Колку примери си слушнала дека настанало проблем при отварање? Јас искрено ниту еден. Додека кај тие што не отвараат секое второ е со инфекција, баланитис, па има потреба од хируршки зафат, терапија и сл. Така што јас сметам дека многу е подобро уште веднаш да се почне со отварање, ем ќе се избегне сечење, ем е далеку похигиенски, не замирисува, можеш убаво да го измиеш (син ми одамна и сам си го мие на бањање).
Така е не знам зошто поедини лекари советуваат да не се отвара..и зошто да не се отвара никој не кажува...
Исто ме советуваше и мојот педијатар да не се чепка, кога го прашав зошто ми одговори дека кожичката си има своја заштитна функција и штити од бактерии, ако се отвара изложено е на инфекции. Јас лично не го послушав и на секое бањање му го отварав по малце, исто како на сликата од предходната страница
Ние за некој ден правиме 6 месеци, по препорака на педијатар не отворав ама вака како што читам сакам да почнам. Се трудам, покушавам ама не ми оди нешто посебно. Му го чистам нежно тоа што фаќа како бело на секое менување пелена, а отворањево тешко оди. Знам дека најдобро е при капење, вие колку често отворате (и дали за време на капење или кога го облекувате)??
А кај гледате бело? Јас му ја спуштам кожичката до каде што оди и ништо бело не сум видела. Додуша многу надолу и не оди
И јас не гледам бело никаде, кај син ми е како на првата слика, пд пред некое време му е така, јас па мислев се отворило и така треба да биде значи уште работа има.
И јас се префрлам Сега баш го бањав, изгледа како пола главче да му е отворено според сликиве. Црвенко главче треба да ѕирне на повлекување?
И јас се префрлам и го копирам истото од совети*** Мајки кај моето уште кога се породив му ја имаа како засечено кожичката што се отвара на ку*ето. Докторот нешто му објаснувал на мм како и зошто ама јас сепак не можам да ја сфатам причината.Кај него се отвара лесно поради тоа и скоро ќе можи и целосно да се отвара.Педијатар ни рече да го отвораме на секое бањање и да го чистиме. Е денес од прво му се вцрви кожичката а од кога го избањавме после некое време кога му сменував пелена гледам дека му е и потечена. Не сум сменила ништо, ни пелени ни крема а за чистење не користам никогаш влажни туку од тие марамчињата што се натопуваат во вода. Кога го допиравме со мм воопшто не реагира како да го боли потеченото туку нормално се однесува. Утре го носам обавезно на лекар ама ако некоја имала сличен проблем нека сподели, го мислам цело време.
Јас понекогаш му ја тргам нежно кожичката до каде што оди, никако на сила или повеќе. И тоа не многу често пример еднаш неделно, откако ќе го искапиме и пред да му ставам памперс (во вода ми е потешко и да го држам и да го чепкам), не на секое капење, а можеби и треба не знаСи велам тогаш од капењето му е омекната кожичката па полесно е. Така и му го чистам, има како ситни бели како да ги наречам, ѓубренца . Но, се уште далеку сме од отворено, онака како на сликата цело главче да е надвор.
Ние секој втор ден го бањаме и му го отварам и секој пат по малце се отвара, најубаво ти е на секое бањање полесно ќе се отвори и помалце проблеми ќе има
Исто и ние секој втор ден го капиме, но си мислев да не му го чепам многу. Но, можеби подобро е така.
Ако не му го птвараш не дај боже може да отече па после во болница ќе завршите поголем проблем подобро малце и насилно ако треба да го подотвориш одколку да не се чепка и да ти е страв ризик од отварање нема али од не отварање многу има
Ние сме 1 годинка ама до сеа не му го отварав баш поради тоа што педијатар ми рече да не чепкам , сеа почнав по малце ама не се отвара како на сликата ,дали има шанси да му се отвори без лекарска интервенција ??
За да се отвори така не може од еднаш кај мало бебе после 3 месеци е отворено скроз а ти сега имаш почнато треба време и редовност
Мајки пред неколку дена му се вцрвени главчето на машкиот полов орган на синчето (17 месеци има). Педијатарот ми кажа дека треба да се отвори главчето и да се исчисти, меѓутоа да не запнуваме на сила, туку да го мачкаме само со крема chloramphenicol. И еве веќе трет ден како го мачкам меѓутоа почнаа да му се појавуваат брункички околу него и кожата му стана груба и како исперутена. Дали некој од вас имал слична ситуација за да ми каже дали тоа е нормално или јас фино лепо да си фатам патот и правец кај педијатар?
Хлорамфеникол ни препишаа и нас зашто еднаш после отварање имаше траги од крв. Отварај го на секое бањање кога е убаво омекната кожичката, малку повеќе од тоа што дозволува. Ако пукне некаде кожичката или се појави крв намачкај го со маст. Веќе ако сакаш второ мислење носи го на уролог, со самиот преглед може да му го отвори.
Знам дека не е темата за тука, ама нд најдов соодветна, па... Колку често бебињата/децата имаат ерекција? Колку е нормално? Еве пример јас кај синко одамна не сум забележала, дали дека е со пелени не знам. Иначе е 2 години, и не знам дали тоа е ок, или загрижувачки?
Во Германија не советуваат оварање на кожичката на курето, оти е залепена и штити од бактерии. Истото важи и за бањање, не се бања бебе секој ден и првота бања треба да се случи кога ќе му падне попочето. Јас на синко не му го отварав курето воопшто, сега речиси скорз отворено. Има само мал дел на едната страна кај што е залепено,ама може да се исчисти. Инаку е речиси 5 години. Како што читав по форумите кога ќе почнат да мастурбираат сами ќе ја отворат кожичката до крај. Така да не чепкам таму.
Може ли да те прашам кога почнавте да го отварате курето? Како се отвори? Полесно ли се отвора покасно? Кога се отвори целосно? Дали на бањање само го отвораше? Малце повеќе прашања Видов дека по ново литетатурата и искуствата викаат да не се отвара на бебе. Педијатриве викаат по 3-4 месеци. Јас се обидов неколку пати да го отворам. Тегнам додека се истегне кожичето и на врвот се покаже дупче. Значи не се гледа главчето. Претпоставувам дека за да го отворам треба повеќе да затегнам. Мене ми е страв, секако ќе се пукне или ќе се скине кожичето за да се отвори. Па ќе треба после да го лечиме со масти и камилица. Можеби би го оставила и за подоцна отварањето. Од искуства на други, викаат што порано, тоа подобро. Малку ќе поплаче, ама бар ќе може да го отвора. Не знам што е попаметно.