Zovirax за два дена ви гарантирам потполно сушење и исчезнување на херпесот. Само не знам дали оваа маст ја има тука, јас мојата ја набавив од Грција
Можеш да пробаш и со бозгелова маст. Не знам дали ја има во аптеките, јас ја набавувам од една жена. Многу помага за херпес и за било какви рани.
значи вака пред да се појави пликот т.е херпесот кога ќе осетиш дека тоа место ти е подувано ама пред да се формира пликот ставаш еден маст се вика вирумерц. Aко пак имаш херпес ќе ставаш маст херпесан. Mеѓутоа јас кога осеќам дека ќе ми се појави херпес како што пишав погоре дека местото ми е тврдо ставам воирумерс ефикасен а неговата цена е 170 денари за 2 мг. побарај го во сите аптеки бидејќи тој спречува да се појави херпесот и да се формира. поздрав доколку веќе имаш херпес и ставиш вирумерц нема да помогне бидејки тој помага само пред формирање на самиот херпес!
Ацикловир, проверено! Некој спомна херпесан гел, го имам користено и него но тој многу побавно делува и формира како лушпа го штити од надворешни влијанија и е погоден само за кога не си дома бидејќи е проѕирен па не се забележува, додека ацикловирот е како крем ама мене тој повеќе ми помага и за пократко време ми поминува
И јас имам чести проблеми со херпес, ама веќе го научив, а малце осеќам ми се прави топче на уста одма се мачкам со Ацикловир, другиот ден веќе го нема, само нормално ставам поголема количина. А лек за тоа повторно да не се појавува...за жал нема
Дали ви се случило додека имате херпес да ви отечат лимфните жлезди како реакција на организмот, тоа е делот по брадата и мене ми е отечено како топче имам
Инаку точно е дека овој вирус (Herpes simplex) трајно останува во организмот, меѓутоа се јавува некогаш, најчесто во состојби на намален имунитет на организмот од разни причини. Повеќе тука - http://doktori.mk/element/view/4e0f0c1cc20b9/herpes-na-usnite-cest-problem-za-vreme-na-letiot-odmor
Вчера почувствував дека почнува да ми излегува херпес и си направив раствор од прополис и алкохол одма почна да ми поминува значи до сега ова е најефикасно нешто
На мене многу ретко ми излегува херпес,но јас ставам паста за заби или црвен кармин кога сум по дома..А имам и користено еден маст од аптека..незнам како се вика...
Општи прашања Ставив од лабелото на другарка ми,која има херпес. До сега сум немала,има шанса да ми се пренесе ?
Општи прашања Херпесот е вирус што се шири претежно така со допир се шири или преку течноста што се собира во раничката кога ќе се направи. Што значи вирусот се пренел на тебе останува да почекаш дали имунитетот ќе ти одговори добро на тоа и ќе го уништи одма вирусот пред да се манифестира, или нема да успее па ќе ти се појави и тебе херпес.
Општи прашања Напиј се це витамин. На мајка ми кога беше болна цела уста и беше со херпеси, па се напи неколку це витамини наеднаш и многу брзо и се повлекоа. Ако во случај осетиш дека те пецка и дека ти излегува, одма намачкај се со ацикловир и нема да имаш проблем.
Не, нема шанса да ти се пренеси ако досега си немала херпес симплекс вирус. Значи, херпес симплекс вирусот (тип 1) се пренесува во гените на бебето од страна на мајката додека е се уште во стомакот. Ако имала мајка ти - многу е веројатно дека ќе имаш и ти. Значи, немај гајле нема теоретска шанса да ти се пренеси ако досега си немала.
Не сум никогаш имала херпес. Што сум среќна со тоа. Се надевам дека никогаш нема да ми излезе. Многу грозно изгледа.
Мајка ми никогаш во живот не е имаша херпес, а јас и сестрами редовно со страдаме од тој проблем, што немора да значи дека се пренесува од мајката
До пред некое време имав херпес и тоа не само на устата туку и подолу под устата (на муцето) и сега ми помина херпесот но ми остана белег.....голем.Знае некој некоја маст или пак домашен рецепт..ми треба навистина неможам ни со пудра да го покријам...Фала ви
Добро како се добива херпесот? Од она што го имам слушано јас како демек ако се фатиш со валкани раце на дечко ми постојано му излегува херпес на устата, а јас никогаш не сум фатила од него иако знам и да го бакнам кога ќе има а нели како заразен е :geek: Значи ништо не ми е јасно