Ние често т.е секој ден го отвараме на 2 и нешто месеци доктор педијатар ни го отвори и по некое време и покрај тоа што секој ден му го отворав се залепи пак,пред некој ден со мм сами му го отворивме и сега гледам пак му се залепило малку. Е стварно не знам веќе што да правам а има 10+м
mamicki ne se igrajte tuku otvarajte go na vremee i treba da se otvori i malce podole da ima prostor pod glavickata i tamu se zbira beloto jas vi kazav deka ednas na den go otvaram,a koga go otvoriv celosno prv pat na sekoj dva saati go otvarav i cistev od krv i od se sto e nasobereno go bolese ama bese za negovo dobro za da ne se podjuti ranata od mockata i malce bese oteceno ama pomina za 7dena sega ne ni oseka koga go otvorame,ne cekajte bidete uporni ili pojdete kaj pedijater toj poleka ke o otvori malce pa po nekoe vreme pak pojdete pak ke go dootvori i taka, ama i doma vezbajte,inaku ke se zalepi pak,
Никако не смее да се отвара на сила. Може да срасне скроз кожата и да се направи комплетна фимоза која потоа само хирушки се лекува. Кај бебе е доволно само малку да се повлече кожиќката и се додека има отвор за мочање не се чепка на своја рака до 3 години. Се повлекува благо се мие со проточна вода и толку. Ова ни го кажа и педијатар и хирург. Кај нас малку само се отвара и ни рекоа ништо страшно. Сега има 17 месеци и уште ние не можеме убаво да му ја отвориме кожичката. Педијатарот ја отвара повеќе од време не време ама никако не смее да дојде до крварење.
Кај моево мало е распукана на едно место и црвена кожичката Со првото немав проблеми, убаво се отвораше од почеток. Второво ми е малку проблематично, ама до каде што одеше, го отворав. Вчера бев на хирургија да го видат, ми рекоа да не му го отворам воошто, бидејќи е распукано, после ќе видиме. Се надевам нема фимоза да се направи...
Мајкички, пошто тука е најакивна темава помагајте. Од вчера сум во паника.Му го отварав к..... на малото и кога ја истегнав кожичката на крајот кај што завршува од горната страна има нешто како подиспакнато и бело, не се трга. Денес попладне ќе го носам кај матичната за да знам за сигурно ама до тогаш ќе пукнам, распаметена сум. Се плашам да не е загноено, ама претпоставувам дека би имал болки и температура ако е така. И уште нешто, кога му го отварам, главчето никогаш не му излегува целосно туку сосем малку, 18 полни месеци е.
Toa so e belo ne e gnoj ,tuku necisto sto se sobiralo.Otvaranje trebalo od odma da se pravelo.Nisto ne mu e samo sega pri sekoe kapenje da se otvora za da se cisti.
Иви ке ти пишам тука, па ако треба нека ни ги преместат мислењата. Кај бебево( 5 месеци) кога ке ја повлечеш кожичката на неа има како бело ( како ситна бубуљичка) прво беа две, едната ја снема. Така е од рагање. Ја прашував матичната, гледаше, рече ништо не е. Баш пиши што рекла твојата матична. Исто така еднаш ми се случи при повлекување на кожичката, се отвоти малку повеке, и имаше собрано бело кое не се тргаше, но со неколку бањања, седење во коритце, и отварања во водата тоа се тргна. Многу се нервирам за големиот, 2 г и 5 м е и цело време го отвараме по малку, и сега веке е голем, не дава да го пипнеш, а има уште малку до крај, има собрано таму и на крај пак ке завршиме на лекар таму да му го доотворат.
рано е за скроз да излага главичка, од негова страна треба целосно да излага а од твоја само малце. нормално е тоа.
Му го отварам од кога наполни месец или секој втор ден или два до три пати неделно и никогаш не му се појавило вакво нешто, затоа сум многу исплашена.Знам од искуства на пријателки и блиски дека е мал за целосно да му биде отворено ама ме плаши тоа белото.Како и да е фала за брз одговор. Ќе одам попладне како и да е, ноќеска неможев око да склопам, преплашена сум. Се надевам и јас дека е од наслагите што се собираат, ама вчера баш никако неможев да му го тргнам. Ќе пишам тука до утре што ми рекла обавезно. Ми се плаче од што сум исплашена, сабајле од мака се расплакав пред големата па ме тешеше да не се секирам, дека ништо не му е Мене само тоа белото ме плаши, ај другово е ок ете гледам од сите искуства. Како и да е фала ви на сите за одговорите, ме утешивте и смиривте малку
Абе нема што да те плаши, не се секирај. Што и да е се средува. Не дај боже, и загноено да е се средува, а не па вака. Трпение и упорност. И почесто во вода отварај му го. Ако е воспалено, црвено можеш хлорамфеникол да намачкаш. Ова ми е совет од др.
@ivi1987 и на моево не му го имам отворено целосно, според педијатарот кај што се породив ко ќе се свесни сами за себе тие ќе си отворат целосно. И во странство тоа било практика, јас малку се плашам од инфекции ама малово и така не остава да го отвараме уште одамна.
Тврдо е баш како камче.Уфф, добро е ако е така. Фала ви на сите што ми пишавте, ме смиривте. Незнам без вас што би правела во вакви ситуации
И син ми имаше и јас како тебе од памет се извадив. Кај уште не свртев и не прашав... Сите ми рекоа да не се секирам. Нормално било. Го имаше подолго време, ама со тек на време се симнуваше се подолу и подолу и на крај излезе. Кога излезе уште повеќе се чудев. Беше баш како камче тврдо, како варовник некако.
Бебево ми е 3 месеци и колку може му го отварам во капење да му го исчистам ама ме загрижува што секогаш му е на една страна т.е на лево. Кога му сменувам пелена ќе го наместам на другата страна ама пак на лево му го наоѓам пошто пелената не е тесна па да му остане како што сум го наместила. Нормално ли е тоа?
Истото е значи. Се чудев од каде искочи, му го отварам редовно, а сега од нигде, никаде се појави. Затоа можеби и толку се исплашив.Се надевам само дека брзо ќе падне кај него, зошто косата ми побеле веќе од него. Се нешто му излегува, аман.
На моево пред некој ден целосно се отвори на бањање мм редовно по малку му го отвараше кога наеднаш цело се отвори. Инаку сме 4+ се исплашив да не е премногу рано докторката ни рече дека е се во ред.
Колку порано, толку подобро. Јас на синко на 3ипол месеци му го отворив целосно и тоа не ни сети, без плачки без ништо. Ама му го отварав од почеток по малку секој ден, додека се мали не разбираат и полесно оди, а и се намалува ризикот од инфекции.
Ние уште сами не можеме да му го отвориме. Педијатарот ни рече да не ни пробуваме, колку се отвора толку. До 3 години е нормално и да има некоја блага фимоза барем така нас ни рече. Таа кога пробува може да му го отвори скоро цело ние дома не. Ни рече не пробувајте да не пукне кожата па потоа е поголема мака.
Не го однесов кај докторката, ми се јави и ми рече да не се паничам, дека кај секое второ дете се појавува истото и дека треба само со камилица да го чистам кога ќе го отварам и тоа е тоа.И ми рече ако не се повлекува после некое време да отидеме на контрола па може ќе вклучи терапија ама сега за сега да не дигам паника. Јас па кога и да го пресоблакам кога ќе ми текне дека го има тоа, се плашам, ама ќе се стрпам и се надевам дека ќе се изгуби.