Kрем4е мила, веројатно си тинејџер (а и да не си) па мислам дека ќе ти биде корисно да знаеш дека херпесот е вирус кој нема врска со мувањето, освен ако не си се мувала со некој кој во тој момент имал активен херпес. Херпес вирусот се пренесува на многу начини, ако има и некој друг во твоето семејство веројатно од нив си го добила од користење на заедничка чаша, пешкир и сл. И не мора да значи дека си го добила во скоро време. Тоа е вирус кој не се лечи, односно кога еднаш ќе го добиеш стануваш доживотен носител. Вирусот е секогаш активен, но твојот имунитет во нормални услови е доволно јак за да го држи под контрола. Пробај да се сетиш кога прв пат ти се појавил, тогаш си го добила, па сега при пад на имунитет или стрес ти избива раничка. Повеќето луѓе го добиваат уште како деца, но имунитетот им е јак па им се појавува раничка подоцна во животот и грешно мислат дека тогаш го добиле. Ова ти го кажувам зошто јас кога бев средно имаше едно девојче кое постојано имаше херпес, па сите ја озборуваа дека е лесна девојка и се мува со сите , а таа кутрата си имала проблем. Дури покасно тие што се запишавме на природни науки научивме како се пренесува. Како што ти кажав лек нема, но постои една доста валидна опција, да исечеш на половина едно лукче и да го ставиш на раничката неколку минути, па да измиеш со свеж сок од лимон. Ова ќе го исуши па ќе биде помалку приметливо.
И јас го имам овој проблем, не ми се појавува често еднаш до три пати годишно. Користам маст кој се вика Хидроциклин и ми помага.
Вчера ми се направи херпес, денес станувам од спиење уште еден Го мразам ова чувство.. Вчера купив од аптека еден крем ми рекоја дека бил најефикасен - Ацикловир па незнам сега како ќе дејствува, ако некој има користено од вас Ацикловир кажете ми дали навистина помага
Не го знам искуството од другите, ама јас кога го користев воопшто не ми помогна. И јас не знам што да користам веќе за кога ќе имам херпес
Мојот почитуван Проф. Пановски ( микробиолог ) , има речено за Ацикловир , цитирам : " Ако херес минува без терапија за 7 дена, со Ацикловир ќе помине за една недела "
Јас знам дека Ацикловирот е само да го спречи понатамошното ширење на херпесот, а не да го лекува. Јас кога имав се мачкав со алое вера и ми помина за 3/4 дена.
Ви ја препорачувам маста хидроциклин. Ја користев и многу помага. Херпесот исчезнува за само неколку дена. Евтина е негде 50-60 денари, ја има во аптеките
Исто така помага и вирумерц малечка е и е малку поскапа 175 ден ама навистина помага за 2-3 дена ништо не останува
Јас немам проблеми со херпеси, но мајка ми има и се мачка со Пропобаза - биоадхезивен гел, на база на прополис многу е ефикасен, цената му е 100 ден
На мене одамна не ми се појавил херпес. Се надевам дека уште долго време ќе го нема. Ако еднаш се појави, пак ќе се појавува. Најчесто се појавува заради допир на устата со нечисти раце или заради температура. Сум ставала на херпесот паста за заби, ама не ми помагаше. Спасот беше Ацикловир или Херпесан.
Кога бев помала во секое годишно време освен во лето ми се појавуваше. Најчесто ставав паста за заби и Херпенсан и пиев капки Имунал мислам дека се викаа. Сега ми се нема појавено веќе една година.
Мислам дека беше во шесто кога првпат ми се појави и мора 2/3 пати годишно да ми се појави. Некогаш е срамно да го имаш, како со девојчето од твоето училиште. Најлошо од се е тоа што чеша, а да го доприш боли и никако.. Сепак фала на советот
За сите вие што ви се појавуваат херпеси да знаете дека во врска со нив многу помага Хидроциклинот...Купете си од аптека, некаде 80 денари е и мачкај те го херпесот повеќе пати во денот и за некаде 3-4 дена ќе го снема
Јас еве со Ацикловир се мачкам веќе од вторникот па уште го имам , а со Хидроциклин побрзо исчезнува.
Искрено имав голем херпес (не мн. ама беше голем) купив гроздева маст и ми помина ама го мачкав 4-5 пати во денот и за 3 дена имав резултати (побарај во продавниците или маркетите)
Кога бев мала постојано ми излегуваа херпеси и користев хидроцеклин маст мала тубичка е, и да ви кажам искрено не знам точно колку пари е но е многу ефикасна, го суши херпасот и за неколку дена го нема.