1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хигиена во хотелите

Дискусија во 'Слободно време' започната од kockakockica@, 27 мај 2022.

  1. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Денес прочитав дека феновите за сушење на коса, што се поставени во тоалетите во хотелските соби биле најпрљави и најзаразни, со многу бактерии, оти собарките никогаш не ги пребришувале.
    Навистина не ми текнало и фен да пребришувам, но мислам дека мажми ќе ме прогласи за најголема лудача, похондрија.:D
    Обавезно бришам и дезифинцирам далечински управувачи за телевизор, носам од дома мои навлаки за перница или ставам врз неа мој личен пешкир, пребришувам ормарчиња, комоди пред да ги извадам од куфер и наредам алиштата.
    :)
    Кога би можела и усисивач и џогер би носела од дома(се шалам):D

    Дали има некој друг хипоохондрик ко мене?
     
    На 24.07, Bananki023, Alexandrite и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Гледам насловот сте ми го промениле.
    Во ред, нека биде вака.:)
    Сакам да кажам дека хигиената во македонските хотели е катастрофална, посебно каде што има спа центар, лековита бања и уште ако имаат склучено договор со фондот за да можат пензионери да одат..од леле мајко.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.242
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е гадно кога ќе помислам дека на перницата пред мене спиеле милион луѓе. Исто и за душекот ова.Јас си носам навалака од дома и ја ставам врз нивната навлака.
    Кога идам во хотели со пет ѕвезди не во Македонија немам замерка.
     
    На Alexandrite и kockakockica@ им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.945
    Допаѓања:
    48.151
    Пол:
    Женски
    Да сум газда на хотел и дневница ќе ти исплатам
     
    Последна измена: 28 мај 2022
    На mssuniquee, СуперДевојка, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Хотелите при секое заминување на гостите заменуваат постелнина и пребришуваат купатило и плакари. Си имаат тие средства кои ги користат, повеќе гостинот валка без осет отколку валкан хотел. Од друга страна, секој може да си пребрише ако сака ама реално е непотребно. Освен тоа,во текот на престојот се менува постелнина и се пребришува купатило,се ставаат чисти крпи и се надополнува аксесоарот во тоалетот. Ниту еден хотел не сака поплаки во однос на хигиената.
     
    На kolovoz, СуперДевојка, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Многу сте свилени.

    Влезете со луминол и ќе видите како изгледаат хотелските соби :D
     
    На Lady D ❤️, Angie1432, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.763
    Допаѓања:
    80.238
    Пол:
    Женски
    Ни пребришувам, ни дезинфицирам, ни ставам мои навлаки. Си има вработени кои се грижат за хигиената. Болест не сум добила.
     
    На S.W.A.G, СуперДевојка, FreeToGo и 18 други им се допаѓа ова.
  8. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Не, не, далеку сум од свилена особа, повеќе може да се каже дека сум се изнагледала нечисти соби...не велам дека во сите хотели е исто, таман работа, но и во хотел со 6* далечинските управувачи, кваките од вратите и од фрижидерот, масичката и столчињата на балкон си ги пребришувам со влажни марамчиња за дезинфекција.
    Од сега и понатаму и фенот ќе го бришам.
    Прекривките што им се украсни, врз чаршафите
    е, тие веднаш ги диплам и ги тргам оти знам дека тие не ги перат после секој гостин што им е на престој.
    Во нашите хотели не се чистат длабински душеците, а тие се најгрозни, во нив има траги од сперма, мокрача, пијалок идр...така да имам обичај да го потргнам чаршафот за да видам на што ќе спијам, а да незборам за оние помошни легла за дете...брррр..катастрофа.
    Барам обавезно уште еден чаршав плус, ако не носам од дома.
    Терсенлие женче сум, нели:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.215
    Пол:
    Женски
    Аман бре Вајлд. :rofl: :rofl:

    На темата вакво е моето правило: ако не го гледаш, не постои. Се преправам дека не гледам и дека не ме интересира инаку нема да можам да излезам од дома.
    Хотелите се поарни од јавниот превоз пример.
     
    На JoyJoy, Ahoy, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Sorry to burst your bubble :tmi: :D
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.936
    Допаѓања:
    172.010
    Пол:
    Женски
    Не дезинфицирам. Не пребришвам. Си има вработени за то, и ова ахаххах ова:
    :D

    Сум седела и во полоши и подобри хотели и сепак на крај на ден некогаш си во ситуација кај шо не можиш да пребираш и се шо барам е да има основна хигиена. И до сега имало основна хигиена во хотел, немам седено во некој од калибар Hotel Hell. Ама во таков не мислам дека дезинфекција на далечинско ќе ми поможеше. :rofl: Па до сега ништо не ми се случило, и не мислам дека то ќе се смени во иднина. Ако треба јас да се грижам за пребришвање и чистење во хотел - ќе седам во некој изнајмен апартман место во хотел. Кога можам да си дозволам хотел, го одбирам за да „одморам“ на еден начин.
     
