.. па ке видиме каде, ке се распрашувам уште до тогаш.. Инаку резот како лепен изгледаше, внатрешно шиен, уште први 6м скроз му избледе, сега како да не било никогаш сечено. Не е страшно ни со рез, мене па повеќе анестезија ме плаши, резот не.. Инаку државно 1,2 дена макс сте таму, не е страшна операција, одма ќе биде на нозе. Познавам неколку дечиња што се оперирани од кила, сите се со рез.. мислам и тука во Ск секаде со рез оперираат..
И мене ми е најмногу страв од анестезијата и дека ќе го фати паника додека го успијат како ќе ја поднесе анестезијата и последици од неа, страв ми е и од опоравувањето како ќе го натерам да мирува, колку време после операција трае опоравувањето? Како ќе оставам и бебе ако доаѓаме за Скопје нема кој да ја чува неколку дена. Колку денови се лежи на болница? Дали има болки после операцијата?
Една ноќ ако е се во ред. Инаку пред операцијата им даваат некој сируп, па на операција со насмевка и мафтање ке отиде... даваат нешто за зашеметување, цел се клацкаше и се смешкаше, а беше 18м. Болки може минимални, но стануваат одма се шеткаат, а др ден веќе тебе страв ке ти биде кога ке почне да рипа и скока Од се најтешко е кога ке се разбуди, тогаш од анестезијата се малку нервозни, па ке сфатат дека имаат болка и така едно 2ч ке биде може плачлив и нервозен. Одма чим завршат те носат кај него, за да си покрај него кога ке се разбуди.
Кај нас рекоа може да се одложува и подолго, дека не е опасна сега, ама добро е да се среди. Хирург најдобро ке ви каже, ако е повеќе да не дојде до преплет црева мора што побрзо.
Наредна недела имаме термин, ќе видиме што ќе советува јас би одложила ако не е опасно по здравје барем до пролет да попркне бебе да можам да ја оставам, ама ако мора сега тоа е ќе најдеме чаре. Фала ти
@mariz бевме кај др. Балев на преглед кажа дека е кила во прашање и дека мора операција но не е итно и ни кажа може напролет. Сега ме интересира дали имаш искуство со тие што се како појаси за кила дали ги имате користено, гледам по нет ги користеле па се олеснувале евентуалните тегоби и се намалувал ризик од вклештување?
Искуства со кила на папоче? Нема уште месец на рутинска контрола кога падна пупето педијатар ми кажа дека има кила. Испакнат е. А дополнително се стега од грчеви и плачење. Појас имало да се купи за оваа намена но заборавив да прашам кадр би можела да го најдам,во зегин немаа. И како да не дозволувам напрегање кога има мака со стомачето.
Во Медикус Хелп има, ама не ти треба појас, ќе земеш петденарка, ќе ја дезинфицираш, завиткај ја во стерилна газа и залепи ја со фластер на стомачето, од оние хартиени, тенки фластери користи. Ќе се повлече. Јас така правев со првото, од плачење имаше кила, се повлече до кај третиот месец мислам.