1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хигиена кај машки бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 29 јуни 2012.

  1. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    ајде мајки на машки бебуши кажете ми кога почнавте да му го чистите к..... на вашето бебе и што се треба да се направи во врска со тоа секој одговор добро ке ми дојде...
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    хигиена кај машки бебиња

    Од 7-8 месеци до ден денес. Тоа и педијатар ќе ти каже. Тој прв ја повлекува кожичката и ти покажува како треба. До 2 год убаво е да се прави при секое бањање за да не дојде до зараснување на кожичката а потоа доволно е и еднаш неделно.
     
  3. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    хигиена кај машки бебиња

    мене педијатарот ми кажа уште на 1 месец кога бевме на контрола само тогаш ми покажа и толку беше еве два пати досега бевме на контрола и не го ни гледа. само ми вика секој ден по малку и ке се отвори...ама мене ме фаќа страв колку малку? да не го повредам? инаку малку му е отворено и секој ден го чистиме на бањање.
     
  4. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    pa do kade moze da se otvori ti nema da go vleces toa samoto ke se otvori
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Ќе го отвораш колку можеш, максимално, додека ти дава, оти и малиот сигурно нема да ти седи мирен, барем мојов не седи. Јас му го отворам уште од прв ден кога дојдовме дома, при секоја промена на пелена го чистам, а после бањање малку повеќе ја повлекувам кожичката да се види главчето. Не му е целосно излезено главчето, ама мислам дека е рано уште.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас на син ми му го отварав уште од првата недела и тоа на бањање толку колку што мислев дека е доволно ,со тенденција секој ден по микрон повеќе :) . Кога бевме на контрола кај педијатарот на третиот месец тој му го отвори целосно и после тоа некои 2-3 дена одеше потешко отварањето(зошто веројатно го болеше) ,но го фативме редот и немаше проблем . Тие 2-3 дена му мачкав масло од кантарион и полесно лизгаше и се отвараше ,а наредните неколку дена му го отварав во кадичка со чај од камилица. Од тогаш нема никаков проблем и да не подречам до сега нормално му се отвара.
     
    На Љута Чушка му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    а мојов педијатар па не му го отвори вика до 1 година ако не му се отвори тогаш на уролог да му го отвори...а јас несакам детето да ги има тие трауми па се трудам колку можам. еве синоќа кога го бањав малку повеке му се отвори без јас да употребам сила сигурно веке било отворено ама јас не сум повлекла доволно а он ни глас не пушти дури и ми се смееше...му го исчистив убаво со чиста водичка еве преска кога му менував пелена лесно се отвори пак го исчистивме...се надевам дека правилно го правам тоа
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Со првото дете имавме проблем, не се отвараше и моравме да го носиме на хирург да му го отворат. И после тоа имавме проблем, ама самата сфатив од што е. Му се зацрвенуваше, пукаше и беше болно за него, а тоа да ти биде од антибиотикот што го пиел. Често имаше воспалени крајници, што значи често пиење антибиотик, често воспалено пиленце. Со тек на време научив и додека беше под терапија, па и после не го отварав, ништо нема да му биде ако не го отвориш додека е воспалено. Тогаш користев една крема од Aven со термална вода, а колку помагаше незнам.
    Со второто почнав веднаш уште првата недела, малку по малку и сега се отвора доволно и го промивам само со камилица, а мислам дека самото си се чисти со отварање, нема потреба од дополнителна хигиена.
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Ај малку да ја активираме темава, јануарските мајки се претежно со машкуданци, да се информираме на време.
    Денеска сретнав и на друго место ваква тема и испадна дека некои доктори препорачуваат отврање на секое бањање, некои да не се пипка.
    Од искуствово на мајките гледам дека најбезболно е секој ден во кадичка по малку да му се отвара.
    Ај најтазе мајките на куриња нека се изјаснат, не би сакала утре некој педијатар да ми го истрауматизира бебето со нагло отварање на кожичката :worried:
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    По малкуцка отварање да, ама па на толку малецко што ќе отвориш? Сепак го отвараме по малку на секое капење и до сега малиов не се побунил. Инаку само од себе треба да се отвори до годинка или две мислам. Мислењата се поделени. Јас отварам и проблеми немаме до сеа.Ама секоја мајка си знае најубаво за малецкото
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас син ми го бањам секој трет ден, тогаш го оставам во топлата водичка да полежи и по малку ја тргам кожичката.
    Инаку педијатарот ми рече да не го чепкам, ама јас ја послушав Анатх и на секое бањање по малку му го отворам.
    Исто ако денеска на пр. не го бањам тогаш при менување пелена барем еднаш дневно ја повлекувам кожичката. Се изначитав се` по форуми и самата си донесов заклучок дека подобро јас по малку да ја тргам кожичката и нежно отколку некој да го повлече силно и да раскрвари. :o :(
    Мислам дека до крајот на 2-та годинка треба да се отвори целосно пилето.
     
