И јас ја имам истата маст Херпесан, задоволна сум. Мене херпекс обично ми искача кога нешто не ми било добро, кога сум била болна после тоа.
мене ми излегува почесто зимно време ...ама сега незнам што му текна ми отече огромна устата хаос бев цела огромен ми искочи и пробував и јас со ацикловирот единствено тоа ми помага имав предтоа пробувано со хидроциклин маст и со херпесан и со тоа пасти лимони и 300 чуда .... инаку читав на интернет дека треба да се пијат оние Б-комплекс или Б6 витаминот да се пие за да не излегува херпесот ...сирота јас си пијам и тоа сега (б комплекс) и евтини се во аптека земете си пробајте плус убаво е за кожата да се пие б комплекс
несакам никој да разочарам, ама шо сакаш стави му на херпесот, недела - недела ипол ќе си го носиш вирусот прави раничка на површината на кожата, и како и на секоја рана (која зафаќа релативно помала површина на кажата) толку време и е потребно за да заздрави и кожата да се регенерира секако не велам дека не треба ништо да се премачкува (јас лично користам херпесан), туку немојте да троштите многу пари околу тој проблем, ретко на кого може да му заздрави за пократко време од една недела многу подобро ќе биде да го насочите вниманието кон превенција, барем таму каде што можете да влијаете: СЕКОГАШ УБАВО мијте го овошјето, зеленчикот и рацете, избегнувајте да јадете сончоглед, семки и др слични работи, не позајмувајте балзам за усни или кармин итн. е сега херпесот се јавува и од општо влошување на здравствената слика...
Јас имам ист проблем со херписи, ги имам откако почнав средно пред секој тест јас бев толку вознемирена и секогаш наредниот ден јас имав херпес. го имав скоро секој месец од нервоза стрес пад на имунитетот или јадење не доволно измиена храна.за среќа го немав едно година дена и вчера на спиење ми се појави пак знам кои се симптомите на херпесот но сепак никогас не сим ги почуствувала бидејки мене увек ми искачаат навечер така да кога ке се разбудам јас веке имам еден куп ситни меури кој за саат или два веке се претворени во херпес и тоа доста убав користам секогаш АЦИКЛОВИР , ХЕРПЕСАН и денес ми препорача аптекарката да го мачкам со ЦИНКОВА маст искрено задоволна сум херпесот успеав за еден ден да го спречам ширењето на истиот. Сепак во прашање е падот на имунитетот настанува како резултат на стес нервози или предолго излозување на сонце. за да се спречи мене ми препорачаа мн витамин ц да користам како и Бе 6 бекомплекс витамини многу и секое можно овошје и зеленчук најмалку 3 пати да се имие па да се конзумира исто и со рацете секогас да се мијат на јадење после јадење после посета на тоалет и слично.ЈАДЕТЕ ВАРЕНА СУПА СО МНОГУ БРОКУЛА И ЛИМОН ЈАС ЈАДЕВ ВЧЕРА ИМА ЕФЕКТ . ВАЖНО е дека хигената е важна во секој случај бидејки искачаат на други места по телото пу пу скраја било немам такви до сеа али недај боже искачаат на пенис или вагина. ХЕРПЕСОТ Е ГЕНЕТСКИ НАСЛЕДЕН ДОКОЛКУ НЕКОЈ ГО ИМА ОД ТВОЈАТА ФАМИЛИЈА ВЕРУВАЈ ДЕКА Е ОД ТОА И КЕ ГО ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ. СЛУШНАВ ДЕКА ЛАСЕРСКИ СЕ ОСТРАНУВА ХЕРПЕС ТУКА КАЈ МЕНЕ ВО СКОПЈЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО АМБУЛАНТАТА НО СЕПАК НЕМАМ ПРОБАНО И НЕКАКО СТРАВ МИ Е ДА РИЗИКУВАМ ДА ГО ОСТРАНАМ ТАКА АКО ИМА НЕКОЈ ШТО ОСТРАНИЛ ЛАСЕРСКИ НЕКА ПИШЕ ПОЗДРАВ И СЕКОЕ ДОБРО
УСПЕАВ ОВА ДА ГО НАЈДАМ ОД МЕДИЦИНСКИ АСПЕКТ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ ГО НАДМИНЕМЕ ОВОЈ НАШ ЗАЕДНИЧКИ ПРОБЛЕМ СО ХЕРПЕСИТЕ Што е Херпес? Вирусот на херпес симплекс е сплет на два различни, но сепак цврсто поврзани вируси познати како ХСВ-1 и ХСВ-2. Двата вируси можат да предизвикаат и генитален херпес. По груба проценка, ХСВ-2 предизвикува 90% а ХСВ-1 10% од вкупниот број на генитални херпеси. Вирусот херпес симплекс е линераен двостандарден вирус на ДНК. ХСВ-1 и ХСВ-2 имаат околу 50% идентична структура на генетскиот материјал и двата вируси создаваат речиси