Мене многу често ми се појавува херпес, ама сега си го најдов лекот. На памукче ставам прополис и го ставам на херпесот. Пачи по малку ама брзо ми поминува. За 2 дена го снемува херпесот
Jas stavam ako e nadvoresen herpes pasta za zabi i za 1-2 mi pominuva , a za vnatresen stavam med i isto taka za 1-2 den mi pominuva , no da ve prasam zosto se pojavuvaat herpesite ??? Mene sekoj vtor mesec mi izleguva herpes , ednas duri imas 6 herpesi na dolnata usna :/
вчера се намачкав одма ми се потсмири продолжив и денеска нама баш убав вкус во устата ама ми помогна ти благодарам за советот
Излегуваат поради намален имунитет или стресни ситуации. Земај повеќе Витамин Ц и конзумирај овошје и зеленчук. Позз
Да посетам за ова лекар или знаете од што се појавува ? Дали и на вас ви се има случено ? http://forum.femina.mk/threads/Проблем-со-трнење-на-телото.24774/
За внарешен херпес (афта) најмногу делува чист прополис, спреј Проафтол и метиленско плаво. А пак за надворесен херпес на уста во почетокот на излегување делува виру-мерц и ништо друго. Траењето на херпесот е од 7-14 дена
И јас едно прашање имам во врска со херпесот. Дали може да се појави кај помали деца? Конкретно за ќерка ми прашувам , пред 2 дена приметив како има една многу ситна бубуличка под устата и како да има некоја течност... сега незнам дали е тоа тоа.. има 4,5 години мала е незнам ни што да правам ни што да и ставам. Иако 2 дена ја има не и се шири , стои така каква што е. Јас немам херпес , ниту мм , мајка ми има и знам како е досадно уффф , само ова да не е
@koritsaki Може да се јави кај сите возрасти најчесто ради намелен имунитет се јавува температура,настинка итн. Јас користам Хидроциклин против херпес и многу му помага.
Ако е таков херпес со течност внатре, мене Хидроциклин не ми помага воопшто. Напротив, му прави полошо, се шири и изгледа грозно. Прво треба да го сушам со Ацикловир, Херпесан или слични масти (имаше една во ептен мало тубиче која многу ми помагаше, ама заборавив како се викаше). Кога веќе ќе остане само црвенило - тогаш нанесувам Хидроциклин за побрзо да заздрави кожата.
Сакам да прашам нешто доколку некој знае да ми каже.. Дечко ми има херпес на устата од негова лева страна и јас вчера едноставно заборавив дека има, па го бакнав на устата од негова десна страна но без да си пренесеме плунка.. Дали можи да ми се појави и мене херпес? by the way, до сега никогаш не ми се има појавено