Аххх многу ме нервира оваа грозна појава Херпес на устата ми се немаше појавено никогаш во животот се до 20 години. Прв пат ми се појави после операција и ми рекоа дека тоа ми е од повишена температура и од намален имунитет. Сега после 2 години од тогаш пак ми се појавува херпес........ги прочитав сите мислења и многу ми е тешко да се помирам со фактот дека не се лечи Дали со редовно примање и внесување на витамини во организмот може да се спречи неговото појавување ??
Колку толку, може. При намалување на имунитетот, настинки, инфекции и преголеми нервози се јавува. Значи, зајакнување на имунитетот и избегнување на стресови го спречува појавувањето на херпесот на устата.
Моментално си имам на устата еден личен херпес во почетна фаза, а до него дава знаци на живот уште еден! И ме пецка,ме боли а знам дека утре ќе имам уште поголема мака! Во зима поретко ми излегува херпес, но овојпат ми се појави и сама не знам од што! Инаку најчесто ми се појавува херпес откако ќе се вратам од одмор, од претерано изложување на сонце, голема температура и шлааап личен херпес на муцето! И никогаш не поминувам со еден туку најчесто 3/4 огромни херпеси кои ненормално болат и за кои се уште не сум го пронашла најбрзиот начин на лечење! Ги имам користено Ацикловир, Херпесан, Антихерпес гел (Докторс),но сега купив нов гел само сакам да прашам дали некој има искуство со истиот! Го има некој користено овој гел? Ми го препорачаа како средство кое се користи во почетната фаза од појавувањето на херпесот! И има некој друг начин да се заштитам од херпеси пошто стварно ми се проблем и брзо ми се множат
мина јас ќе ти препорачам да користиш Прополис! органски,здрав и за 2 до 3 дена го снемува херпесот...добар е и за мали ранички
Го имам користено, помага ако го осетиш навреме херпесот, но ако е веќе излезен му нема спас. Треба да се втрива во местото, не само да се мачка површински. Исто, веднаш штом ќе осетиш пецкање пред херпес добро е да држиш мраз на местото.
За херпес само ѓумбир! Пред некое време ми се појави херпес во неговата почетна фаза, односно кога се формира бубулица, а мене кога ми избива херпес цела уста ми ја зафаќа и така случајно почнав тој ден да јадам ѓумбир и за два дена ми се повлече.
Мене секогаш зимно време ми искача Нема нешто со што не сум се мачкала и после некое време ја открив тајната ---> Прополис
Jас го имам користено и само ми го намали отокот можеби бидејки почнав да го ставам откако ми излезе херпесот а ако се става кога ке го осетиш дека излегува сигурно ќе има поголем ефект
Ве молам за помош, пред некое време имав херпес на носот како да кажам од страната на ноздрите бидејќи бев настината,поминаа некое време ама уште имам црвенилооо Дали некоја од вас може да ми помогне некако???плс
Хм,па стави многу крема,ако имаш Нивеа,или некоја детска,поблага,и би требало да ти помине црвенилото.Пред да легнеш стави,ама пази одма да не ти се избрише
Фала многу еве вејќе некое време стои,го мачкав со хидроциклин мислејки дека не е до заздравено ама не е до тоа,а не го гибав херпесот пааа.....ке пробам и со павловичева пред спиење,сепак фала
Херпесот е вирус и додека не поминат 7 дена тој нема убаво да заздрави. Има масти и креми кои помагаат во побрзо згаснување, но потоа поголеми се шансите пак да се појави. Почекајте 7 дена и херпесот ке го снема(скоро секој имал херпес, не е срамно да се појавиш со херпес). А за херпеси кај ноздрите што се јавуваат при настинки најубаво е некоја помрска крема како павловичева или бекутан, само да го омекне местото, самиот херпес ќе падне за помалку од 7 дена. Барем мене ми помага . Поздрав
Му нема лек, му нема спас Уф го мразам, се мразам и себеси со херпес. Грда сум целата долна уста ми е со херпес Значи вчера го осетив дека излегува и почнав да го мачкам со ацикловир и му нема спас излезе уф
Леле кога си бев помалаа си го имав овој проблем нон-стоп но сегаа пу-пу не ми е излезел одамнаа,а и несакам,сега ми излегува најчесто кога сум болна а пу-пу и за тоа не сум била одамнаа Инаку кога осеќам дека ми излегува,најчесто на уста,ставам паста за заби и ми помага... а потоа ставам хидроциклин (суналар)
Совршенство ,нареден пат кога ќе го осетиш пецкањето пред да искочи,одма стави паста за заби-ќе видиш нема ни да искочи...или ако ти е веќе излезено ставај паста одма ќе го изгори и засуши, или херпесан околу 100ден е во зегин.....и мене често ми искача,а од ацикловирот мислам уше толку ми се зголемуваше се додека не ја открив пастата
Девојки од ништо не поминува вчера го осетив дека излегува и одма ставив т.е натрупав паста за заби и така си легнав. Денес цел ден го мачкам со херпесан и само отокот само се намали ама не ми поминува. Пред една недела имав и му ставав ацикловир и не помина Ништо му нема спас ќе си се мачам цел живот уф ќе пукнам