Да под кожичката и одма почнува делот кај што е отворено.Белото е под кожичката.Не знам како да објаснам поубаво.
чекај сеа..До кај се отвора? зашто одоздола не ни треба знаеш. . чисто те препрашувам да не за џабе се вадиш од ум. Дали одозгора кога гледаш излегува цело главче? превентивно ставај чај од камилица дур се бања белото не е инфекција само малку повеќе хигиена треба.
Да сфаќам, исто имаше и синчево. Мм притисна (стисна и бутна напред, ваљда ок објаснив) и излезе белото...
@LiliBoz не е скроз отворено.Не е ни до пола.Како со проѕирно е обложена главичката и белото е под тоа.Не форсирав зошто ми е страв дупчето да не пукне бидејки така ми делува кога буткам надоле . Може глупо звучи ама на друг начин не знам како да објаснам. @mariz и мм ми рече да стисне ,го гледам се туфка . Мене страв ме фати да не напраиме некоја беља пак е осетливо место.И остаив викам ај утре на доктор најсигурно е.. Кај вас се среди после тоа ?
Каде што е залепена кожата за главичката, таму на почеток се собира, под кожата. Така и кај мојов... јас не чепкам веќе, мм се грижи за таа работа. На хирургија нас ни рекоа ок било, иако залепено, ке си се одлепело...
Само со чиста вода ги миете ко ќе се отворени? Мојов се капи со еден куп сапуница, однадвор го миеме со купката за тело, ама сега штом го отвара мислам не е соодветно. Спојлер Многу смешно ми е како открив дека си го отворил, ми кажува мама сега имам две кекиња (кеке го вика) , од внатре излезе бебето кеке
Мм вика дека му се собира чатпат, јас веќе не чепкам, мм се расправа со него. И на мојов не е скроз отворено, да речеме 1цм ѕирка главичката и кожата е на пола главичка залепена...
Ќе мораш на уролог да му го отворат со време. најзезнатиот дел е што ќе мора мнооогу внимание да посветиш во иднина околу курето. мојот од антибиотик фати инфекција долу. му отече главчето и му залепи . бањав во камилица и мачкав антибиотска маст. За 2 дена се опорави. ..
Секоја вечер го туширам или бањам и обавезно тоа средувам . Како може за еден ден вака толку да се насобере не знам . Тоа ме чуди . @LiliBoz утре имам закажано кај Димов во Ремедика . Он ќе среди се надевам нема да треба некој поголем зафат
шо збореш бе снимај и ко ќе порасне на женските негови да пуштиш бебе кеке мочко еден мал иначе бањам со веледа и ич не му ја мислам шо му влегло внатре...
Јас незнам и од кај може да се собира па, кожата залепена презалепена е за главичката, како дел од неа е.. од каде влегува не ми е јасно. Скоро го гледаа на хирургија, супер било
Појма немам затоа и се изненадив денес. Не очекував. Да се надеваме дека ќе се среди и нашево Многу нежни искочија батковциве
@LiliBoz опасен е, да се чудиш кај му текнува. Ќе набавам Веледа и јас, штом не прави проблем сигурно е добро и за таму.
Јас со денови му го немам отворено. не ми дава да ги допрам! ни под туш ни дур спие!!! па само со влажна фаќам да не ми ја осети раката и као едно кругче вртам колку знаеш... да го размрдам. типов се срами да го видиш. ...