исто површински антигени. Тоа укажува на голем степен на заедничко дејство и технички ја оттежнува можноста за разликување на двата вируси. Од друга страна, антителата на ХСВ-1 и ХСВ-2 нудат ист степен на вкрстена заштита. Имунолошката реакција на келиите е поважна отколку поттикнатата при одредување на сериозноста на ХСВ инфекцијата. Лицата заболени од СИДА често имаат хронична и јака реакција во форма на ангогенитален херпес. Гениталниот херпес обично се пренесува преку сексуален контакт. Директната инокулација на вирусот настанува преку контакт со заразен секрет или слузница. Орогениталниот контакт со партнер заболен од херпес лабиалис тип 1 исто така може да резултира во генитален херпес. Асимптоматичното истекување на ХСП е најчестиот начин на пренесување на инфекцијата на генитален херпес. Се проценува дека повеке од половината генитални инфекции на ХСП-2 се асимптоматични. Пренесувањето настанува со близок орален, генитален или анален контакт, мастурбирање, бакнување и било каков друг директен контакт кожа со кожа кое овозможува размена на телесни течности. Дали вирусот на Херпес е заразен? Личноста се смета за заразна при појава на продромални симптоми, отворени рани и подливи во процес на зарастување. Херпесот претставува извор на потенцијална зараза кога нема симптоми. Значи, лицето кое има генитален херпес е секогаш потенцијален носител на активниот вирус. Околу 1 од 6 лица од населението подложно на зараза се смета дека го има вирусот без манифестација на симптомите. Кај некои лица не доаѓа до појава на типични ранички а сепак во себе го носат активниот вирус, било во плунката, секретот на вагината или пенисот, па можат да го носат вирусот без да знаат дека имаат херпес. Можат да се појават подливи длабоко внатре во вагината кадешто не можат да се видат или да се почуствуваат, меѓутоа можат активно да го пренесуваат вирусот. Незаразено лице има 75% веројатност да добие херпес при сексуален контакт со лице кое е активен преносител на вирусот. Оралниот херпес може да се пренесе и на гениталиите и обратно. Симптомите се слични. Самопренесување: Едно лице заразено од херпес може да го рашири вирусот на другите делови од сопственото тело преку допирање на заразеното место и потоа со допирање, чешање или триење на друг дел од телото кој не е заразен со херпес. Посебно треба да се внимава на употреба на крпите за бришење. Image Можно е едно лице да добие генитален херпес доколку е пасивен учесник во орален секс во кој партнерот има орален херпес. Оралниот херпес се пренесува на гениталиите и обратно. Симптомите се слични. Различните локалитети во околината како што се јавните тоалети претставуваат извор на зараза, но не постои доказ дека ова претставува вистински проблем за населението. Експертите прават разлика околу периодот во кој вирусот може да опстане сам по себе. Главната причина за зараза останува интимниот контакт. Лечење на Херпесот и Превенција Не постои третман кој може да го излечи херпесот, меѓутоа антивирусните лекарства можат да го скратат времетраењето и интензитетот на манифестациите во периодот во кој лицето ги зема лекарствата. Секојдневната терапија за спречување на симптоматичниот херпес ноже да ја намали веројатноста за пренесување на херпесот на партнерот. Најсигурниот начин за да се избегне пренесувањето од сексуално преносливите болести, вклучувајки го и гениталниот херпес, е да се апстинира од сексуален контакт или да се одржува долга моногамна врска со партнер кој е проверен и за кој се знае дека нема никакви инфекции. Болестите на гениталните заболувања можат да ги зафатат и машките и женските полови органи кои се заштитени или покриени со кондом, како и оние делови кои не се заштитени. Правилното и редовно користење на кондомите можат даго намалат ризикот од генитален херпес само кога заразеното подрачје е покриено и заштитено. Бидејки кондомот не е во состојба да ги покрие сите