Ne veruvam deka na klinika ostanaa dobri doktori. Nie bevme denes da pobarame mislenje i od dr. Lazar Todorovik vo ReMedika. Vaka ok mi izgledase doktorot. Sega se dvoumime dali Remedika kaj dr.Lazar ili Sistina kaj Simeonov.
Тодоровиќ е и на клиника, и докторот е многу стручен. Не баш пристапен и комуникативен ама добар доктор. Можеби е попристапен на приватно Се останато не е во ред на клиника. Кај Симеонов не сум била, немам искуство со него.
Малиот мој во јули лани правеше операција од препонска кила кај др. Тони Ристески. Супер поминавме, не е воопшто лошо на клиника.
Кои се симптоми на кила ? Малиот се жали на болка во препоните , а нема бидлив оток или топче како што читам од други искуства
Здраво мајки, има ли некоја искуство со кила на преден абдоминален ѕид, во пределот на желудникот и над папочето има. Бевме на клиника ни рекоа дека нема ризик сега за сега да чекаме до 5 години за операција, сега има 2. И да внимаваме да не дојде до вклештување. И да ми препорачате добар доктор, на клиника закажавме кај Миле Петровски го прегледуваше специјализант докторот не ни дојде воопшто...
Дали дознавте која цена е прегледот? И дали некој има понова информација колку чини операцијата во Систина и колку време се чека за операција?
Здтаво мајки малиот треба да се оперира од кила па се мислиме дали државна или систина..да препорачате некој добар доктор од систина.
Државна има добри доктори. Моето се правеше за спуштање на тестис ама во тек на операција виделе дека има кила, од килата се повлекол тестисот горе па така имаше 2 во 1 операција. Се помина во најдобар ред. Опп ја правеше Др Јетмир Зибери.
Моментално сме на детска и син ми го оперираше сабајле Тодоровиќ. Докторот е предобар и престручен, се на се досега задоволна од сите.
Со помин само. Душички. Ќерката требаше да се оперира тогаш но се разболи па одложивме за во четврток. Како помина процедурата, посебно првите часови. Анестезијата како ја поднесе... Мене многу ми е страв и жал од самиот чин, како ги земаат, кога ќе се разбудат како реагираат... Синот се има оперирано со целосна анестезија, но беше поголем и лесно подн се, а оваа е 5 год, мала а сепак разбира.
Првите часови ја преспа анестезијата и после беше супер, стресно е да ама ништо не е страшно. Мојот од сирупот ептен се смири, будењето одма после операцијата беше малку стресно ама кратко траеше. Пиши ми во порака друго што те интересира
Здраво мајки синко се оперираше од кила во понеделникот се беше океј,но денес се жали на болки не може да стане или да седне сам и оди многу полека дали е тоа нормално ни беше кажано дека нема да има никакви болки...
Мајка дај сируп блокмакс или далерон, на мене така ми кажаа ако има болки да дадам сируп. Инаку и моето првите два дена воопшто не стануваше, дури после една недела се пушти убаво нормално да оди.