Мене вчера ми се појави херпес на горнава усна, секако како последица на нервоза. Во годинава ова ми е 3 херпес, аман веќе. Пред тоа долго време немав, можеби некои 5-6 години, а како помала многу често ми се појавуваа, којзнае зошто. Се мачкам со Ацикловир и за неколку дена ми поминува. Ама сега работата е тоа што (не знам точно како да објаснам) и во внатрешнава страна на горнава усна имам нешто како херпес. Во таа длабнатинка помеѓу непцето и усната. Прв пат ми се појавува ова, а ме боли многу. Се намачкав Прополис сега, печеше ли печеше. Кажете што да му ставам за да помине побрзо?
Ми излезе херпес на устата за прв пат! незнам што да правам , треба за 4 дена највеќе да ми исчезне! Ве молам помагајте!
Леле и мене многу херпеси ми излегуваат и многу се нервирам!Помага паста и еден мал крем, заборавив како се вика.
И на мене ми излегуваа многу често и што се не пробав, но решението го најдов во кремот Херпосал. Можете да го најдете во аптеките околу 120 ден. го земав мислам. Со негова помош, херпесот се суши за 2 дена и мислам дека откако го користав мнооогу поретко ми излегуваат херпеси отколку порано.Така да сигурно и спречува а и лечи.
за да не ти излегува херпес кога миеш заби помини ја и устата со четкичката а коа веќе имаш излезено херпес остави паста нека стои на него.
Најверојатно Ацикловир не помага на сите Пред нецела година ми се направи за прв пат, и бидејќи пред тоа појма немав за херпез, а на брат ми често му се прават го прашав што да ставам. Тој има и ацикловир и херпезан. И ми вика, тој да се мачкал со херпезан, јас со ацикловир за д ане ги мешаме. 2 дена се мачкав со ацикловир и устата за 2 дена ми потече ептем, неможев ни во огледало да се видам Отидов на лекар затоа што од ацикловиор немав позитивни ефекти, туку напротив ми потечжкуваше устата. Докторката ме праша шо ставам и кажав дека ацикловир, ќе ме отепаше Вика тоа се става само првиот ден, потоа со херпезна се мачка само. Потоа по 5 дена ми пукна меурчето и одкако пукна устата ја чистев со 3% хидроген, и потоа со хидроциклин се мачкав. Еве исега ми се има напраено ама на горната уста ( минатиот ми беше на долната). Сум слушнала дека и прополис помага, па можеби ќе пробам и со тоа, а иначе си користам херпезан, после лошото искуство со ацикловирот Поздрав
Од лично искуство само Херпесан, барем мене до сега само тоа ми помага, а верувајте мн често ми искачаат
И мене многу често ми излегуваат херпеси,јас користам едно како гелче(незнам како да го наречам) од аптека го купив, се вика HERPESANA GEL многу сум задоволна ти ги суши херпесите!
Од што се добива херпес? Јас досега не сум имала ( пу пу скраја да е) ама вчера бев на заболекар и откако заврши со работата ми рече да ме намачка со некоја маст да не ми излегол херпес оти ми била растегната устата повеќе време. Како ми го рече тоа целата се препотив. Можно ли е од ова да добијам херпес?
Може ств глупаво прашање ама кој дел од медот е прополисот? Имам вакво нешто дома па дали би можела да искористам нешто за против херпес..
Мене во аптека ми кажаа кога ќе почувствувам дека ми се прави херпес (значи додека сеуште не е излезен) да си ставам 70% алкохол со памук или со чепкалка за уши. Послушав и од тогаш ми се нема направено херпес. Исто и за афтите помага ова. Инаку ми помагаа лепенките.
Луѓе сабалјево се приметив имам излезено херпес баш за утре аман веќе! Сега што да правам до утре барем да се намали малку ? Совети ве молам!
за мене најделотворно за херпес ми е една зинци паста, бела, евтина е од аптека, и со години трае а делува многу, не боли херпесот.
Прв пат во моите 26 години ми излезе херпес и стварно не знаев што да правам, пробав со паста за заби со прополис и што уште не и на крај отидов во аптека и ми препорачаа да купам Херпесан...херпесот исчезна за 2 дена
Пастата за заби помага за херпесот! Кога ми кажаа не ми се веруваше дека тоа може да го исчисти херпесот,но кога пробав навистина помага.