Матичната ни кажа дека така се собирало бело,и на возрасни им се појавувало.Ете ти кажав дека брзо се повлекува гледаш и кај вас е така.Првиот ден и нас ни беше така и секој ден се намалуваше.Не се грижи не е ништо
Да, да, се губеше и кај нас. Може да е ништо апсолутно. Јас со сите уролози што сум комуницирала сите ми имаат кажано дека најдобро е да се отвори скроз од здравствени и хигиенски причини.
Нас кога не испуштија од болница ни рекоа после 2ри месец. И кога бевме на контрола точно ма два месеци педијатарот ни рече дека може да започнеме со отварање
Мене ми кажаа докторот и патронажната сестра после 2 месеци по малку, јас така правев, во капењето, прво да постои во водата да омекни кожичката и после само 2, 3 пати надолу нежно туркав, вака до 6ти месец понежно, на 6 месеци турнав посилно и со помош од млаз вода се отвори цело главче, внатре беше цело бело, од пудри од павловичева, за 2, 3 отворања се исчисти цело.
Мајки наполнивме веќе 5месеци , но сеуште не ми е целосно отворено. До кој период обично треба да се отвори целосно? Секој ден се бањаме и го отварам , но не е излезено цело главче, со вежби полека на неколкунпати му го повлекувам , но не е тоа тоа. Дали да повлекувам се додека ќути , да не му создадам болка ми е мисла?
Повлекувај додек ќути. И јас така праев не знаев дека до крај треба,се плашев да не го боли за да на крај заглавивме у болница. Чим ќути гајле немај мајче
Споделете ако има некое поучно видео како треба да се отвара кожичката. Дали се повлекува повеќе пати горе доле? Дали после секое бањање го правите тоа? Дали ставате капка кантарион на главчето?
На секое бањање горе доле помалце додека го бањам во малце топличка вода после бањање само промивка со камилица правам,зошо обично знае да го чешка од памперсот па спас ми е
Мајки,тие што сте го на сила отвориле курето,мислам кај доктор,да ве замолам за совет како полесно да ги минеме деновите после тоа. Давате нешто против болка,мачкате?
Здраво мајки. Нас педијатар ни препорача да не пипаме доле ништо, еве 5 месеци сме, не дека и нешто има што да се пипа. Скроз му е затворено курето.. На бањање отвараме колку што може, ама тоа што треба не излегува. Страв ми е на сила, нема шанса да пипкам. Имала некоја искуство со скроз затворено куре? Ќе се санира само, или хирургија не ни бега?
И на моето му беше скроз залепено,ептен мало дупче и кога мочаше му се дуваше,Го однесовме на хирург и он само му го рашири т.е го одлепи со инстумент а ние дома понатака малце по малце отваравме
На моето не му го отвори туку дупчето му го подрашири па не го болеше,ние дома секој ден по малце отваравме и воопшто не го болеше.А знам на некои хирургот им го отвара или сецнува.Додека беше залепено фати ешерихија коли па повеќе плачеше од тоа што го печеше при мочање.
Здраво Син ми има 8 месеци и вчера приметив дека има такво бело на курето. Педијатарот ми кажа дека не е ништо страшно(и пратив слика) но мене ме фати паника што е бидејќи сега со вирусот и не можам да отидам да го видат во живо. Дали кај вас го снема?
Собрана нечистотија од креми и пудри и моето имаше така не памтам месеци, негде 5 мислам, со камилица го чистев и за 1 ден се исчисти.
Mamicki denes go otvorivme kureto, bidejki poveke vreme mu stoese kako belo gubrence, no za zal ne mu go do izvadovme celo bidejki mnogu placese i sega koga mocka place i odma prekinuva. Osven caj od kamilica so moze drugo da se macka, i kolku vreme ke treba za da mu zazdravi