Уф, знам како ти е, и јас си ја имам истата мака само што ми помина херпесот од минатата недела, сношти го осетив и другиот, му ставив паста и ништо, не ми помогна туку сакав да те прашам, дали имаш пробано со лукче, да го држиш на херпесот околу 15тина минути?? значи едно лукче пресечено на половинка го ставаш дирекно на херпесот.
Е тоа го немам ама да ти кажам толку што сум очајна се би ставила само да ми помине. Ти имаш пробано? Јас се што слушнам ставам и од ништо не поминува. Неможам да најдам од оние лепенките што ги рекламираат на хрватската сакам и тоа да пробам.
Да имам пробано, ми помогна, само што јас си имам друга мака.. Не можам никако да ја поднесам миризбата од лукот, многу ми се лоши од него, но имам другарка која редовно го користи и нејзе ептен и помага. А, за овие лепенкиве, слушам дека биле ефикасни, но не сум ги пробала. Пробај ова со лукот, се надевам дека ќе ти помогне
Веќе ми е излезен, а нареден пат ако го осетам обавезно ќе пробам. И мене ми пречи мирисот на лук ама ова не се издржува
совршенство еве еден совет од мене зошто не пробаш има една билка која се вика тегавец јас ја имам користено верувај помага за многу работи ние ја имаме во дворот инаку не знам каде се наоѓа така на друго место побарај низ аптеки може има некоја крема а ако е билката уште подобро бидејки има силно дејство и тоа како еве што најдов за неа Спојлер Екстрактот од тегавец е исклучително богат со витамин C, слузави материи, танин, лимонска киселина, гликозоиди, ензими, фитонциди, растителни масла и белковини. Затоа делува противоспалително, антимикробно, антибиотски, емолиентно и епитализирачки. Ја подобрува микроциркулацијата, тонизира и освежува осетлива, уморна, сува и неисхранета кожа, склона кон првутење и напукнување. Третира ситни ранички, поткожни и кожни митесери и акни, гнојни процеси, пеги и флеки. Смирува воспаление, црвенило, чешкање, отоци, егземи и псоријатични промени.
За сите оние кои имаат херпес,да знаат дека доколку еднаш имале, вирусот во секое време можи да се активира,а се појавува кај лица со намален имунитет,при стрес,нервоза и сл...и не се појавува само на усните,туку и на очите,носот,прстите,усната шуплина,внатрешните органи,гениталиите,анусот,сегде! Лековите се земаат уште одма,при првите симптоми за да се спречи понатамошното појавување на херпесот... -ацикловирот ги лекува само почетните фази на херпес -фамцикловирот и валцикловирот ги лекуваат доцнежните фази на херпес и помагаат во спречување на повторна појава на херпес Не смее да се допира местото кое е заразено со овај вирус и потоа некое друго место,бидејки херпесот се пренесува При сексуални односи најдобро е да се користи заштита,бидејки херпесот е еден од најраспространети сексуални болести кој никогаш не се лечи...
Oла чикитас. И јас спаѓам тука во клубот - херпесанки Пишувам со свежо излезен херпес на устата. Што ли не ставав, инатлив, не ми поминува. Кој знае уште нешто, нека каже.. неможам со овој херпес, глупав.
Добредојде во клубот Јас веќе 10 дена мака мачам имав еден и вака така ми заздрави и оп ајде уште еден Уф ќе си пукнам му нема спас
Еве и јас сум со 2 огромни херпеси на горната уста, и тоа едниот ми е баш на средина... Целата уста ми е потечена... На српски форум читав некои лекови, и еве ги применувам... Прво на памукче ставив алкохол, го држев 5 мин, па после премачкав со мед за да не ми испука и искрвари.. После половина саат ставив лед и исто притискав се додека не почна да пецка, и повторно алкохол и на крај ацикловир... Вчера ми излегоа херпесите, денес сабајле кога станав бев ужас... и цел поручек се посветив на нивно лекување... отокот веќе ми е спаднат малку имам уште црвенило...без меурчиња фала Богу... Се надевам до задутре ќе ми помогне, викенд ееее...