делови, дури и правилното и редовно користење на кондомите не претставува ефикасна заштита од гениталниот херпес. Лицата кои се заразени од херпес би требало да апстинираат од сексуални контакти со незаразени партнери кога имаат манифестација со подливи или други симптоми на херпес. Важно е да се знае дека дури и лицето кое нема видливи симптоми може да го зарази својот здрав партнер. Партнерите на заразените лица мора да бидат предупредени дека можат да бидат заразени. Партнерите можат да побараат тестирање за да откријат дали се заразени со ХСП. Крвна слика која покажува присуство на ХСП-2 обично укажува на тоа дека лицето е заразено со генитален херпес. Генитален Херпес Што е генитален херпес? Генитален херпес претставува инфекција предизвикана од вирусот на херпес симплекс или ХСВ. Има два типа на ХСВ, и обата можат да предизвикаат генитален херпес. ХСВ тип 1 најчесто ги напаѓа усните, предизвикувајки ранички познати како гнојници или подливи, меѓутоа исто така може да ги нападне и гениталните органи и да предизвика рани. ХСВ тип 2 е вообичаен причинител на генитален херпес, меѓутоа исто така може да ја нападне и устата. Лицето кое има генитален херпес може многу лесно да ја пренесе инфекцијата на незаразено лице при сексуален контакт. ХСВ 1 и 2 можат да предизвикаат рани (наречени уште и подливи) во и околу вагината, на пенисот, околу аналниот отвор и на задницата и бутините. Повремено, можат да се појават ранички и на другите елови од телото каддешто навлегол вирусот преку некој порозен дел на кожата. ХСВ останува во дадени нервни келии во текот на целиот живот и може повремено да предизвикува инфекции од типот на херпес кај заразените лица. Според Центрите за Контрола и Превенција на Болести во САД, 45 милиони луѓе во Соединетите Држави постари од 12 години, или 1 од 5 адолесценти и возрасни е инфициран со ХСВ. На ниво на целата нација, од доцните 1970ти, бројот на лицата со генитален херпес се зголеми за 30 проценти. Најголем пораст е забележан кај тинејџерите. Инфекцијата од ХСВ-2 е најчеста кај секој трет од најмладата старосна група во која спаѓаат личности од 12 до 39 години. Како се лекува генитален херпес? Иако нема ефикасен лек против гениталниот херпес, здравствениот работник кој сте го консултирале може да Ви препише еден од трите лекови за лечење и за можна превенција од повторно појавување. Ациковир (Зовиракс) Фамцикловир (Фамвир) Валацикловир (Валтрекс) Од неодамна, Управата за Храна и Лекови го одобри Валтрексот за употреба против пренесување на генитален херпес. Во текот на активната манифестација на херпесот, при првото или повторното појавување, мора да се придржувате кон неколку едноставни правила за да го забрзате лекувањето и да спречите ширење на инфекцијата на други делови на телото или на други луѓе. Инфицираното место држете го чисто и суво за да избегнете дополнителни инфекции. Избегнувајте да ги допирате заразените места. Мијте ги рацете по контактот со раните. Привремено апстинирајте од сексуален контакт од првиот пат кога сте почувствувале симптоми до целосно зараснување на раничките, односно откога крастите ќе отпаднат и ќе се формира нова кожа на инфицираното место. Херпес Симплекс Што е Херпес Симплекс? Вирусот на херпес симплекс е сплет на два различни, но сепак цврсто поврзани вируси познати како ХСВ-1 и ХСВ-2. Двата вируси можат да предизвикаат и генитален херпес. По груба проценка, ХСВ-2 предизвикува 90% а ХСВ-1 10% од вкупниотброј на генитални херпеси. Вирусот херпес симплекс е линераен двостандарден вирус на ДНК. ХСВ-1 и ХСВ-2 имаат околу 50% идентична структура на генетскиот материјал и двата вируси генерираат речиси исто површински антигени. Тоа укажува на голем степен на заедничко дејство и технички ја оттежнува можноста за разликување на двата вируси. Од друга страна, антителата на ХСВ-1 и ХСВ-2 нудат ист степен на вкрстена заштита. Имунолошката реакција на келиите е