@Lolipop23 ако може совет Кај нас речиси е отворено цело курето, да бидам похрабра и поодлучна и да повлечам поубаво ќе му излезе скрос, но ми е страв, па одам полека, полека. Моментално е распукана кожичката и зацрвенета нормално, не приметувам да го боли, дава да го чепкам/бришам, не се жали при мочкање. Па како да правам отсега, ќе морам наеднаш да повлечам, таман и додека е распукана или?? Ортопедот вчера рече да така треба, нормално е да распука и дур не заздравило скрос да го повлечам до крај, не мора на еднаш, но на 2-3пати обавезно. И она виде дека не реагира воопшто, значи не го боли. Наредна недела сме на педијатар па ќе каже и она.. Инаку го отварам само дури се бањаме. Бебе 1недела пред полни 5месеци
Ke se umesam poso na mojov ne mu e otvoreno do kraj, na dva pati raspuka, prviot pat go nosev na urgenten i se padna Obocki, rece stavaj mast dur ne zazdravi ne pipaj. Izgleda tuka mi bese greskata, on togas seuste davase da go fakjam, nemase bolka i ke zavrsevme rabota. A sega, maka!
Мене на детска хирургија ми рекоа дека не треба да распукува, оти може неправилно да зарасне и да се создаде секундарна фимоза. Сите различно зборат. Со големиот немав мака, рано му се отвори целосно, ама со малово имам проблем, не се отвора убаво, само врвчето излегува. Форсирав да се отвори повеќе, му распука на едно-две места и го носев тогаш на хирургија. Ми рекоа да не чепкам. После година и пол може да се прават интервенции ако веќе мора. Јас отворам, ама до каде што оди, повеќе не форсирам. Се надевам дека ќе се отвори подоцна.
Нормално е да е зацрвенето малку. Јас би одела до крај штом не го боли. Откако ќе го отвориш целосно и ќе заздрави побрзо. Нормално не со нагли потези, туку нежно, но еднаш мораш да отидеш до крај. Мојот не плачеше, веројатно не го болело, за да оди глатко можеш некоја кремичка да ставиш, јекодерм или сл, да го подмачкаш па да повлечеш, потоа измиј го убаво.
И мене педијатар ми рече дека не треба да распука зашто тогаш може да се создаде фимоза која многу тешко потоа се отсртанува. Инаку таквата покриеност на главчето не ни значи фимоза се до третата година. еве и текст за тоа кој вика никако насилно повлекување, отварање и слично до 3 години. Таков одговор добив од педијатар и од хирург. http://www.mojpedijatar.co.rs/fimoza/
Sajkovski sega koga go vide mi rece nema fimoza samo otvaraj, ne treba hirurg. Inaku e negde do pola da receme ili povekje od pola. Ni jas ne mozam ubavo da vidam zoso na sila u korito mu go otvaram a on bega pa taka kolku da otvoram i da se izmie :/
^^ не му е испораспукано и рани околу отворот, па да му подвиснува кожичка, туку од што му се истенчила од отварање како да му подраспукала, рана не е, да беше она распукано верувам да ќе боли и ќе плаче, а он кажав не реагира, уствари и се засмејува дека го фаќам
Чекај да видиш и да не му браниш да го прави тоа... еден куп доктори ми кажаа машко да се остава да се чепка, а девојче не. @kikin подобро е ако се отвори порано... доколку се чека, во најголем број случаи треба да се интервенира, па за да се избегне тоа, пожелно е да се отвора, иако ставовите се поделени.
Да, сфаќам тоа, ама сепак не сум за насилно, значи јас го отварам, секој ден по малку, кожинката ја гледам полека си оди надоле, ама насилно да трргнам скроз некако не ми оди....баш ќе се консултирам повторно да видам шо ќе ми кажат.
Ако има фимоза од раѓање педијатарот треба да види уште на првиот преглед и тогаш не се чепка. Меѓутоа ако е се нормално, јас сум за да се отвари целосно додека се уште мали бидејќи на тој начин се намалува ризикот од инфекции како и ризикот од хируршка интервенција кога детето ќе порасне. @kikin напротив ако го правиш дома, нежно и внимателно, тоа не е насила, а педијатрите кои советуваат не го отварај кога ќе загнои самите го отвараат насила до крварење што претставува траума за детето.
На мојот уште од 4 месец му е скоро отворено, уште малце има за скрос да се отвори. Почнавме после 40 дена за време на бањање. Кога го виде докторката рече супер подобро порано додека дозволуваат. Кај нас маж ми му го отвара дека подобро знае како има повеќе осет".
Na prvata kontrola maticnata ni rece do godinka da ne cepkame. Jas mu go otvoriv na 3 ipol meseci nekade i na slednata kontrola koga i pokazav mi rece - Super, bravo majka! Odi i najdi im go krajot na pedijatrive nasi.
Јас за тоа и прашав што понатаму, вака му е некои 2недели и јас од страв да повлечам повеќе си тапкаме во место. Вчера Ортопедот рече има фора уште да се отвори без да биде нагло и без да се направи проблем, па за брзо и скрос ќе биде отворено. Рече и јас би сега би повлекла, ама најубаво кога е расквасено во вода, па и некое уље да се стави.. Не би мајка и јас ништо на сила, затоа и прашав како иде. Можеби вие ,,послабо вежбате,, па затоа уште не е скрос отворено Инаку скоро го носев кај Сајковски, матична ни е Драгана - Ложанковски, двајцата се со став што порано тоа подобро и до 1год најубаво, тогаш и даваат и можеш да отвараш постепено и без борби. Ете @wannaBeMomma кажува веќе има мака, синчето без малку е 2г ако не се лажам. Туку во меѓувреме бебе стана, претходно читав, видов што е фимоза, па прегледав, не бре како викам така е, рани или било што нема, мм пак вика тоа вена било како линиичка што викам јас дека е распуканко Туку како модро е тоа внатре, така треба да е, така?? @Lolipop23 @Annath Наредна недела сме кај педијатарот па ќе го прегледа и ќе ми даде инструкции за понатаму, дотогаш ќе вежбаме до кај што иде само
На синко таман убаво одеше отворањето, секое бањањ се повеќе, последниве неколку пати како да му е позатворено Планирам наредна недела да го носам на контрола кај матичната да видам што ќе каже