Немој да ставаш ништо тоа дека ќе ти помогне за пбрзо да ти исчезне не е вистина,херпесот е вирус и треба време за да исчезне ...дури не поминат 1 до 2 недели нема да исчезне а ако ставаш такви работи може да ти изгори и да ти се знае потемно тоа место од устата,стави му херпесан и остави го сам нека исчезне херпесанот го ублажнува и го отекува местот кај што е херпесот....
Ох и јас денес барав од тие лепенките што ги рекламираат на хрватската телевизија, очајна сум викендов бев премногу болна и ми излегоа два, и тоа немаше да биде толку трагично ако не бев викеднов на свадба кај мојата најдобра другарка Во сите аптеки барав нешто ефикасно па макар било и прескапо, ама ништо не ми понудија Се мачкам со ацикловир, ама цела усна ми ја исуши само херпесот не ..многу се нервирам Инаку не ви препорачувам паста за заби зш ќе си направите лузна, кога ќе заздави малку херпесот мачкајте го само со лабело, мелем, за да се регенерира ткивото побрзо.
Со ацикловирот многу бавно поминуваат херпесите. Мене вчера ми излезе херпес, и ставав ХЕРПЕСАН гел и за неколку сати ми се исуши херпесот!! Оди купи одма ќе ти помине ти гарантирам.
само што осетив пецкање и приметив дека ми излегува малце ми е потечено местото и црвено, зедов лук и триев па сега да видам дали ќе има ефект мразам херпес !
Гледам ги посакувате лепенките од реклами по телевизии. Јас да ви кажам врска си немаат, и ако ги најдете не си трошете парите. пробав со една и се откажав уште прв ден. ОК тоа се залепат и ако сакате да ставите кармин или сјај, се собере сјајот по ивицата од лепенката и изгледа ептен грозно и очигледно. Не стојат колку време пишува дека стојат, како почнат да се сушат почнат да се лупат од надвор а залепени за средина, ве нервираат кога зборувате, па ако пробате да ги тргнете порано со зор одерат пола херпес и го раскрвават. Најдобро си е со крема за таа намена.
женски незнам дали сте пробале, но јас спасот си го најдов..лекот е само црно грозје..ке земете зрно грозје и од сокот ке ставате на херпесот..наједноставно е малку да ја подлупите кората и држете го колку што можете повеке на херпесот..јас порано многу често имав херпес ..сеа само со ке прметам дека ми излегува одма ставам.. а за во зима...си имам неколку зрна грозје во замрзнувачот
Eдинствените ефикасни лекови за херпес! Кога приметувате дека местото на местото пецка, чеша, пред Херпесот тотално да излезе, оваа маст ќе го стопира неговото излегување. Aciklovir Mast Кога Херпесот е веќе излезен, оваа маст ќе помогне за најбрзо време да се засуши и се отстрани од кожата безболно! Herpesan Mast Без разлика во која фаза е Херпесот, оваа маст во форма на стик-че ќе го забрза неговото повлекување за најбрзо можно време! Аloe Vera Lip Gel
Веќе имам пишувано на темата дека ми излегува херпес од претерано изложување на сонце, и тоа не само еден туку 3-4 огормни херпеси наредени еден до друг Грозно! Баш секое лето ми личи на устата ,,синџир од херпеси,, кои страшно многу ме клукат и болат,устата ми потечува цела За некоја недела одам на одмор што значи дека ќе си го претрпам истиот проблем и со мене ќе си ги земам сите можни гелови, масти кои наводно ми го лечат херпесот!Наверојатно ми се појавува од стрес на организмот и од намален имунитет па планирам да не се изложувам многу на сонце и да внесувам повеќе витамини преку исхраната! Но мене ме интересира дали знаете нешто што ќе ми помогнат воопшто да не се појави херпесот! Да не чекам да ме запецка устата па тоа место да го мачкам со гел за да не избие херпесот,оти тие гелови скоро и не ми делуваат! Јас го мачкам местото но херпесот пак ми излегува! Слушнав дека постоеле некакви таблети со чие пиење се спречувала појавата на херпес! Дали некој знае за какви таблети станува збор или да си тркнам до аптека и да прашам? Постои ли друго решение кое ќе ме спаси од грозниот херпес што знам дека ќе ми се појави
И јас имам проблеми со херпеси но овој пат ме утепаа не надворешни туку внатрешни херпеси на долното рило.Не можам да јадам, кафе да пиам буквално ништо. Дај помогнете и кажете некој бабин лек. ФАЛА