поважна отколку поттикнатата при одредување на сериозноста на ХСВ инфекцијата. Лицата заболени од СИДА често имаат хронична и јака реакција во форма на ангогенитален херпес. Гениталниот херпес обично се пренесува преку сексуален контакт. Директната инокулација на вирусот настанува преку контакт со заразен секрет или слузница. Орогениталниот контакт со партнер заболен од херпес лабиалис тип 1 исто така може да резултира во генитален херпес. Асимптоматичното истекување на ХСП е најчестиот начин на пренесување на инфекцијата на генитален херпес. Се проценува дека повеке од половината генитални инфекции на ХСП-2 се асимптоматични. Пренесувањето настанува со близок орален, генитален или анален контакт, мастурбирање, бакнување и било каков друг директен контакт кожа со кожа кое овозможува размена на телесни течности. Симптоми на Херпес Кои се Симптомите на Херпесот? За жал, многу луѓе кои имаат генитален херпес не го знаат тоа бидејки не чувствуваат никакви симптоми, или не знаат да ги препознаат. Кога има симптоми, можат да бидат различни кај различни лица. Најчесто, кога едно лице е заразено со херпес за првпат, симптомите се манифестираат за 2 до 10 дена. Првичните симптоми обично траат 2 до 3 недели. Раните симптоми на инфекција од генитален херпес се следните Чешање или чувство на печење во гениталното или анално подрачје Болка во нозете, задницата или во гениталното подрачје Сушење на вагината Чувство на притискање во стомакот По неколку дена, се појавуваат ранички на местата кадешто вирусот продрел во организмот, како што се устата, пенисот или вагината. Исто така се појавуваат и внатре во вагината и на грлото на матката кај жената, или во мочниот канал кај двата пола. Најпрво се појавуваат мали, црвени грутчиња, потоа истите стануваат пликови и на крај се трансформираат во отворени и болни рани. По неколку дена, раните стануваат красти и потоа зацелуваат без да остават лузни. Други пропратни симптоми при повторно појавување на генитален херпес можат да бидат треска, главоболка, болка во мускулите, болно или тешко мокрење, сушење на вагината и натечени жлезди во пределот на препоните. Личноста се смета за заразна при појава на продромални симптоми, отворени рани и подливи во процес на зарастување. Херпесот претставува извор на потенцијална зараза кога нема симптоми. Значи, лицето кое има генитален херпес е секогаш потенцијален носител на активниот вирус. Околу 1 од 6 лица од полулацијата подложна на зараза се смета дека го има вирусот без манифестација на симптомите. Кај некои лица не доаѓа до појава на типични ранички а сепак во себе го носат активниот вирус, било во плунката, секретот на вагината или пенисот, па можат да го носат вирусот без да знаат дека имаат херпес. Можат да се појават подливи длабоко внатре во вагината кадешто не можат да се видат или да се почуствуваат, меѓутоа можат активно да го пренесуваат вирусот. Незаразено лице има 75% веројатност да добие херпес при сексуален контакт со лице кое е активен преносител на вирусот. Оралниот херпес може да се пренесе и на гениталиите и обратно. Симптомите се слични. Самопренесување: Едно лице заразено од херпес може да го рашири вирусот на другите делови од сопственото тело преку допирање на заразеното место и потоа со допирање, чешање или триење на друг дел од телото кој не е заразен со херпес. Посебно треба да се внимава на употреба на крпите за бришење. Можно е едно лице да добие генитален херпес доколку е пасивен учесник во орален секс во кој партнерот има орален херпес. Оралниот херпес се пренесува на гениталиите и обратно. Симптомите се слични. Различните локалитети во оклината како што се јавните тоалети претставуваат извор на зараза, но не постои доказ дека ова претставува вистински проблем за популацијата. Експертите прават разлика околу периодот во кој вирусот може да опстане сам по себе. Главната причина за зараза останува интимниот контакт.
