Здраво девојки. Имав пишано за тотхема ампули, ги пиев и ми се покачи железото, но сега сум 26та недела и пак ми е паднато и хемоглобинот, ама сега ми рече гинекологот тотхемата немале да ми помогнат, подобро хеферол капсули по две на ден. Некакво искуство со апчињава? Кога, како ги пиете? Се плашам од гадење, повраќање и сл. Инаку, пијам фемибион 2 и магнезиум директ од 300 и утрогестан вагинално навечер. Каде да ги вметнам капсуливе да има размак меѓу сите суплементи? И ме интересираше каков витамин Ц зимате? Дека морам заедно со железото нели. Не знам кој е најдобар да го врзе. Фала ви многу однапред.
Јас ги земав двете одеднаш сабајле само што ќе станам и ми правеа гадење, сега ги земам кога ќе дтанам вит ц па јадам па хеферол, и вака не ми се пријатни баш ама подобро ми е отколку едно по друго кога ги земав. Јас земав вит ц 500 мг таков ми дадоа во аптека.
Зашто не би ти помогнала тотхема? Мене ми го качи хемоглобинот за разлика од хеферолот ми изгубија 2 месеци. Како пиев поише паѓаше и плус желудникот ми го испорасипаа и бев со дијареа цело време. Ама има разлика секако од организам до организам. Јас пиев по 1 на ден со ц вит. Сега тотхемата 3 мес ја пијам 2 на ден со вит ц и има ефект хемоглобинот ми е покачен..
Пола саат пред хеферол се зима ц витамин ,така најдобро се апсорбира железото , исто така гледај саат два да не јадеш млечни производи .
Хеферол пијам 2 на ден, едно сабајле едно навечер. Тоа сабајле го пијам заедно со другите витамини (фемибион, омега, магнезиум), по оброк, а пред оброкот пијам витамин Ц. Е сега пошо веќе имав дома вит.Ц од 1000мг, ги пијам само на сабајле, а навечер хеферолот по вечерата го пијам со вечерната доза магнезиум. А по правило е прво вит Ц од 500мг пред оброк, па после оброкот - хеферолот. За да нема гадење се зема после оброк. Немам тегоби никакви освен црна столица, што е нормално, веќе 2 и пол недели како го пијам.
Извинете што се мешам Не сум веќе трудна ама кога бев пиев по едно апче хеферол на ден. Ги пиев на гладно заедно со ц витамин, 2ч по апчето не јадев јајца и млечни производи. Јас сум задоволна, ги пиев од 24та недела до крај односно 38ма недела, железото од 6 ми се качи на 20, а хемоглобинот не се сеќавам колку беше ама и тој беше супер.
Денес Денес прв пат земав хеферол попладнево, пола саат пред тоа витамин Ц и стварно ништо не осетив за среќа. Од утре ќе почнам по две на ден, сакав да те прашам колку време оставаш меѓу двете хеферол капсули? Дали треба да има 8 часа измеѓу нив или? И дали е ок да пијам два пати пред нив по еден витамин Ц од 500? Исто, фемибионот и магнезиумот ги пиеш одма или некако ти се распределени? Фала ти многу
Ај да си прашам и ова. Последнава недела осеќам болки низ целата карлица, и препони, и срамна коска, вагина, јајници и позади и дури ме боли да одам, одам два на саат. Како тегче да имам закачено, ми тежи цел тој дел некако. Гледам да одмарам повеќе, али и во кревет кога се вртам на друга страна или кога станувам ме боли. Дали сте имале слични болки?
По правило треба вит Ц од 500 пред секоја капсула хеферол, ама јас пошо дома имав од 1000мг пијам само сабајле пред првата капсула хеферол, а навечер го пијам само хеферолот. Не гледам на време зошто секој ден различно станувам и си легнувам, така што и оброците не ми се баш во ист период од денот, ама секако дека треба да има повеќе од 8 часа разлика меѓу едната и другата доза. Останатите витамини заедно ги пијам сите после доручек, без размак.
Тоа баш ми беше прашањето, колку отприлика оставаш меѓу двете дози? 8 часа или 9, 10? Не сакам да ми се слоши
Еј сега видов и тука си пишала. Искрено, не знам зошто сега ми менува со хеферол, кога тотхемата ми беа супер. Мене ми даде по две на ден капсули, ама една и некако, две на ден ми го кинат желудникот, не ги поднесувам. Се јавив да разговарам, ми рече епа пиј ги по една, као демек подобри биле од тотхемата. Не знам што да мислам стварно.
Не знам зошто кај мене кога после 1 мес немаа ефект одма побарав друго ожи ми рече тотхема пиј 2 на ден и за 30 дена одма се покачи :/ ја ич ме ги сакав тие хеферолот баш дека желудникот ме искина
А вит Ц како го пиеш? Јас го голтав една од 500 и тоа ми е ужас исто, многу болки ми прави во желудник. Мислам да го грицкам сеа дека мора да се внесува нели. Ти кој го пиеш и како?
Јас тој на плитвит го пијам 2 на ден одма после тотхемата. Го грицкам не го голтам ама отсекогаш така со грицкање го внесувам не сум приметила болка од него некоја. Тотхемава со малце сок од боровница ја пијам и еве 4ти месец не сум имала проблем до сега