Се добива при слаб имунитет.Точно е тоа дека се пренесува преку бакнување но немора да значи секој пат Голема среќничка си штом го немаш добиено тоа чудо.
Незнам нана22 што да ти кажам, никогаш до сега не сум имала херпес, ама имам лузна под устата од шиење, еве веќе 5 месеци се мачкам со Контрактубекс, и лузната како позатворена ми е, ама како што велиш ти и јас неможам ни со пудра да ја покријам. За лузната докторката ме зрачеше со една ламба, одев секој ден кај неа и ми кажа дека истата можела и за херпес да се користи. (иако мене ми даде негативни резултати, ми загнои устата, ама моето беше др. бидејќи сеуште имам каменчиња внатре). Ти најдобро оди на доктор и види што ке ти кажат. Позз
Најодвратното нешто што може да постои е тоа херпесот . Кога ќе се потсетам ми доаѓа да повратам колкав имав ама огромен устата ми беше ко силиконска не можете ни да замислите ми беше намален имунитетот имав температура ненормална и се мачкав со ацикловир не знам како го пренесов и дали тој дечкото ми го пренесе сум колнела не знаете колку како и да е пројде но од тогаш па наваму поминаа 5 години да чукнам во дрво се пазам ептен .
пробaј нa белегот(лузнaтa) дa се нaмaчкaш со мaслиново мaсло и кaнтaријa. Мене многу почесто ми се прaвaт и со тоa се мaчкaм пa ми поминувa
јас добив херпес пред 4 дена се разболев и имам температура но сега ме пече како со оган да ми минат низ устата си ставав вазалин па една маст теетхрее ништо и боли мајкоо мила...
Ми излезе и мене херпес и ставив паста за заби но сум ставила и наоколу херпесот и сабајле кога станав местото жар црвено, незнам што да го мачкам.Почнала и да ми се лупи кожата......Што да го мачкам местото за побргу да ми заздрави кожата??.Сега се мачкам со хидроциклин иако незнам дали со тоа треба но бидејки ми беше многу суво местото морав да ставам нешто..Инаку имам дома и ваква маст http://www.krem.gen.tr/images/resimler/ ... erhemi.jpg доколку некој знае точно за што е употребата нека ми каже.
Дарлинг само 30% прополис од аптека. Коа ке зарасне лупи го и одма турај. Ужасно боли ама така побрзо заздравува.
Девојки мене почна да ми испаѓа херпес Што да му ставам,додека не ми испаднал скроз,сега ми е само подуедно местото и малку црвено...сакав паста да му ставам,ама пастата ми е како гел,така да не можам да ставам. Да му ставам ли од тоа Здраве бугарската крема,м?
^Ако имаш ацикловир, ставај одма и тоа повеќе стави, дебел слој. До сабајле ќе се смири и утре ќе го мачкаш по малку и ќе ти помине. Паста немој, паста може да ставиш кога ќе излезе, за да го исуши, вака во почетна фаза кога е, јас еднаш се заебав. Почна да ми излегува на едно место, му ставив паста и сабајлето цела уста ми беше со херпеси (поголем кошмар од ова амин!).
оф,немам никаква маст,освен херпесан,ама имам испробано од тоа не поминува ...сега се мислам дали да му ставам здраве или ништо да не му ставам.
Еве што викаат бугариве Лекове, които не помагат - паста за зъби, крем "Здраве". Лекове, които помагат: Zovirax (най-добрия, независимо, че уж кремовете за Херпес симплекс имат еднакво активно вещество), Fenivir, Acyclovir. Па сеа мачкај херпесан или хидроциклин да не имаш дома. Ова ми го има кажано една колешка средно медицина што заврши, демек 2 аспирина да се напиеш и ќе спадне температурата на устата и ќе си помине, ама лично го немам пробано, па ако ти се наоѓа и тоа при рака...
Ај или ќе се напијам аспирин или со тоа херпесанот ќе се мачкам,уф како се нервирам,мораше сеа пред матурскава на сестра ми да ми испадне
CIA пробај со ракија и евентуално ако имаш пропулис, а ако немаш само со ракија и стави на памукче и држи го. Ова е единствениот лек од кој ми поминува херпесот
Колку пари е тоа ацикловирот? Да си земам после од аптека,додека не ми се влошила ситуацијава на устава.
Многу имамв проблеми со херпеси на уста, немаше месец да помине,а мене да ме одмине. Сега во последно време некако подобро се држам, пу пу пу да не се урочам . Инаку одсекогаш користев хересан, па како така поминуваше, а траеше сигурно едно 3дена , но тоа. За ацикловир имам слушнато од луѓе кои го користеле и многу се задоволни. Само едно знам, има многу луѓе кои ставаат паста за заби на херпесот, што е многу лошо, зошто пастата дополнително го разјадува и само одмага во заздравувањето, а не го суши како што повеќето мислат.
Слава му на Ацикловирот. Да не беше тој ке се бесев до сеа од херпесите пу пу да не се подречам ама одамна сум немала .