Јас ставам и нивеа обична плус, кога не мачкам ацикловир, многу полесно сам се одлепува така исушениот дел и не крвари.
Додека има гној, треба да се суши, на пример со Ацикловир. Кога ќе стане рана, треба да се влажни, на пример со мелем, маст од невен, масло од кантарион, итн.
Таман мислев се спасив, ми искочи и друг. Од кога знам за мене ми излагале херпеси по уста, ама не знам точно која е причината ни зашто ми се појавуваат а ни вака што се прошируваат... Секад од еден, два некад знаеле и по три...
Иста бев. Една зима јануари/фебруари во рок од 6 недели ми излегоа 7 херпеси, еден таман почнал да поминува, друг веќе излегува. Катастрофа... Откако пред неколку години пиев апчиња Ацикловир, сега многу ретко ми излегуваат, најчесто после голем стрес (пад на имунитет). Исто така и цинк помага. Ама пробај со апчиња Ацикловир, мислам дека се најголем спас на подолгорочно.
Вирусно е и се пренесува. Јас за да не ги пренесувам, ставам фластери за херпес.ем делува локално, ем спречува да пипкам и пренесувам.
Јас уште кога осетив пецкање ставив прополис. И херпесот не се разви на тоа место, ама на другата страна нов излезе, само го преместив. А бев се израдувала дека го нема. Совет од билкарка ми е да ставам лимон и медицинска сода кога ќе почувствуцам пецкање. Нареден пат ќе пробам и тоа па ќе ви кажам.
За колкав временски период избива херпесот? Ми излезе нешто на устата, вака не се познава многу (да не речам воопшто не се гледа) само малку ми е поцрвена устата на тој дел и е посува. Веќе 2 недели го имам и не ми поминува, ниту пак станува полошо, ни пак поизразено. Едноставно стои така. Па незнам дали е херпес или лишај. Само кога се смеам го осеќам како некаква нелагодност. До сега не сум имала херпес па се прашувам да не е во почетна фаза.
Не е херпес, пред да избие херпесот те чеша тој дел и најчесто веќе следниот ден избива на површина. Ќе ти потечеше тој дел до сега да беше херпес.
Херпес да чукнам во дрво многу ретко ми излегува, тоа се сеќавам како дете, кога имав температура или како деца кога јадевме овошје од дрво немиено , ама сега како возрасна најчесто ми пука устата на краевите од мат кармин во зима кога е суво и ладно времето и тоа боли исто како херпес, ми помага само хидроциклин маст и тоа за кратко време ми го снемува. Исто и за херпес е супер го користат моите.
Хидроциклин е за други кожни заболувања никако за херпес. Го имам користено и не ми помогна ни малце. Купете си ацикловир крема околу 90ден е и најмногу помага за херпес
Пред месец дена имав херпес на устата страшен беше едвај ми помина, сеа сабајле видов дека пак излегува и одма у аптека да пробам да спречам, купив некој лепенки и ацикловир , цел ден бев со лепенката па пред саат време ставив маст, стварно се повлекува не знаев дека толку се ефикасни, па ако на некој му излезе да знае како да интервенира.
Случајно влегов у темава па да ви споделам. Ако сакате спас од херпес, не мислам за воопшто да не се појавуваат туку да се спречи да се шири и побрзо да заздрави набавете си Херпегал на Галафарм. Природни состојки и што е најважно не му дозволува на херпесот да се шири. Порано и јас користев ацикловир и херпесан ама од нив ем гроздови се прават ем се "разлигавува" херпесот. Ова тоа не го прави, не е "разлигавен" херпесот и не се шири воопшто.
Да споделам искуство можеби на некој ќе му помогне. Од мала секогаш сум имала проблем со херпес,и не ми се правеа како струпчиња суви туку устата ми отекуваше абнормално,беше лигаво и буквално ништо не помагаше,знаев и со денови да не излегувам од срам.На мајка ми еднаш случајно и текна, дома имавме нешто со алое вера беше како течност,држев на чепкалка за уши одредено време не повеќе од 10 мин,како до тука да било,херпесот се намали двојно повеќе.Сега цел месец осеќам пецкање и клукање на истото место каде што ми се појавува секогаш како да сака да излези на површина,имав како мало топче,така секогаш ми беше пред да ми се појави и деновиве почна поинтензивно,ставав зеолит и тоа знам доста помага,но почнав и да ставам капки од чајно дрво,еве еден ден помина местото се исуши и херпесот не порасна како порано,можеби малце горчат ако дојде до контакт со јазикот но мене многу ми помогнаа,се надевам нема да порасни за некој ден.А за тоа од алое вера не се сеќавам што беше само знам дека од негде се порачуваше. Сакав да споделам можеби на некој ќе му биде од корист.
Чувствувам мало печење на долната уста мислам дека херпес ќе ми излезе.А за 3 дена имам важна прослава па не сакам со херпес да сум.Дали веднаш да земам да пијам Ацикловир таблети за да спречам?
Јас се имам мачкано со кремот ацикловир, така кога ќе осетам дека ќе излегува. Помага воопшто да не излезе секој пат. Веројатно и апчињата би помогнале.