    На JoyJoy, Alm., IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    40.368
    Пол:
    Машки
    Темава е измислена како за видеата на ПППППППППППетер. :D

     
    На anngelique и Alm. им се допаѓа ова.
  13. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    12.505
    Пол:
    Женски
    Јас, јас јааас. :hai:
    Значи мислам дека 360 степени се вртам околу местото каде што престојувам и детално гледам дали е чисто. :D

    До сега каде што сум престојувала во вили и хотели (надвор од Македонија) се било чисто, комфортно, дезинфицирано, се како што треба. Немало потреба да се потресувам за хигиената.
     
    На kockakockica@ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Од еден наш хотел тотално се разочарав.
    Завесите беа валкани, мирисаа на прашина, очигледно оддамна не беа испрани.
    Во собите немаше бањарки и требаше од рецепција да се подигнат за да одиш во спа ...па кога ни дадоа едни флекави партал бањарки, која под мишка отпарана, која на џебовите, а на мажми па и мала, тесна :D...ама немале други..бруки(facepalm)
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.945
    Допаѓања:
    48.151
    Пол:
    Женски
    Ама одиш во хотел да се одмориш, а не и таму да чистиш уште невлезен(facepalm) бар денес со интернетов и со букингот буквално се ти е на тацна, пишуваат посетителите коментари и брутално се искрени во однос на хигиена.
     
    На Ketchup, teressa, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.669
    Допаѓања:
    22.105
    А вие ги лижете кваките и феновите па олку драма што биле нечисти?
     
    На JoyJoy, Lady D ❤️, marija305 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.238
    Јас пак мислев дека само јас сум таква. Си носам и јас средства за дезинфекција со мене и чистам.
    Од кога ги гледав епизодите на Youtube за тоа како се исчистени хотелските соби, прво, по препорака го чистам даљинското, кваки, па се останато.
    Короната дополнително ме поремети од тој аспект.
    Ретко до сега немало потреба да помине и моја рака. Само два пати се имам одморено на одмор во буквална смисла. И на таквите сместувања велам, секоја чест на одржувањето на чистота. Би се вратила повторно, дури и бакшиш сум оставала на тие што чистат.
    Ама и во какви се случило да бидам сместена. За срамота. Го даваш по скапа цена, со намештај од умрената баба и крпа никогаш што нема поминато.
    Погоре прочитав да читаме коментари. Обично тоа се случува преку агенција. Некои од понудените смештаи не можеш да ги најдеш, а на слики нормално се изгледа совршено. Исто и кога бараш сместување на лице место, па и немаш нешто избор, условен си да прифатиш било што слободно.
    Во секој случај, не треба вината во гостинот да се гледа, туку треба да има некакви стандарди на издавање.
     
    На cresa-jagoda и kockakockica@ им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.755
    Допаѓања:
    3.676
    Пол:
    Женски
    Не однеле на екскурзија во хотел кај шо спиевме една вечер со бубашваби па еве сите здрави живи сме :D
    Се шалам, не спиевме зошто беше премногу гнасно :D . Друг случај сум имала каде покривалките беа валкани, побарав и веднаш ми ги сменија од хотелот и се извинија (не кај нас).
    Иначе обавезно си носам своја навлака за перница, имам лоша кожа па не би сакала да ризикувам.
     
    На kockakockica@ и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.338
    Допаѓања:
    137.435
    Ау... Плаќам хотел за да не сум јас чистачка.
    Ако не ми е ок барам нова соба или чистачка. Да ставам алкохол на фен, нема шанси. Ако ми е гадно, мијам раце. Чаршафите се чисти и доста ми е. Досеа болест не сум фатила. Сум стигнувала среде ноќ од аеродромот и да чистам у 2 ноќеска, ноу. Ако е толку ужас, одам у друг хотел, ама не ми се десило.
     
    На JoyJoy, Ahoy, Lady D ❤️ и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.122
    Јас само вц школката знам да ја поминам со алкохол и друго ништо. До сега не сум имала проблем со нечист хотел, ама доста обрнуваме внимание на критиките пред да тргниме некаде во некој во хотел. На тие од екскурзиите не се ни сеќавам, дете сум била тогаш и не сум обрнувала толку многу внимание на хигиента на хотелот. И уствари тоа повеќе наликуваше на хостели, а не на хотели.

    Не сум ни ногу прибирлива. Доволно ми е само основни критириуми за хигиена да бидат запазени. Посебно кога одам на летување некаде, одам првенствено заради плажата и водата, не ми е битно толку дали има 4 или 5 ѕвезди.
     
    На kockakockica@ му/ѝ се допаѓа ова.