Мојот син има 4 години и овој месец почна за првпат да оди во градинка во еден од клоновите на Срничка. Се‘ уште е рано за да имам било каков став околу хигиената, грижата и воспитувањето на децата таму, но генерално, до овој момент имав позитивни чувства. Денес од една моја пријателка разбрав дека хигиената била на многу ниско ниво (девојчињата ги учеле да мочкаат од високо поради нечистотијата), јадењето не се давалало според прикажаниот распоред, туку нешто како што ќе се најде (ако во распоредот стои некој намаз нив им се дава на пример леб и маргарин, а знаеме колку е штетен маргаринот), вода не им давале да пијат за да не им се мочка на децата, што е многу нехумано, итн..... Моето дете не секогаш ми кажува тоа што го прашувам. Или е се‘ уште мало и на крај на ден не знае да каже за сите тие работи што се одвиваат во текот на целиот ден, или не знам што е проблемот. Ве молам споделите ваше искуство. Особено би ми значело искуство од градинките во Аеродром.
Ова за мочкањето и водата и во кисела вода е така. Имам разбрано од негователка уз муабет внук ми кога идеше
Јас има влезено неколку пати го тоалет во градинка во Карпош. Два-три пати како дел од работилница со родители и два пати ненајавено откако детето падна во двор играјќи со другарчиња по земање од градинка и секогаш беше чисто. Од она што син ми го кажувал се случувало некое дете да се измоча надвор ама тоа се брише, не го оставаат така. За јадење секогаш им даваат тоа што пишува на распоредот за денот (менито ротира на две недели. Исто е првата и третата недела и втората и четвртата). Вода мојов и дома не пие односно се молиме да пие вода така што тоа нема да го коментирам зашто не знам како е. Знам дека пиел кога и другите пиеле. Јас сум презадоволна од градинката. Тука се изначитавме хорор приказни и милев детето во затвор ќе го пуштам. Испадна скроз обратно од тоа што се пишува и од рекла кажала муабети од типот ми кажа една што знаела друга што знаела трета што имала осма братучедка што работи таму. Ако има нешто што не ти одговара ќе реагираш. Ако видиш дека на детето не му е убаво дека учи лоши работи, дека многу се жали и слично ќе реагираш, ако доаѓа дома со црвено газе ќе реагираш, ако видиш дека дома не може да се донапие вода исто ќе реагираш. КОга е поголемо само ќе кажува. Додека е детето среќно се е во ред.
Мојата ќерка одеше пет години во градинка во Аеродром,т.е од јасли и имам сосема спротивно искуство од ова што ти го кажуваш.Од каде таа пријателка го знае ова,влегла внатре и видела со свои очи? Кај нас им даваа многу вода, никогаш не ги оставале жедни,таму ги научија да не користат пелени, буквално цела група во исто време ги тргнаа пелените. Ќерка ми многу зборуваше и се кажуваше дома што се случува во градинка,мочкаат на мали шољи и храната беше супер ,не е точно дека им даваат маргарин,имаше баш една жена што работеше во кујната од градинка и кажуваше дека таму им ги прават сите работи,од овошен јогурт, пудинг,бомбици,намази.Чистачките чистеле постојано , барем така кажуваше мојава,а и кога сме можеле да влеземе на работилници и слично сум го видела тоалетот и баш било чисто. Ако нешто се сменило во храната за овие две години не знам,мада не ми се верува
Некои луѓе во животот шират позитивна енергија, некои негативна. По ова со водата можеш да видиш дека претерала, треба ептен да си нечовек за да не даваш вода на деца, а невозможно е да се погодат неколку исти такви, а уште поневозможно целиот персонал да не дава вода на децата за да не мочкаат. Ова ти е буквално ширење на невистини и муабет од немање попаметна работа. За хигиената не можеш да очекуваш да е исто како дома, верувам дека се случува некое дете да се измочка над шољата и да не избрише, да не пуштат вода и слично ама со тек на време ќе научат. Ако воопшто нема чистачка и не се чисти е тогаш може да се каже дека е нечисто. А некој да влегува и проверува после секое мочање не ми се верува. Маргаринот штетен е ама ако не се дава секој ден маргарин може да помине, дома ќе се трудиш да јаде поздрава храна и да пие повеќе вода, туширање после градинка. Совршено не може да е ама твоите позитивни чувства се поверодостојни од тоа што ти го кажала пријателката. Не се замарај, ако нешто не е во ред ќе дознаеш сама. Следи го детето. Не мислам буквално туку следи ги неговите знаци, дали сака да оди во градинка, дали е среќно и слично.
