Ако нешто научи човек од пандемијава, тоа е дека треба да се бришат, дезинфицираат и кваки, далечински, било какви рачки, мобилни, глувчето од компјутерот, тастатура.....и не ми е тешко ниту во хотел да го направам тоа....раат ќе си спијам.
Многу работи се гадни кога ќе помислиш. На пример, мене погадна ми е помислата дека во ресторани вилушките се само ставени во машина за садови и спремни за наредни уста... и така низ милион различни уста во една година. Ама, ова е само доказ дека нашите тела се спремни на различни бактерии и не е толку лесно нешто да ни наштети. Којзнае колку гадни работи сме допреле во текот на нашите животи и ништо. Кога идев на одмор со моите, никогаш не сме носеле свои перници или навлаки, па ми беше чудно да видам дека други го практикуваат тоа. Ве разбирам, ама повеќе е до мозокот. Не ми текнува јас да пребришувам плакари кога ќе стигнам во хотел нити пак ќе ми текне.
На плажа лежалките чисти се? Не. Нема поента да ставаш навлака за перница кога цел ден лежиш на песок и лежалка.
Види вака, да не ја шириме работава сега, но зарем толку е тешко да се одвојат пет минути, да одмориме малку од форумов и да пребришеме тоа што треба..само пет минути. Досега и генералка на хотелската соба ќе и направевме
Кога бирам место за одмор, важни ми се критиките што ги пишуваат гостите. Секогаш ми е битно хигиената да е на високо ниво. Досега не сум зажалила во изборот, се надевам и отсега. Немам намера да се замарам со чистење и пазење на тоа колку е валкано. Мислам секако не живееме во стаклено ѕвоно, во спротивно од дома не би излегла.
Тоа сакав да кажам, не го јача телото, не се бори со ситници и на јаки вируси паѓа ко круша. За тие пола саат чистење, ќе шетам или ќе се е сончам.
И телефонот што го држите сега е пун бактерии, пари што ги фаќале 100 души исто, куп предмети дома исто. Не викам оти не е битна хигиена по хотели ама мене не ми треба стерилни да се кваките и фенот зашто и онака не можат да бидат. Чисти чаршафи и перници, да е пребришано, да нема ѓубре и прашина површински, доволно е. А не ај, со УВ лампа ќе шетам да не најдам некое бактеривче. И дома освен ако чистите ко луди со доместос секој ден, не може да ви биде чисто до тој степен. Едит : и храната што ја внесуваме има бактерии ако ја провериш. Дури и кога е миена, термички обработена, замрзната итн. Разликата е колку бактерии има и дали е тој број доволен да наштети. А во повеќето случаи не е.
Уште ова да го кажам. Кога одам на одмор многу имам ќеф да ја извадам облеката од куфер, да си ја наредам, а и се' шо носам со мене сакам да ми е наредено како и дома, со ова немам проблем. Постелнина не носам, кај наоѓате место за постелнина? Друг е мојот проблем, wc-то. Ајде туш кабините ги мијам со топла вода пред да влезам да се туширам, колку да не е без ич. Ама секогаш се враќам со болка во бубрезите бидејќи ми е гнас и да се поднаведнам над шоља.
Ќе мора да те демантирам не е точно. Прво се ставаат во вода, па во машина за садови и рачно се бришат. Секој прибор посебно рачно се брише.
Има. Море да можам све би земала од дома и ставила таму кај што престојувам. Секогаш носам постелнина, пешкир и спреј за дезинфекција ( пребришувам шо ќе фаќам) средувам па се распакувам. Иначе не можам да се опуштам.
jas licno rabotam vo hotel vo centar na Kopenhagen,a inaku imam poseteno od tri zvedi,budget hoteli pa do ultra inclussive,sekade ama bas sekade nacinot na cistenje e ist,a najubavo da ne vi opisam detalno kako odi i plus ona so postelninite zasto i nikad ne bi legnale na niv,bi ste si nosele odoma
Многу таинствена ми си Нено и во ова тема. Дај инсајдерски информации греота сме. Ако е таму така, можам да замислам кај нас. * и земи ме во Копенхаген.
Верувам дека и копчињата од лифтовите ги чистите. Тоа е речиси најкористено нешто од гостите. Шо не ќе прочита чоек.