@Mari-Ja ние директно на хирургија бевме, само што го видоа, рекоа антибиотик, пиеше цефалексин седум дена. Имаше секрет, т.е гној истекуваше на пелените три дена, после веќе спадна и отокот и немаше ништо. А редовно му правев купки од млак чај од камилица трипати дневно, пет дена со ред. Се исчисти убаво, ама мислам дека антибиотикот најмногу заврши работа. @wannaBeMomma фала на прашање, сега е добар. Пробувам дома да го отворам целосно, ама тешко му оди. Чинам дека на хирургија ќе треба да го средиме јас имам уплав од тоа... Само одложувам, а знам дека мора да се направи
Jas na svoja raka so canesten mackam od sabajle i mozam da kazam deka ima podobruvanje. Se tusiravme na pladne pred spienje, pa duri i dozvoli da mu go podotvoram dodeka se zanimavase so tushot vo raka. Se nadevam ke se resi ova za brzo pa kr otvarame i cistime redovno sakal ili nekel samo za da ne dojde do ova pak. Nema sekret kaj nego, nema nisto, samo mal otok. @Annath na ovdesni forumi se sto procitav bese otkako ke pomine otokot samo "trening" za da se otvori skroz. Sto pocesto da se trga kozickata. Se nadevam i kaj vas ke uspee da se otvori skroz i nema da ima potreba od kakvi bilo zafati...
Treningot kqj sin mi traese 2 godini,neuspesno. Ocigledno ne site mozeme da gi otvorime nie. Jas nikogas nemase da se osmelam tolku silno da vlecam, nitu znam kako bi izgledalo i slicno. Koga doagjate vo mk?
Кај син ми пола цм дали ѕирка, ептен е прилепена кожичката за главичката Често отвараме, ама џабе, презалепено е, дури тој отворен пола цм беше од нагло повлекување, дури како да се одра кожата, крв течеше... Кога се роди до горе залепено беше и едвај дупче да мочка имаше. Сега 3+ год е... само чекам друг проблем да средиме и за некој месец и за тоа по лекари..
@vitamina а каде во мк во направија тој зафат? И како сецнуваат? И кај мојов е залепено, не скроз ѕирка ептен малку, ама пак цела кожа е прилепена за главичката, шанса нема да се одлепи само со отварање, отвараме ама џабе.. нема шанса мислам волку залепено и кај нас само да се одлепи..
Извинете што ви се мешам во муабетот.Кај нас на децата им го прават тој зафат има Др.Арап е во Чаирчанка и ласерски им прави.Од мојата фамилија ги носеа кај него.И јас го имам истиот проблем со бебето дури стигнав по болници и снимања и бактерии и бубрезите му ги проверуваа не можеше да мочка мал отвор.Докторката во Државна на детска хирургија му го отвори и се раскрвари,мачкавме Гарамицин и со чајче од камилица му го измивав.Докторката од Систина ми кажа со Белогент да мачкам 3 дена кантарион масло да мачкам внатрешно и надворешно.Пак му се затвори јас ги намачкав прстите со масло и му го отворив дека веќе има страв од доктори
Доктор педијатар. Уствари овој доктор на сите во мојот град што се му пациенти им ги отвора и тврди дека многу подобро е кога е помал тоа да се среди ако е залепено. Ние и не поминавме толку страшно како што читам кај некои други фала на господ. Постапката траеше 10 секунди го сецна малку и го тргна секретот имаше премногу бели наслаги навистина, исчисти и затвори. 10 секунди. Го земав синко и се смири не плачеше ич после тие 10 секунди. Дома му ставив ациди борици неколку пати и толку. На мене ми кажуваа дека ќе го боли и ќе плаче неколку дена ама за среќа само 2 пати тој ден попладнето заплаче малку и толку беше легна да спие и јас од страв упла бев цела дека ќе плаче џела ноќ но не тој си заспа и сабајле кога стана ништо. Нит му отече нит крв имаше ништо. Псоле бањавме у камилица и толку. Сега секој ден отворам од страв под тушот го ставам со млаз вода да помине така отворено и затворам.
Majki ve molam za sovet kako da go otvoram kureto, nie sme skoro 7 meseci i kureto e otvoreno no mnogu malku. Vlecam sekoj den no se e tolku. ve molam za sovet, da ne zavrsime na urolog
Кога го бањаш ќе го исплакнеш од сапун и твоите раце исто за да не лизга и ќе тегнеш полека додека да излезе главичката. Тоа не е болно , на педијатар им ги отвараат со брзина на светлината, моите дури се смешкаат тогаш или испуштаат звуци на задоволство
@Zebricka и на мојот не му беше отварано воопшто по совет на педијатар кај што се пораѓав, и еве го на три години сам си го отвори пред некој ден, до сега немавме проблеми.
Lele daj Boze I kaj nas da se lesno otvori Dusa nemam, ne sakam da zavrsime na urolog ili ne daj Boze hirurgija
Моето е 3ипол год и уште скроз не се отвара, ѕирка 1цм само, а како бебе до горе беше залепено. Хирург го виде и рече океј е, колку толку е отворено, ке си се отворело, со сила влечење никако. Само до кај што се отвара во бањање колку да се исчити.
Исто од став ни јас не отварав.Читав и дека по ново не ги отварале.Потоа што беља ме снајде на 7месеци скоро па залепено му беше.Фати ешерихија коли,на секое моќање вриштење.Бевме на хирург го виде и многу малце го отвори.Дома секој ден бањање и отварање па за еден месец се отвори.Никако на сила туку секој ден по малце повеќе.Страв не страв отварајте,што порано тоа поубаво
Мајки,син ми има 2 години . Му го отварам курето од кога е роден . Внимателна сум и не форсирам. Не е скроз отворено.Денес на врвот на кожичката пред да почне отворениот дел има насобрано бело.Знам дека треба да излезе тоа бело ама ме фати некој страв да не дај боже се инфицира . Утре ќе го носам на педијатар ама да прашам чисто да смирам душа Некој со слично искуство ако добро објаснив ?