Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хигиена кај машки бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 29 јуни 2012.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    немој само филтер камилица.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Здраво мајќи.
    Вчера ве читав и си реков ај да сум за некој работи упатена. Па вечерта на бањање му го подотварав к.. и кога мењав пелена шлог ме мавна . На цела мака па си се смеев дека не е возможно ве читав и оппп ете ми и мене некоја зезанција.
    Значи синко има точно 7мес. И му го подотварам уште од неполн месец. Му беше целосно затворено само една мм точка како отвор, педијатарката рече одма да почнам со отварање. Ете со месеци секој ден подотварам. Скоро скроз да е отвореа главичката ама не целосно. Сепак ми напомена да не форсирам и да не брзам.
    Е сега што е работава да прашам па некоја со слично искуство да ми каже што и како. Да напоменам дека после во 13ч имам закажано педијатар баш за ова, мо сакав и ваши искуства.
    Ете да ја наречам главичката печурка ( како што некој ја нарекуваат нефролози ). Долниот дел од печурката не е баш целосно отвирен значи ивиците околу се покриени со кожичка сеуште ( се надевам ме разбирате ) и вчера ај пред да му стаам пелена потклекнав и ај да го прегледам убаво за ова што ве читав и опппп шлог ме удри. Како ја оотегнав кожичката и од страната на јајцињата кај жилата, на самиот раб под кижичката на долниит дел од главичката има нешто како бело парченце. Баш убаво оптегнав и со мобилен светев и се гледа бело како зрно грашок под кожичката на ивицата на главичката. Со прст ( прво си дезификционо средство раце секад поминувам ) го помрднувам и гледам се движи малку зависно како го помрднувам.
    Се извинувам на рефератов. Ве замолувам доколку некоја знае, имала искуство или се нашла во иста ситуација да ми пишете што може да е и како да го средам.
    Претпоставка моја е дека е насобраното бело што се јавува кај к... ама па чудно ми е до сеа не сум го видела и секој ден му го одмивам и отварам.
     
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.331
    Жене,
    Курето као го отвараме ама не дава и сега менувајки пелена му го отворив колку што може и имаше две топчиња прљаво и кожичето црвено само на тој предел. Вриштеше не успеав убаво да го исчистам. Не знам дал го боли или ради тоа што не сака.
    Кај кој уролог во систина да го носам?
    И како успевате да им ги чистите убаво?
     
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    33.996
    Пол:
    Женски
    Ние со мм пред скоро месец му го отвривме на банање во потопла водичка малку поседе повеќе време на него цело време му беше отечено и мн лошо мирисаше и кога го отври мм има што да види 3-4 бели парчиња искочиа и гадномирисаа. Плус од кога му е отворен секој ден мачкав со кантарионово масло сабајле и врчер(совет од д-р) и приметив дека почна повеќе време да спие можеби имал проблем и затоа плачел нон стоп.
     
  5. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.331
    Абр него му е отворено ама не до крај. Али проблемот е што никако не дава да се чепне. И сега ја го фаќам на шрепад и отварам на брзина и мијам ама очигледно не доволно т.е до кај што му е отворено.
    Ништо ќе бидам упорна.. со мм денес не можевме да го додржиме за да исчистам
     
  6. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    И јас мака мачам со курето, додека траеа редовните контроли на педијатар, прашував и ми кажуваше дека не е доволно треба повеќе и повеќе да отварам, но незнам не успевам, сеуште е залепена кожичката околу по ободот и не оди надоле, а детево како расте реагира и ми ја бутка раката...до кога има фора да се отвара знае ли некоја да каже? јас се мислам ќе завршиме на насилно отварање или сецнување
     
    Последна измена од модератор: 18 февруари 2018
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.331
    Iskreno ne znam, skroz izumiv da go prasam sajkovski koga bevme na kontrola za malata. Maticnata i ne bi neso da ja konsultiram poso ona za sve na hirurgija i e resenieto, a neli najlesno e toa. Na maliot negde pola glavce mu e samo izlezeno i toa moze cela godina veke. A on e godina ipol. I ne dava za ziva glava da go pipnam
     
