па гледај отвори му го колку што има можност не да употребуваш сила и да го раскрвариш секој ден малку по малку и ке успееш кај син ми уште од старт му се отвара целото и се гледа целото главче
никогаш не сум употребувала сила до кај што оди до таму. има разлика од на почеток сега повеќе му се отвора ама пак не е многу. како што читам овде имам до 2 години треба да биди скрос отворено имам време ќе пробувам од сега по повеќе.
Имам едно прашање до мајките на машки бебенца, дали кога му ставаат пелена курето му го подигаат исправено и дали има некоја медицинска причина за таквата поставеност или е само за да не се превиткува. Сум израснала со многу внуци и кај сите правеле така, но јатрва ми не им прави така на нејзините две машки деца.
Јас пак никој не ми кажа дека треба да му се отвора и така до година дена не бев запознаена со ова и кога го видов една ден потечено му беше од страните и се упатив на болница кога и го покажувам на докторката,ау ми вика требало да му го отвараш.Па и велам ти ми кажа дека тоа треба од кај да знам јас,и веднаш ме прати на хирург,тој на сила му го отвори и мака имавме цела недела додека му помина.Мој совет ви го препорачувам од еден месец да му го отварате по малу нежно онака до каде што оди и да се чисти,а кога ке наголеми малу во кадичката кога ке го капите една масажа доволно е.
Велат да се подига нагоре заедно со тестисите, ако се симнати во скроталната ќеса. Мене никој не ми кажа, јас прашав педијатар, ми рече дека се подигало нагоре за да не трпи притисок во пелените. Ама, во еднократниве пелени нема да стои нагоре, оти пелената не е залепена за телото, не го држи куренцето нагоре, освен ако не му се става широк повој на бебето. Што значи, ова било изводливо со класичните памучни пелени, и има логика дека тогаш курето го ставале нагоре за да не трпи притисок од самата пелена и при држењето. Имам читано и слушнато (по народов) дека ако не му го ставаш курето нагоре во пелената, криво ќе му зараснело се чудам што има да зараснува? I mean, hello
и мене ми рекоја да му го подигам после самото во пелената ќе си земи положба како што си сака и јас сеуште му го подигам од навика а за отворањето почнав и јас да му го отворам цело без никаков проблем малку му беше чудно ама ете и то бидна сега на секое капење ќе му го отворам цело
Кај мене матичната уште на месец му го отвори скроз...малку зајде ама за секунда ваљда го здоболе многу и одтогаш на секое бањање му го отворам и му го мијам со чиста водичка. а во врска со кревањето нагоре на курето јас му го кревам при секое менување на пелената и имам приметено (кога ѕиркам дали е покакан) дека не му е изместено а која е вистинската причина за тоа и јас незнам
Devojki znaci ova doktorite se ludi i jas ke poludam mene mi rekoa da ne se giba nikako i jas taka si ja poslusav doktorkata. E sega sinceto ima 7 i pol meseci i poslednive dva dena kureto mn mu mirisa i denes brzo na lekar mi velat nema nisto ama koga go dopre dok sfati deka stvarno mirisa a ne e vidlivo nisto loso pa napraivme analiza na urina i nema nisti. Sepak jas se plasam deka nesto ne e vo red pa znam do vcera ne sum setila takva mirizba. Utre ke odime na vakcina koja ja kasnime cel mesec i se nadevam deka tamu pak ke go vidat i ke dadat nekoj sovet. Ako ima nekoj sl iskustvo pisete ve molam.
значи стварно се луди се сложувам со тебе едни викаат отвори го други не, незнаеш како да постапиш...значи пожелно е да се чисти затоа што од самата мокрача се собира бело околу главчето и сигурно тоа мириса барем јас сум приметила кај моето бебе иако го чистиме секој ден. значи препрашај си ја матичната дали тоа може да е причина...штом мокрачата е стерилна би требало тоа да е причината
мамички сега после бањање забележав црвени точки на к.... на моето бебе само површински ги има неколку па ме интересира дали некој имал вакво искуство на друго место нема само во тој предел...дали пак може да е од промена на пелените затоа што сега пред некој ден ги сменивме?
