Мене ми помогна следново:сода бикарбона со малку вода за да се направи паста и се нанесува на херпесот, се остава така да стои да се исуши.Можете да пробате, не е скапо не е штетно
имам херпес на устата више 6 дена и му ставав паста и денес почнав viru-merz сега ми е такво закоравено ко рана ама распукано да продолжам со viru-merz или да му ставам нешто друго и што е тоа ? поздрав фалааа однапред
од вчера и јас имам херпес и јас ставам од виру мерз ама на неа пишува да се става во првите два дена само потоа не јас се што не пробав утре од сабајле уште со лук не сум пробала да го мачкам кај мене е опфатенаполовина од горната усна значи цела лева половина страшно е
мене више ми поминува ама такво ми е ко раскрварено ми распука кожата ке видам у аптека нешто крема да ми дадат да ми омекне незнам више што да ставам,башка и цела уста ми е испукана
Херпесан воопшто не помага а и цената му беше висока. (околу 700 ден. една малечка крема) Мене многу ми помага Ацикловир, кога ќе ги почуствувам симптомите пред појавувањето, веднаш ставам од кремот на тоа место и никогаш не ми се појавува херпес. И да се појавил херпесот, кремот веднаш го спречува проширувањето. Лани ми се појави херпес по усните, носот и во близина на очите и само Ацикловир ми помогна.
Мене некни ми се направи како топче на устата, неможам да речам дека е херпец, туку како затворено топче и боли ко че го допрам со забите или ако каснам нешто солено или кисело. Таа ден кога ми се направи устата ми беше многу сува, и колку и да пијав вода никако не ми згаснуваше жедта. Наредното утро бев омалаксана и како здрвено го чувствував телото, мислам дека можеби ми е од внатрешна температура, ама незнам. сакав да ве прашам што ад ставам нешто, пошто сеа откако го подгризнував со забите и без да јадам нешто ме печии. Што да му ставам?
Не верувам дека тоа е херпес, сигурна сум дека е како резултат на нешто друго. Подобро оди си кај дерматолог, тој ќе ти каже што е, не прави ништо сама бидејќи можеш да ја влошиш состојбата или да ти остане белег на лицето.
Само Ацикловир и ништо друго ... меѓутоа помага ако го "фатите" на време. Со Ацикловир ќе го спречите ширењето и со тоа ќе помине многу побрзо. Ацикловирот го спречува вирусот да се активира и да се размножи во моментот и да ги предизвика меурчињата. Ако го намачкате местото кога ќе почуствувате пецкање, и после го повторите мачкањето на неколку часа воопшто нема да се направат меурчиња или многу малку. Инаку со корнење ништо не правите.. ако не и дозволите на кожата да заздрави ќе си го носите недела до две.
никогаш во живот го немав тој херпес!! и етее завчера ми се појави и осетив што е тоа,, катастрофа боли, неубаво изгледа, се осеќаш како да неможеш нормално да јадеш и пиеш, кога ми излезеосетив како топче мало и си ставив паста ама ништо не помогна, е брат ми ми даде ацикловир и си ставам ама исто е боли и пецка :/
Сум немала проблеми со херпес, мнооогу ретко ми излегувале. Ама сега во бременоста, глава не можам да кренам од нив.
Никогаш не ми се појавил,ама па затоа мака мачам со чирови кои ми се појавуваат на чувствителни места,а најчесто на главата
Јас од мала си имам проблеми со херпесите на уста, ама сега помалку ми се појавуваат, среќа. Сум пробала многу креми, порано користев Ацикловир и Херпесан, а сега - Јекогал. Проѕирна маст со убав мирис (со рибино масло е инаку), а што е најважно многу брзо ми поминува херпесот, за 2-3 дена. П.С: Големко е пакувањето и не е скап (бар така паметам).
Јас го барав хидроциклинот во аптеки, го нема. Ми рекоа дека е дефицитарен и дека тешко може да се најде. Дали некој знае во која аптека во Скопје го има?
Моментално имам 3 херпеси на уста ужасно ми е и и реков на мајка ми да ми купи ацикловир ама земала за очи ќе ми помогне?
Здравоо , имам проблем секоја година не во ист месец ми се појавјат херпес ама не на уста туку на лицево . Ми излегуваат меурчиња и мн ме чешат и овој пат е уште поголем . Бев на кожно никојдоктор незнајт да ми кажит од што е само ми даваат некој креми без врска ништо не ми помогвит. Дали на некој од вас му се има десено истово и дали знае од што се прави ?? Поздрав
Земете херпесан гел од аптека и нанесувајте 3 пати на ден.Не знам колку чини.Мајка ми има користено и помага.
Завчера ми излезе херпес.. Го мачкам со ацикловир но нема значително подобрување. Денес го намачкав со ракија, малку спласна. Читам дека лукот помагал, па ќе се обидам ионака немам што да изгубам. Да се надевам дека ќе ми помогне и за брзо ќе ми исчезне, ужасно многу ме нервира