Ми испадна херпес и пред 1 недела ми помина, ама овој пат ми беше многу голем и ми траеше 2 недели и многу ми беше срам кога испаѓав и неќна гледам пак ме пецка устава си викам не е можно само што ми помина. И стварно ми испадна херпес пак ама на друго место на устава и само да ви кажам дека денес ми е трети ден и веќе скоро е поминат значи вака уште првата ден кога го сетив херпесот си купив фластер за херпес, и си го ставив вечерта кога си легнав оти не треба преку ден кога ја мрдаш устата. И дента кога се разбудив односно вчера не ми беше излезен туку ептен малце само и цел ден ставав прво ацикловир и врз него херпезан и цело време така, само кога ќе ставам и после по некое време ќе го измијам тоа па пак ќе ставам наново и еве денес ми е исушено. Пробајте вака. Се надевам дека по 2 недели нема пак да ми се појави
Ми се појавува често пред месечниот циклус, постојано на истото место на долната усна. Најмногу ми помага хидроциклин.
Дали можи да добиеш херпес ако се бацваш со лице шо го има вирусот а тогаш кога сте се бацвале да нема херпес на устата?позз
Кога и да ми се појави херпес,ставам Ацикловир и за неколку дена исчезнува.Сум пробувала и со паста,ама мене ми се прави како краста херпсесот,најверојатно зошто многу го суши местото.Исто така ,добро е и Virumerz,ама тоа се мачќа кога ќе се осетат првите симптоми,како пецкање,чешање и сл.
Ми помагаат , ех сеа не ми помагааат нишо аама ај да кажеме ..ацикловир и херперсан.ЕДИНСТВЕНО паста за заби и се суши инаку трае по 1 неделаа.Фала богу ми нема излезено 3 месеци од кога сум со дечкото и тој ми вели па фала богу оти заради мене не ти излегува ништо
Да, лицето што има херпес постојано го носи тој вирус на себе иако не секогаш се гледа.Херпесот се појавува ако ти е намален имунитетот и тогаш излага во полн ефект.
До сега никогаш ми се нема појавено херпес, и како за беља првпат ми се појави и тоа на сред уста. Отеков цела, како патка сум...Ставав маст една еве поминаа 2 недели никако да ми помине и многу ми крвари...Може некој да ми каже нешто во врска со ова?
Прочитај на претхотдните страни имам пишано. Не се сеќавам колку беа ама мислам дека 20 де. така нешто за еден фластер, ама ти пак провери наназад
Го осеќам местото уште пред да ми излезе и си ставам, па не дозволува многу да биде големо и да се прошири. Ефикасно е стварно ептен.
Имам многу голема фобија од херпеси, и стално кога се будам на сабајле веднаш проверувам дали имам херпес оти знае мн често да се јави
Мене ми се појави херпес од внатрешната страна на вилицата ни сама не знам од кај искочи.. не можам ни крема ни ништо да ставам...а како го чепкам со јазикот, ќе го раширам осеќам
Дечки ве молам за совет . Ми се појавија херпеси и тоа 2 @@ Користам хидроциклин ама не ми помагамногу некоја друга маст ако знаете ве молам кажете ја. Фала однапред
Херпесот е вирус и потребни се седум дена за да исчезне. Мастите помагаат во намалување на чешање, печење и слично. Најдобро е да се остави да поминат тие 7 дена и сам да помине, а може да се јави од многу причини: намален имунитет, температура, стерс, прљавштини и слично.