нас кога бевме на советувалиште на две недели, докторката ни рече никако отварање до 7 години е сега ке видиме и матичен педијатар кога ке имаме тој што ке ни каже
jas koga bev kaj maticnata taja mi rece da pocnam da mu pram masaza so sekoe kapenje,pa jas toa i go praktikuvam.trebalo do 2ta godina celosno da se otvori.a do 7 godini toa e mn,sto sovetnik ke bese toj.mene mi ima kazvano mazmi.kako mal koga bil nemozel da si go otvori koziceto,i so sila koga zavlekol mu poteklo krv,a toa e bideki svekrvami nemu praela masazi ne i kazal nikoj.ne cekajte nekoj da vi kazi,toa ne e strasno.ako si budala da cekas do 7 god.togas ne ke mozis da mu go otvoris.ke treba dago secat [mod-kirilica:3e1sjs82][/mod-kirilica:3e1sjs82]
е таа е началникот на здраво дете во битола, докторката трајанка, таа така ни рече кога бевме првиот пат а инаку јас по малку одвреме навреме пробувам да му го отворам
Јас уште во болница кога бев, кога ми покажуваше сестрата во Ремедика како правилно да се бања и средува бебето после бањање, рече обавезно секој ден да му го отварам. Она на лице место му го отвори до каде што можеше и го избриша со влажно марамче, бидејќи го бањавме под чешма, а за дома ми рече обавезно на секое бањање во кадичка да го отвараме колку оди толку, без да се форсира.Баш ја препрашав дали мора да му го отварам и ми нагласи обавезно тоа да го правам за да избегнам компликации во иднина, бидејќи немало зијан од секојдневно отварање по малку, не е ниту болно, ниту стресно за бебето. Јас му го отварам 2-3 пати на секое бањање и можам да приметам дека за месец дена му се отвара за некој милимиетар повеќе од почетокот. Би требало во иднина да се отвора целосно.
наводно идело до проблеми со мочните канали и бешика и бубрези ако не се отварало од почеток. свекрвами не го отварала и на мм му го отворил дедому на 6-7 год многу го здоболе и денденешен се сеќава.
мене на почетокот ме беше страв ама сеа ко го фатам полека нежно фраеров си ужива ни да мрдне ни ниш дури се смешка се навикна и мене ми рекоа после бањање дека кожата била по еластична и полесно идело и сеа имаме 4 месеци и матичната ни рече дека супер било за возраста па сеа на наредна контрола ке видеме што ке казе,а сакам да ве прашам нз дали е за овде прашањево ко си дојдовме од болница двете доле јајценца му беа долу и докторката кажа дека се супер но сеа забележав како едното му иде нагоре па дали е можно да направи проб Спојлер (ова прашање ке го поставам и во темата прашања и совети за мајки...)
По долго примање на совети од разни квази , отвори не отвори, сватив дека најдобро е да си слушам свој инстикт, па земав полека полека секој ден при менување на пелена , и кога се бањаме помалку отварам само онолку колку што оди , до каде што може, не се побунил до сега и гледам дека полека полека се отвара секој ден се повеќе и повеќе , а што се однесува до јацињата тие се долу , ама педијатарот воопшто не го ни погледна долу за да види каква е ситуацијата , а според мм ( он си ги има ) вика дека се во добра состојба ...
Нормално е јајценцата да се повлекуваат нагоре кога му е ладно на детето. Ама следете ја состојбата, затоа што кај мали бебиња постои можност да се вратат горе. Не е тоа чест случај, ама битно да си бидете мирни. А како ќе знаете дали се двата тестиси во скротумот - ставете показалецот од едната рака над тестисите, на коренот на куренцето од долната страна (ме разбравте? ) а со показалецот од другата рака пипнете го скротумот одоздола нагоре, и ќе осетите дали и двата тестиси се во ќесата
вака не се многу разбирам во тоа кесичката што ја јас викам се и двете но едното секогас му е погоре а едното подолу и постојано едното си е од едната страна др од др се така ама на почетокот нз како беа искрено и сеа нз дали така треба? Спојлер малку сум глупа за овие раб ама никогаш ме немаше интересирано дека ми е срам да зборувам за тоа а и не сум била мајка предходно.
и јас сум приметила дека на моето му се подигаат нагоре и тоа стрикно на пресоблекување изгледа од ладното и го оставам некој период така гол и му се симнуваат така си проверувм дали е ок...а и маж ми го проверува најубаво отиди кај матичната и побарај да го види така ке ти биде најмирна совеста обично на првиот педијатарски преглед го проверуваат тоа и ако тогаш е се во ред мислам дека покасно и нема да го има...