    Последна измена од модератор: 18 февруари 2018
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Детето ми е годинка. Денес педијатарот му направи интервенција на курето односно му ја засече кожичката за да целосно се отвори курето, под кожичката имаше дебел слој на бело ми се чини дека во моментот ќе паднев од вриштење и болка на малото, волку стрес немав доживеано...
    Сега кога мокри плаче вриште му купив ациди борици и му ставам под памперсот.
    Прашањето ми е дали кај сите машки бебиња се прави оваа ужасна интервенција, на него курето му беше отворено само колку да моча напред но не и целосно.
    Свекрвата вика јас вакво нешто не сум правела и не знам, читав на интернет дека курето се отвора постепено до крај до 3 та или 5 та година дека тоа е тој процес на нормална ствар постепено и никако насилно и одеднаш а докторот денес токму тоа го направи.
    Мајки кажете ми искуство дали требав тоа да го направам или не..
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.163
    Пол:
    Женски
    На моето исто му е само малку отворено курето, односно има само отворче за мочање. На лекар успевше педијатарот да му го отвори повеќе од ние дома што успеваме ама ни рече да не форсираме. После година веќе не го ни проверува само пиша дека има фимоза во картонот и толку. Нас советот ни е дека до 3 години не се чепка ништо зашто може поголема беља да се направи односно кожичката уште повеќе да срасне. Сега има две години и исто малку му се отвора, ама ние на секое бањање пробуваме колку иде толку малку да го одмиваме курето. Ништо друго не правиме барем до 3 години.
    Не знам зошто кај вас така реагирале. Дали сте имале проблем со инфекции?
    Како и да е сега веќе не можеш да го вратиш назад времето. Ќе следиш совети од лекар и толку.
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Не знам. Се се случи набрзина, ојдов го виде и го засече цело, под кожата имаше куп бело тоа вистина ама на систина прочитав сепак дека не треба да се форсира и дека тоа е процес што оди од 3 до 5 години. А овде кај што сум кај сите машки деца е таа интервенција..
    Не знам воопшто дали правилно постапив или не ..
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Баш во систина на другарка ова истото и го направија на дечињата на 1год и нешто. Нив почна да ги боли бидејќи се собирало белко и инфекција се правела. Уживај, ќе му олесни за брзо.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2018
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.985
    Допаѓања:
    32.163
    Пол:
    Женски
    Ако се прават инфекции тогаш мора да се направи интервенцијата. Ако нема никаков проблем се чека до 3 години барем во Македонија.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2018
    На vitamina и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Поарно сега неголи подоцна. Кај нас немаше потреба од вакво нешто. Му се отвора скроз. Не кај секое бебе се појавува овс
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    @vitamina На брат ми оти не му беше отворено курето му загнои и отече. Го носеа на лекар и му го исчисти. Многу плачел. Подобро сега отколку покасно да се јават проблеми
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски
    На двајцата куренцето им го отварав од првиот или вториот месец, не паметам точно, по совет од педијатри. Кај големиот немавме проблеми, со малото потешко оди тој процес. Јас го однесов на детска хирургија (имам братучед хирург), му го гледаше и рече да не го чепкаме, ако мора на сила да се отвора, тоа да биде подоцна, околу година и пол. И требаше да го носам, ама еве, малку повеќе му се отвора од претходно па го отворам колку што можам, поточно до каде што оди, и го измивам. Досега немале ни двајцата проблеми со насобирање смегма под кожичката. Инаку, не само ациди борици, прави му купки од камилица и мачкај хлорамфеникол, ќе помине за брзо. Јас редовно му правам купки од камилица, т.е во чашка со чај го отворам и измивам. Сега детето нема да ти даде да го чепнеш, ама мораш да му го отвораш, во спротивно ќе се затвори пак.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2018
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Знам дека некој педијатри советуваат да не се чепка што е многу погрешно зашто на крај се доаѓа до ваква постапка која е многу стресна за детето и болна.
    Кога се роди синко буквално како точка му беше само подотворено од памет се извадив. Велибор Тасич нефрологот, Дафина од Ремедика и педијатарката не советуваа за да не доаѓа во иднина до интервенција да се започне почека секое бањање со отварање. Ни го препорачаа и Алое Фирст и после секое отварањето му шприцкам на курето за дизинфекција, заштита од бактерии итн. Секое бањање го отварав по малку и нежно, малку по малку (не ги боли ) и на неполни 6мес му беше целосно отворено. Еве го скоро 11мес и секое бањање му го отварам и одмивам па прскам со Алое Фирстот. И дур не научи сам тоа да си го прави ( да го подотвара и одмива ) ќе го правам јас тоа секое бањање за да не дојде до затварање и лепење. Доволно е да не се подотвори некоја недела и самото ќе се подзалепи. Вакво искуство имам со малиот на пријателка. Останативе што се со машки па и внукми , терале вака и немале никогаш проблем.
    Сега некое време дур му помине црвенилото и ако е распукана кожичката ќе плаче,го пече на мочкање. Анатах убаво ти пишала,одмивај со камилица, јас некогаш и со органско кокосово го поминував пред бањање некој саат, мислам и кантаријон можеш. Ама не чепкај бар 2 дена не му го отварај да не му направиш додатен стрес и болка. Почекај бар 2-3 дена и почни полека. И дур сам не научи да си го отвара и одмива тоа ќе го правиш ти барем секој втор ден малку по малку.
     
    На *Лорена* и eli25 им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е прашањето дали веднаш да му го отворам и колку или не. Јас сум веќе цел ден под стрес од вриштењето при секое мочање му е ужасно. Тој плаче јас плачам одвртно чуство :(
    Јас му го отворав уште од мал ама не доволно изгледа само почетокот му се отвораше а при секое бањање тоа и го правевме со маж ми ама залудно..
    Се прашувам само колку дена ќе трае овој хорор??
    Ужассс луѓе ;(
     
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    До утре би требало да помине. Го пече зашто е еден вид на рана и доколку распукала кожичката. Сега на секое мењање пелена денес и наредни 2-3 дена слободно преначкувај со камилица или со чист кантарион. Можеш и со органско кокосово ( и со тоа сум премачкувала ) . Значи, малку ќе му го подотвориш и премачкаш иако може да плаче. Верувам ти е стресно ама мораш за да не му се залепи пак кожичката. После тоа ќе си продолжиш на секое бањање ќе ја отвараш и одмиваш. Јас дур лежи во кадичката со чиста вода полна ( откако ќе го избањам му ја полнам и оставам да се шлапка ) тогаш му го отварам и одмивам. И некогаш и кога мењам пелена му го отварам.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.
    Се надевам дека барем ќе престане хистерично да вреска при секое мочање што може побрзо..
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @vitamina мораш да продолжиш да му го отвараш бидејќи ќе зарасне пак и повторно ќе треба да поминувате низ истото. Почекај 1-2 дена, да престане да го боли, на тој дел е како слузокожа па би требало брзо да заздрави.

    До мајките на помали бебенца, отварајте им ги куренцата редовно, за да не се соочувате со вакви проблеми подоцна. Јас од старт почнав да му го отварам, дури и по неколку пати во денот, секој пат одев се повеќе и повеќе и на 3 месеци му го отворив скорз. Без болка, без плачки... Сега му го отварам 1 дневно, му го одмивам убаво и не сме имале проблем.
     
    На stevemila, sofi2107, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.