Може и да не го чепкате поубаво. Еве, јас имам две машки, и на двете од раѓање им го отварав, кај големиот немаше никакви проблеми. А кај малово не се отвораше, ептен малку едно дупче. Го носев на хирургија околу годинката, ми рекоа после година и пол пак да го однесам да го отворат. Некој ден пред да наполни две години се воспали, разви баланитис, па пиеше антибиотик, па ми рекоа кога ќе помине, да го однесам да го отворат таму. Ама тетка ми (педијатар) ми рече да не го носам за џабе, ниту пак да му го отворам, дека некаде после две и пол, три години, ќе почне да се отвора повеќе, мое е да пробувам повремено. Сега пред некој ден пробав, се отвора повеќе, е друга работа е тоа што не дава да го отвориме, ама ете, на сила го правам тоа, се отвора. Сакав да ти кажам да не се секираш, навистина се отвори повеќе, без да го малтретираме детето на хирургија.
Кај нас никој не сака да проба само јас, свекрвами, мајками и мм се плашат, поради тоа мм е сечен на 4,5 год од што не му го отворале, а на брат ми ко бил бебе му го отвориле и неможело да се затвори па му потекло и така гол на болница го носеле, сите си имат трауми, ама јас не му се плашам пробувам, ама нејќи
Затоа е битно да се отвараат уште како бебиња. Мали се уште вашите и твоето и на Лавица, имате време да им ги отворите. На почеток знам оди тешко, ама ако не покажуваат знаци дека ги боли не се плашете да повлечете малку повеќе. После бањање кога е распарено или намачкајте нешто мрсно, јекодерм/павловичева па потоа ќе измиете убаво. Има педијатри што советуваат до годинка да не се чепка, ама јас сметам дека баш до годинка кога не разбираат е право време да се отвори. Потоа и да сакаш ниедно дете нема да дозволи таму да го чепкаш ако не е навикнато со време. А и досега немам слушнато за ниедна компликација од отварање, туку само од неотварање.
Здрсво мајки ние денес бевме на синко 22 месеци да му го отворат тулето пошто долго време не му се отвараше и бевме во двоумење дали да одиме или не. Докторот на детска хирургија му го отвори, исчисти и му стави гелче некое. Ни кажа само да му давам парацетамол за ублажување на болката и течности повеќе за да не се стиска за мокрење. Сега оно кога му се мочка зајдува од плачење и не знам што да му правам дали даго седнам во коритце да му го отворам или да го оставам така... некоја мајка што поминала низ ова да ме подучи.
Треба да се отвара и дома зашто пак ке се залепи, со син ми така се случи и еве неможам да се решам пак да го носам
Ден, два трае тоа печење... ставај го во коритце со топла вода, ке си мочка таму ако не мочка во пелената. Инаку отварај го обавезно, зашто може пак да се залепи.
И ние имавме проблем со синко бебе кога беше во Државна детска хирургија и докторката го отвори.Потоа дома со чајче од камилица го миевме и Гарамицин маст ни кажа да му мачкаме
Jas ziveam vo stranstvo i imam mashko bebence. Sega e godinace i tuka kade i da prasham mi kazaa nikako gibanje i deka do 12 godini samo ke se otvori. Imam i prijatelki od razlichni drzavi so mashki deca site istoto mi go kazaja, deka vo nivnite drzavi ne smeelo da se giba a i poveketo ne mozea da razberat shto mu zboruvam. Isto taka dokolku mu go otvorash kureto na bebeto tuka se smeta za seksualna zloupotreba. Samo iskustvo od stranstvo, bez napagjanje ve molam
Мајки гледам дека темата е малку другачија но сакам да прашам дали им ги поткревате тестистите при преслекување на вашите бебиња?
Му се слепи малку курето ама на 5 години и неколку месеци, чаре? Со крем може да се одлепи? Секој ден по миење да му го одлепвам по малку и крем да му ставам
Крем на жешково не би ти препорачала, да не се развие некоја инфекција... Одлепувај секој ден, на секое мочање, ако оди тешко може да намачкаш, ама потоа одма да го измиеш.
Никако, каков крем? Ќе си одите на хирургија, минутка работа е. Од крем може само да го инфицирате. Освен ако имате сила да купите лидокаин и да пробате сами, капнете лидокаин на врвот, дали гел, дали спреј, дали капки, што ќе најдете, па отварајте сами, не полека, наеднаш, оти полека само ќе го боли. Е после обавезно антибиотска крема. Ама најпаметно да одите на лекар. Јас искрено не ја разбирам оваа практика на неотварање ама ич. Ние од раѓање му го отваравме, само што падна папочето, се беше супер и се отвори скоро цело ама фати варичела и веројатно беше нафрлен и на курето не го отваравме неколку дена и кога го видов имаше што да видам, отечен, црвен, како пиперка, го однесовме на хирургија и го отворија скроз. Докторката рече дека задолжително треба да се прават вежби за отварање и понатака иако веќе скроз е отворено, зошто кај машките има многу набори на кои се собира прљавштина и треба да се мие тоа.
И кај синко на почеток го отворавме,ама еднаш му беше распукана кожичката и докторот рече да паузираме и попомалку да го отвораме. Оттогаш почна се помалку и помалку да се отвара,за вчера да видам дека се залепило целосно.Едвај малку успеав да го отворам,излезе малку бело,ама ептен малку се отвора,колку дупчето да се види. На колку време се носи на уролог. Постојано си го тегне,пипка и не дава пелена да му ставам. Се гледа дека го боли. Пробувавме и во вода,и со крема не сака никако.
Пробај малку посилно турни на кожичето не го болеше баш уживаше моево само пред да отвараш нека седи во вода барем 5-10 мин за да омекни кожата. Од 2 месеци почнав дури на 6 цело се отвори ко турнав посилно ќе пробам да обј како се отвори: некој со каначе да тура вода дирекно на врвот на ку*ето под притисок, едно 20см високо да е каначето и ти да отвараш, вака неколку пати и се отвори, нз дали ме разбра, нз како да опишам
Девојки да ве прашам,дали на бебуши во пелена му го местите курето нагоре, кога и да му го наместам нагоре жива вода е одма а пелената сува, пробав со сите можни пелени, а ако не му го ставам нагоре супер си е, цела вечер не прокиснува. И дали има некоја штета ако не се мести нагоре?
Доколку не ти е кажано од педијатар да кревате не мора. Јас 2 месеци му го кревав со пелената ради водена кила,еве сега ја нема вејќе па ми рече дека нема потреба
Нема потреба да се мести нагоре, тоа се бабини деветини, јас така на почеток слушав и ми протопи 3-4 пати пелената, после прашав педијатар и ми кажа дека нема апсолутно никаква потреба од тоа.