Јас кога во пандемијава си се изнашетав на кафиња, а после корона фатив седејќи дома од член од фамилија, сфатив дека непотребно некои луѓе креваат толкава фама. И ај чаши и перници, океј, спиеш и пиеш и јадеш тука. Ама зашо да дезинфицираш кваки, рачки, фенови? Секако и да ги дезинфицираш, пак ќе треба после нивно фаќање да миеш раце. И дома ви е полно бактерии ако проверите, без разлика колку чистите. Мене најстрашно нешто во хотел ми беше кога во спиење за малку пердув од перницата ќе ме задушеше. Имам навика да спијам на стомак и лицето бутнато у перница и сред ноќ се будам со затнат нос и вадам пердув.
Не чистам ништо во хотел. Ни во Македонија нит во странство. А сум била и во Македонија и во странство во попрљави и во почисти хотели. Едноставно тоа е тоа. Кога можам да бирам гледам да има добар рејтинг хотелот во поглед на чистота, ама некогаш ако некој друг букира одам кај што е букирано и тоа е тоа. На бизнис патувања немам ни време да се замарам многу со чистота. На одмор патувања не сакам да се замарам со чистота. Кога ќе видиш одам во хотел и знам дека нема да биде чисто како дома, ама тоа е тоа. Пребришував во хотелски соби само првата година кога бевме на одмор со бебе и толку. Вториот пат бебето јадеше песок од плажа и ништо не му беше. И толку беше од моето пребришување. Песокот од плажа сигурно не е почист од фенот во соба. Така што тоа е тоа.
Не ја сфаќам поентава со фенов. Ок, ќе го пребришеш/дезинфицираш од надвор. Ама воздухот што го дува циркулира од внатре, не околу фенот. Или го раштрафувате?
Штом вака детално дезинфицирате се,веројатно и прљате многу.Па поучени од своето искуство и понашање по хотели….
Нема потреба од потсмевање. За мене и малку да е нечисто, многу ми е нечисто. Тоа си е до човекот. Некој не се грижи, некој не може да заспие ако не е се средено. Не знам што е полошо или подобро, но е дел од карактер и не можеш лесно да го контролираш. Барем за себе зборувам. Проблем ми е и свесна сум дека го имам. Па нема потреба да се дофрлаат секакви шали за луѓето што чистат прекумерно. Сакам кога плаќам за нештото, хигиената да е на ниво. И некаде било така, некаде сум премижувала, ама некаде....морало моја рака да пројде.
Да исто и јас. Ниту дома не ја сушам, со исклучок да е зима и морам да излезам. Ама набројаниве работи за најгнасни работи, истите ги имаме и дома и сигурна сумм дека секој ден не го чистите даљинското и слично.
Браво душичко, најубав одговор. Сите сме различни и тоа е. Посебно со коронава што не навјаса, повеќе си станав похондрија. Собарките се невидени забушанти, а мене не ми етешко да пребришам. Дома душеци еднаш месечно ги смукам, ги превртувам, под кревет и зад кревет нормално дека и тоа го правам...и далечински пребришувам еднаш месечно ..и тоа Сега сите вие што ке одите на одмор во некој хотел или апартман, ѕирнете малку под креветите
Никогаш не сум дезинфицирала, ама пред да одам некаде секогаш читам како е оценет хотелот. Ако е послабо од многу добро оцената не ни букирам и одбирам друг.Исто кога е летен одмор обрнувам внимание не само како е оценет за хигиена, туку колку е за деца прилагоден. Ако е посета на град, ме интересира само хигиена и местоположба, оти само за ноќевање го користиме и цел ден сме излезени. Имаш и хотели со 4 * кои се нечисти и слабо оценети или 3 * кои се со супер оцени.
А што подразбирате вие под чисто? И како знаете нешто дали е чисто? Бтв чистење ич не мења дали ќе фатиш одредени вируси.
Престојот во хотел за мене значи да одморам, не да изигравам чистачка на чистачките. Нит бришам нешто, нит навлака менувам, ниту пешкири влечкам, ниту сум помислила колку бактерии има во фенот и еве ме здрава, жива.
Кога го читам форумот добивам впечаток дека живеам во Швајцарија по хигиена, Шведска по степенот на корупција, Германија по работните навики. Или тука на форумот се собира македонската аристократија и интелегенција, или луѓето си водат двоен живот. Еден форумски, еден реален, затоа што кога ќе се помрднам 100 метра од местото каде живеам гледам свињарник на улица од ѓубре, пикавци, хартии, лименки. И, туку меѓу зградите живеат стотици станови и стотици жени, но не гледам дека некој некогаш зачистил. Напротив, неколку пати кога сум косел трева и засадувал дрвца сигурно ме гледале како некој лудак, а тука читам се вршеле генералки пред да се легне да се спие во некој хотел. Бреј, убаво. Се изненадувам секој ден. Не знам каде се форумскиве ликови што пребришуваат хотели, соби, перници, носат посебни постелнини на летување во мојата секојдневност што ја гледам? Од таму каде што сум летувал повеќето газди се жалеле дека македонски туристи им краделе сувенири и постелнини и оставале нечистотија, отколку дека хотелите биле нечисти.
Исто како што ти подразбираш што е чисто и како што знаеш дали нештото е чисто. Само ти можеби бираш да си окупирана со работи што го заслужуваат твоето внимание, кај мене се манифестира на друг начин. Јас не би се согласила дека со чистење не може да елиминираш вируси и бактерии, исто така не би рекла дека чистам само поради тој факт. Чистам и поради тоа што некој бил пред мене во таа соба. Веќе објаснив, не секогаш чистам. Ако некој ја врши својата работа за што е платен, мене ми останува да уживам. Тоа било реткост, но штом може некој да ги задоволи моите стандарди, значи дека останатите и не си ја вршат својата работа. Никој ништо лошо не ви прави на вас што не носите постела од дома, не пребришувате, може само услуга да направи да начекате перфектно исчистена соба.
Ги намалуваш само Не можеш комплетно да ги елиминираш. Освен со стерилизација што не е обично чистење.
Последен улов од под кревет ми е полнач за iPhone. Проверувам на одење секаде да не сум заборавила нешто што е мое. Има прашина под креветите и некогаш по нешто оставено. Ама ствааарно немам ни најмала намера да чистам. Не одам на одмор или на бизнис патување за да чистам. Одам и во Спа и секаде низ хотел. Сигурно секаде каде што одам нема да бришам.