Лепенките не знам дали ги има кај нас Постојано гледам реклама за нив на хрватската телевизија, ама кога сестра ми отиде да праша и кажаа дека нема. А добра работа се. За хроничниот херпес морам да ти кажам дека и исхраната е битна. Ете на дечкоми му излегување нонстоп, кога се нервираше особено... ти препорачувам брокула, варена со лимон. Можеби не ти звучи највкусно,ама помага со сигурност.
Јас редовно имам проблем со херпес. Сум пробала со повеќе нешта, како на пример Херпесан, Виру Мерц, Ацикловир. Најзадоволна сум и гарантирано помага (кога ќе ми излезе сум целата подуена во устата и не можам ни да јадам) само Ацикловир. Ми го препорача лекар и од тогаш само тоа користам. Позз
леле херпесот е страшна работа од ништо не ми поминува имам пробано со Ацикловир првиоте неколку пати ми поминуваше со со тек на време дали се навикнав на него и не ми поминуваше. Последниот пат кога ми излезе во аптелата ми го препорачаа Виру-Мерц дека тој бил најдобар го пробав и само ми го намали отокот но можеби е за ради тоа што херпесот веке ми беше излезен. А многу сакам да и кај нас има такви лепенки како што ги има по Хрватска не за друго колку толку ке го прекриеш и ке можеш да нанесеш кармин или сјај. позз
Јас мислам дека имаш херпес. Лабелото не помага, дури може и повеќе да ти се зголеми отокот. Немој никако да го чепкаш, затоа што остава лузни (јас имам една од пред неколку години). Оди на аптека, ќе ти препорача некоја маст за херпес, или земи некоја од препорачаните на форумов. Со среќа!
Имам слушнато за еден рецепт за херпес кој не сум го пробала, но вреди да се проба, слушнав дека бил многу ефикасен. Земете еден орев и испечете го со се’ лушпата (малку да поцрни, но да не изгори). Потоа скршете го, земете со чист прст од маснотијата која ја испуштил, и намачкајте на херпесот. Јас ќе пробам со наредниот херпес, ако некој проба порано, нека пише.
И јас редовно имам проблеми со херпесот. Кој еднаш си го добил, со здравје нека си го носи... :/ Значи како медицинско лице можам да кажам дека херпесот е вирус (наследен) и на сите нас што ни се појавува, сме носители на истиот. Херпесот најчесто се јавува на усните, без разлика горна или долна.. А јас еднаш го имав и на образот ОГРОМЕН, СТРАШЕН ! Тој одреден период е во латентна состојба, но може да се активира во било кое време веднаш штом ќе се намали имунитет и при некоја поголема нервоза. Jас лично сум задоволна од Ацикловир, маст. Го мачкам 2-3 дена со Ацикловир и откако ќе заздрави т.е ќе почне да се губи и на местото останува мала раничка, го мачкам со Хидроциклин за да не остане лузна. И после како ништо да не било... ..... Се до следниот пад на имунитетот
Како прво, херпесот не е паразит, тоа е вирус, кој доживотно ќе го носиш, штом веќе еднаш си се заразил. И се пренесува преку бакнеж - така најлесно може да добиеш херпес. А тие лепенките германски се) - лично не сум ги користела, ама неколкумина од свое искуство ми кажале дека воопшто немаат ефект. Па така, кога ќе се појави, Ацикловир, Виру Мерц или некои од средствата кои можат да се најдат кај нас во аптекиве. Има едно многу ефикасно средство, Blistex се вика, ама кај нас го нема... го суши херпесот уште пред да се појави целосно, и стои само како црвена точка, без болка, пецкање и чешање. Ова од искуство, ја имам таа маст дома. И јас бев скептична на почеток, ама се уверив дека може да биде навистина ефикасно. Па ако имате некој преку барата - побарајте го тоа средство, ќе ви се најде!
Јас ти препорачувам чај од камилица...едноставно и лесно....само свари чај од камилица....стави го во филџан и со памук натопи и стави го на херспесот...на мене навистина ми помага тоа бидејки секогаш имам херпес на устата....ауууу мизерија оваа со херпесот...позз
ClearSkin gel- от за сушење на мозолчиња....Имам дома и ацикловир, и херпесан, и нистатин и ништо... Само што ставив од гелов мислам дека веднаш ми го исуши. Многу пече (многу повеќе од херпесанот) но утрото ќе се разбудите со исушен херпес и останата само коричка... Сега го мачкам со Forever Living лабелото од Алое па верувам дека до уре ќе го нема... Е тек потоа ќе мачкам ацикловир, за да се рехабилитира местенцето
vitamin c sumeca tableta ili obicno apce navesi go namokreno na herpesot i gotova rabota [mod-kirilica:3khos1po][/mod-kirilica:3khos1po]
Охооо не се добројуваат херпесите што ми искачаат,ова лето пу пу да не се урочам прв пат а да не ми излезе ниеден и тоа сум се чудела,ама еве ко што заладува времево,пак се појавуваат. Херпесанот од старт го имам отфрлено,пошто ич не ми помогна,цел живот користам Ацикловир,најефикасен се покажал,а во последно време ставам и Виру мерц и тоа е исто ефикасно,ма да имам јас на мене приметено дека кога веќе ми е излезен херпесот,Ацикловирот е решение,го суши брзо,а кога осеќам дека ми искача,кога ме чеша,ставам Виру мерц и одма се повлекува,не избива.
Херпесот е вирус. Не се лечи целосно, само се смирува. Значи од кога ќе настане примарна инфекција тој потоа со Херпесан, Ацикловир само се смирува и ништо повеќе. Значи кога веќе сте инфицирани на секој поголем стрес, моментално намалување на имунитет, настинка, грип тој пак се активира. Секој мал дисбаланс во телото може да направи негова реактивација. Сепак ако се делува на време, во стадиум кога почнува да излегува, чешкање, пецкање може веднаш да почните да ставате Ацикловир (како најдобар се смета од сите останати виростатици) како и орална примена на антиоксиданси (ц витамин е еден од најдобрите антиоксиданси), Е витамин и сите останати витамински препарати кои го зајакнуваат имунитетот.
Херпесот е вирус и не исчезнува комплетно. Јас го лечам со Херпесан и за неколку до недела дена и после ми го нема.
Леле и јас си го имам овој проблем со херпесите.Но ,најчесто кака ќе осетам дека ќе се појави си ја мачкам устата со мед и оставам да стои.Многу пати ми има поминато
и јас многу мака со херпес на устата си имам одма ми се создрава на зима најпоке овие ги користам како лепенки се ставаат на херпесот одозгора ем го кријат како невидлив го прат ем дејствуват нанего ги има по аптеко Компид педс Compeed Pads се викааат
Еурофарм Битола. И во зегин ги има мислам ..јас имам другарка аптекарка ми вика не се трошеле многу затоа немало во сите аптеки .Јас прв пат ги зедов во германија кога бев таму ги платив 15 евра а овдека беа 400 денари .....ама многу поможваат уште кога ке почни да чеша стави му од нив и нема да се воспали толку Поздрав