    На Klara91 и Micika80 им се допаѓа ова.
  12. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    јас на моето бебенце му го отворав уште првиот месец секако по препорака на педијатар. на почетокот одеше малку тешко ама полека секој ден по милиметар се отвори и немаше никаква болка...сега секој ден го чистиме со стеерилна газа и секако на бањање ...
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Нам педијатарот ни рече само убаво измивање, друго ништо, а до годинката она ќе види, па ако има потреба ќе почнеме тогаш со отварање... Значи нејзина препорака е до годинката ништо, ако има потреба тогаш да се почне зошто периодот до кој треба да се отвори убаво е 3 годинки... Јас сепак мислев да го подотворам по малку, ама за несреќа мм беше со нас на преглед тогаш и сега не дава да му припарам на синко за таа работа :lol:
    Постарите генерации (мајки, баби) сите велат да се отвора и тоа ме мачи, а имав блиски кои не отвораа, а дедото на детето упорно сакаше, велеше ОСТАВЕТЕ МЕ, ЗНАМ ШТО ПРАВАМ! ама младиве си тераа по нивно, како што рекол докторот и на крај детето се истрауматизира на лекар каде на сила е отварано и 2-3 месеци не сакаше да се бања и вриштеше на мочкање...
    Не знаеш кој пат да го фатиш.... А башка што јас сум за, ама мм е против |(
     
  14. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас од сите интернет сајтови што прочитав на оваа тема, добив впечаток дека педијатрите не препорачуваат чепкање до една година, ама дека сите мајки што ја отврале по малку кожичката при бањање, подобро поминале со тоа, отколку првите. Баш не знам што е исправно.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Мицика, многу спротивставени ставови има на оваа тема. Во странство велат да не се чепка барем до година, ако не се отвори само, го отвораат хируршки или прават циркумцизија. Кај нас секој кажува различно. Мене педијатар и патронажната сестра ми кажаа да му го отворам по малку на секое бањање, до каде што оди, некогаш малку повеќе да повлечам, ама не насилно, туку нежно, секако нема да го боли.
    Го отворав на секое бањање, ама и барем еднаш дневно, при менување пелена. Оти сепак, од мочката внатре да не се иритира, што знам. Еве, на 20 месеци му е целосно отворено, главичката без проблем си излегува, само што не ми дава да му ја чистам секогаш, кога како е расположен :)
    Да си знаеш, машките деца сакаат да си играат со куренцето, и кога твојот, здравје Боже, ќе се роди, да го оставиш да го прави тоа, така требало. Затоа и понекогаш може самиот да си ја потегне кожичката малку повеќе, па да има крв на пеленката. Девојчињата не смее да се оставаат да си играат со половиот орган. Ова и педијатар и ортопед (да, да ортопед) ми го имаат кажано.
     
    На Klara91 и Micika80 им се допаѓа ова.
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    за разлика од се што читам мене ми рекоја да не му го отворам до година ама јас на секое капење до кај што оди го отворам и го плакнам
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    не ги слушај они си го знаат тоа до година и така терат ич значи ич не се заинтересирани а ако не се отвори и на година тогаш ај одете на хирургија нека го пресечат на секое банјање или додека е бебе значи еднаш во денот значи секој ден отварај му го до кај оди до таму ако можеш до крај до го отвориш најдобро е
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    ми е страв до крај, нема да го боли, да има крв????
    и после секој ден до крај да го отворам???
     
  19. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    мене најискрено ми е многу страв од такви хирушки зафати кај толку мало дете па потоа да има трауми...греота...лично мене ми беше многу страв да не го повредам,да не го боли,до каде да одам...и самото се отвори вез да употребам сила . Сите мислат различно а ние најдобро знаеме што е најдобро за нашите најмили. Еве сега имаме 8 месеци и скрос ни е отворено
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    аууу знаци јас имам закаснето на син ми малку му се отвора.ни главчето чело не му се гледа
    ах од утре ќе го отворам по поќе страв на страв ќе пробам