тамаче92 јас штом го видов постов твој морав да пишам .... мене еднаш исто не ласерски (т.е може и да е ласер некој тоа ) бев на забар и случајно предтоа ми искочи херпес и кога ме виде забарката одма како ми вика дај да видиш со ова одма ке ти помине.И зема едно како пенкалце со сино топче на врвот и светеше на херпесот и почна да ме пецка и така може пола саат светеше т.е јас го држев тоа и си светев и да видиш утредента одма ми помина ..ми објасни забаркава (ама не се сеќавам точно) дека тоа е некој апарат за сушење на пломбите а и за зараснување на непцето до забот и дека уништувало бактерии таквото зрачење ..но дека случајно приметила дека помага за херпеси многу .....после тоа цела зима немав херпес ...се до пред неколку недели .... ги мрзам херпесиве ......аххх п.с се надевам ти појаснив а и јас сум од ѓорче и би ти рекла да си одиш кај приватна забарка со средена ординација ем забите бомбона ке ти бидат ем плус може ќе има таков апарат пиши лп ако имаш некое прашање
- Алое Вера: познат по својата хидратантна својства важно од гел, смирувачки, лекување, антиинфламаторно, антивирусни и имунолошкиот стимулирање, го забрзува зараснување на рани, изгореници, изгореници, псоријаза, и е корисно против херпес ова го имам испробано препорачано ми беше од моја професорка по биологија и самата се зачудив од дејството на алое вера го гори секундарно херпесот еден лист од алое е доволен не мн голем внатре во листот има една лигава материја со тоа ке го премачкате и ке го видите резултатот веднаш а после тоа мачкав херпесан а откако ми помина херпесот го мачкав недела дена со ацикловир демек да не се појави стварно беше чудо до вчера додека на спиење не ми се појави нов колку ти земаа,најверојатно ласер бил ? знам дека во амбулантата во Ѓорче кај што сум јас виолета мислам се викаше заболекарката имаат ласерско остранување на херпеси али не бев сигурна некако страв ми е да не ми се појави белег или слично од тоа
ништо не ми зема пари веројатно дека ми е матична таа јас се одјавив од кај тие во ѓорче одамна (ми ги упропастија забите си штедеа на пломби ) јас идам во центар (ако сакаш и ти таму пиши ЛП) а баш напротив белег не ми остана од тој херпес обично ми остануваат ама ти викам одма ми помина веќе утредента се собра во мало топче и така суво си падна ...мноогу се радував тогаш ...
Dragi citatelki na femina sakam da vi se obratam dokolku bi mozele da mi pomognete okolu mojot problem. znaci prv pat sozdavam tema i ke ve molam da mi kazete nekoi soveti vo vrska so mojot problem. na ustata mi se pojavi herpes.sekako site znaete sto e toa pa sakam da ve prasam kako mozam da go otstranam probav so labelo, potoa mojata majka mi rece da stavam propolis, pa staviv i krem no nikako ne mi pomozva. sakam da prasam nekoj dali znae nekoj lek koj bi mi pomognal da go otstranam herpesot?? Mnogu Vi blagodaram [mod-kirilica:1v5lf2sy][/mod-kirilica:1v5lf2sy]
Herpes Најубаво ти е да пробаш со прополис,пробувај неколку дена на крај ќе ти се исуши од прополисот и ќе почне да ти се лупи..а инаку ако имаш херпес голема е веројатноста да си нешто настината. И не заборавај да пишуваш на кирилица!
Herpes Има една маст се вика Зовиракс специјална за херпеси( јас од Грција ја купив, тука не знам дали има пробај во аптека прашај)
Јас немам проблеми со херпеси фала му на бога иако имам големи усни но една другарка заедно што учевме има секогаш и таа користи крема од грција ама незнам дали е истата не ми текнува на името