Син ми е во Чекорче, под Срничка, вецињата се чисти, се гледа од надвор, храната е иста како на распоредот. Детето е секогаш чисто и преслечено. Вода пие од негова чаша што ја носи со него.
Детето излезе во двор за да одиме дома и падна. Му се растече крв од рачето и ѕвонев некој да го внесе од вработените внатре за да се измие. Ми рекоа влези ти и изми го нема проблем. Така влегов. Задоволна?
А јас пак се чудам и дури и се карам на керка ми кога сака да моча стоечки..еве од кај и било...стварно ми беше мистерија кога ке ми кажеше дека ке мочка стоечки...од така мочање се има помочано целата на гакички и хеланки...ке ги прашам учителките од околу како мочаат децињата...а и за вода дека не пијат многу сум сигурна дека е така зашто кога ке ги земам од градинка двајцата бараат вода.инаку одат во еден од клоновите на ЈДГ 8 ми МАрт
Не те сфатив ја мислев вие како родители прајте ненајавени посети во градинката зошто звучи како добра идеја па затоа прашувам Задоволна
Мајка ми работи во градинка, поточно негувателка на група јасли. По нејзиното нон стоп се чисти, менито им е се здрава храна скроз спротивно од пишаново. Она толку е поврзана со дечињата само за нив збори. Вчера мислеше едно дете, дали било подобро..
Вака сега првото дете ми одеше во градинка пред 12 години , второто пред 8 години и сега сум со бебето 9 месеци наполни повторно во истата градинка , од тоа што било порано рачунајки на првото искусто , до второто и споредувам со ова сега што го гледам разлика и подобрување на условите има неверојатна ..... Градинката е во скопје 11ти Октомври почнувајки од кадарот и воспитувачките сите се сменети ( НОВИ, позитивно гледам на тоа ), реновиран е просторот за престој , постелнини и се соодветно претходно не сум затекнала да се менува никогаш , сега идеме 2 недели рано сабајле се менува секој ден постелнината ,за храна известена сум секој ден што јадела ,колку јадела ,колку спиела -претходно не наоѓаа за сходно ниту добар ден да ми кажат , шишето со чајче после зимање и секогаш празно , преоблечена и измиена ( избришана) секогаш ми ја даваат. Не дека имам преголеми барања очекувања ама претходно пред некои 7 години и повеќе можам да кажам дека условите им беа ужасни .... Од бришење газе на бебе со тоалетна , до повреди во градинка за кои никој не не известува па ги здогледувавме дома на преоблекување , неизбришано , неизмиено детето , црвено газе со пеленски осип и нешто што најмногу ме изреволтира сите деца седнати и чекаат, а негователката шише вода под мишка ЕДНО лонче и им дава на децата да пијат вода , од дете на дете од истото лонче, мислам дека таа слика во живот нема да ја заборавам . Секое влакно на косата мислам дека ми се крена па од директор до чистачка сум марширала се по ред и после почнаа чашки пластични за една употрба да ни бараат да им купуваме и марамици , немале марамици во градинката ... Разбирам државно е и секој гледа да зграба колку може , ама мислам дека образованието и грижата на најмалите се наоѓа на дното , срамота е толку мизерно да е.
Ете кој бил виновникот за пластичните чаши да се носат по градинкиве шала. Има разлика али можеби е ради ситуацијава сега па затоа е така па и самите се плашат од зараза итн.
Аааууу може да сум јас кривецот Шала на страна кај нас не се практикуваше носење чашки тогаш , ни марамици , беше ужас и децата нон стоп болни ... не дека сега е поарно ние од први септеври веќе трет пат сме останати дома со температура и леукоцоти до плафон
Искрено, ова за вода дека не им давале сум го слушнала многу пати и од тоа најмногу страв ми беше зашто малиот пие многу вода. Според пелените мислам дека пие доволно зашто ги полни и дома и не е жеден кога доаѓа. Имавме проблем со црвено газе ама го решивме брзо со еден муабет. Малиот кака многу, а тие менувале пелени во одредено време и пример може да му се фати цел саат искакан да седи. Сега прават исклучок и го проверуваат, секогаш ми го враќаат со чиста пелена и намачкано со кремата што им ја однесов. Обавезно ми кажуваат колку пати какал, дали имало потреба да стават крема, околу јадење и се останато нормално. Јас искрено оваа услуга ја очекував кога плаќав приватна градинка, а не ја добив. Најважно ми е дека имаме убава комуникација, малиот ги обожава и за две недели се адаптираше со спиење, пример денеска 3 саати спиел Многу се разочарав кога дознав дека ќе му ги сменат негователките на 2 години.
Уште подобри ќе му дојдат, trust me. Ќе има воспитувачка плус,со планирани активности секој ден. Многу им е убаво