И кај малово беше така, и да ти кажам право, го оставив. Не го чепкав воопшто. Направи три години, и вчера првпат го отворив. Се отвори скоро па целосно, без распукување и без тешкотија. Иначе, некаде пред годинка бев на хирургија да го видат, рекоа ќе го отворат на година и пол ако дотогаш не успеам јас. Тетка ми (педијатар) ми рече да го оставам така, да не го чепкам воопшто, само редовно при бањање да го киснам и мијам убаво без отворање, накај две и пол до три години би требало само да се отвори. И така и бидна. Инаку лани имаше и баланитис, воспаление предизвикано најверојатно од стафилокока, целото му беше отечено и црвено. Тоа нема врска дали е отворено или не, може да се појави кај сите. Стоев на ставот дека мора да се отвора за да се избегнат понатамошни проблеми и трауми, ама ете, изгледа и педијатрите од развиените земји се можеби во право што не дозволуваат да се чепка воопшто.
Cefalexin сируп и редовно киснење во купка од камилица. На првото киснење излезе еден куп гној. После тоа имаше многу помалку, и веднаш спадна. Локално мачкав Гарамицин на отворот. Сирупот си го испи цел.
А го пипкаат ли вашите бебиња? Секое менување пелена си го тегне,го пипка,го штипе и не дава да му ставам пелена? Дали е нормално или го боли/чеша па така прави? 8 ипол месеци е. За отварањето што се жалев,го виде педијатар,рече да пробуваме,ако не се отвори,после годинка да го водиме на уролог. @Annath како подготвуваш купка за киснење,и колку камилица ставаш. Претпоставувам дека во помало кадиче го ставаш,зошто во корито нема да ми стигне цела шерпа. Тоа ли бело што се собира под кожичката е таа инфекција или не? Потечено и црвено нема,ама под кожичката кај што е залепена се гледаат бели точки.
Нормално е, така и треба да прави. Доктор ми кажа дека е и пожелно, а зошто, не ми објасни. Машките може да се чепкаат, девојчињата не смеат.
И моево си го тегни се чудам како не го боли. Не е инфекција, на синко така му беше бело на 3,4 месеци, непамтам точно и докторката ми рече да му го чистам со камилица и да мачкам павловичева, тоа белото е насобрана нечистотија од кремите и од пудри во прав, јас пудра редовно користам на секое преслекување, па му се исчисти за ден-два тогаш, после на 6 месеци кога конечно се отвори цело беше бело внатре дури и се зачудив колку било внатре нечисто и на секое отворање му го чистев со памучна газа, и на 3тото отварање цело беше чисто.
Женки на кој начин им го отварате , јас го отварам до некаде ама не сум сигурна дали е тоа така како што треба?
Ние на секое капење го отвараме во коритце со водичка и го миеме убаво ,а после му го премачкуваме со кантурово масло купено од аптека .Вие како одржувате хигиена?
Се мие само со вода нема потреба да мачкаш со кантарионово масло Педијаторот ќе ти каже дали е ок отворено, треба цело главче да е излезено од кожичката
На нас докторката ни кажа да го мачкаме со маст Гарамицин,бидејќи после секое отварање му напукнува кожичката,па да не го боли и пече. На почетокот целосно му го отворивме,ама отпослесе залепи и сега едвај малку се отвара,кај и да е ќе треба и на уролог да одиме. Сеуште пробуваме,ама никако не се отвара повеќе,а и синко не дава да го пипаме многу.
Ништо не му е ако е црвено, нормално е, со тек на време ќе се изгуби црвенилото и нема да се јавува повеќе. Ептен ако го пече и приметуваш дека несака да мочка тогаш може малку павловиќева онака во друг случај нема потреба од ништо. Зошто па Гарамицин ?! Он се дава ако има развиено инфекција, бактерија...и не се мачка подолго од 7 дена. За уролог ви е рано, треба до 3 год. целосно да биде отворено па тогаш се реагира а меѓувреме на секое бањање да се отвора и мие со чиста вода.
Така ни кажа докторката,бидејќи му напукнува кожичката и рече дека е антибиотик па да го смирува,да не го боли. Ни рече и пред секое отварање да го намачкаме,па да отвараме. Ама и мене ми се виде дека тоа би било многу често,па го мачкам ако ептен му е напукнато и секако ќе го боли и пече.
На извештај од педијатар ми пишува: "препуциум се отвара" Ова значи дека му е веќе отворено или? Тогаш бев за друго нешто,и сум заборавила да прашам. Не обрнував многу внимание на ова до сега. 2 месеци сме. Неколку пати до сега му го имам отворено само. Дали да почнам да му го отворам почесто?
Нека споделат поискусните мајки со поголеми деца. До која возраст треба целосно да е отворено? Пример, ние сме три години уште го.отвараме, тоа оди до доле скоро со отварање, ама вака не е отворено (како на возрасните) само од себе. Ме разбравте нешто?
до 3 год треба да излезе цело главче Отворено само по себе како кај возрасните ако те добро разбрав само кога е во ерекција
Хмм, во ерекција му е отворено инаку не, го тргам јас и така е до доле отворено. Ваљда во ред е. Секако мислев и доктор нареден пат да прашам.
Ама и на возрасен не му е отворено ако не го отвори, или ептен возрасен маж во полна ерекција. Те разбирам што сакаш да кажеш ама мислам дека до пубертет нема потреба да седи отворено. Е после пубертет, кога стануваат сексуално активни веќе сакале нејќеле ќе се отвори само ако не е отворено. Ај јас едно банално прашање да прашам. Кога мочкаат децава, млазот оди право или? Сега кога мочка сам во шоља или писоарче приметувам дека млазот е на страна, не оди право. Не е дека сум исплашена, само љубопитна сум.