И кај моето е такво горе на врвот,а сега и дека го отворивме и доле е така и јас се извадив од памет мислев инфекција ама не е
И кај него е отворено хирургов кај што бевме ептен му го подотвори сега само го миеме со вода Епа добро чим е кај сите така да бе се секирам. Уште па вчера викам леле малце е мочан ете не може да мочка панико денес супер измочкана пелената
Рече да се подотвара и да се мие со вода на бањање не мора веќе понатака да се вежба, он кога че порасне ќе си го подотвара. Ова хирургот ми го кажа мојот педијатар нема мислење никакво за ова
И мојот педијатар рано е не го отварај толку а братучедот нејзин на 30 год операција допрва ќе му го сечат беља му се направило. А во систина отварај го слободно не го боли подобро вака и јас ја послушав некако по прифатливо ми е да нема мака одколу да чекам па не дај боже да има мака
Абе еве внук ми сега ќе оди хирушки 5г има им дале фора уште некој месец да проба сам А исто педијатарката не им кажала ништо поима немале и толку. А во систина бев напреглед не да плашам луѓе, ама имаше 2 3 машки дечиња ради тоа дојдени уште трауми имам од викањето
Ај и тука да прашам не ја видов темава. На малиот супер му се отвара курето, ама вчера гледам нешто белко на главчето и со влажна марамица да исчистам малце протече крв. Денес гледам кожичката е испукана. Ставив Грамицин.Што да правам? Сега пред една недела на лекар го видоа све супер.
Од кога почнуваат машкиве да си ги фаќаат курињата? Моево кога е голо, си го тегне и стиска, ваљда не може да се повреди, нели?
Хаха исто почна и мојов, го снимав кога си го откри, па каква среќа беше тоа, си игра, го тегне, се радува Сега си имаме ритуал на секое менување седнува да си поигра, па ставам пелена
Тогаш и јас ќе го оставам така, гледам пелената си ја дрпа кога е облечен и седи Смешки ми е Како го згмечи првиот пат, се исплашив И мешето го стискаше, црвени траги си остави и на меше и на куре.
Ништо не му е и на моето имаше белко го тргнав со влажна а за испуканото ништо му немав ставено само помада и готово и одма пројде. И тоа што е испукано не ги боли иако има крв,може само од ладно да ти изреагира ако го избришеш со влажна или лафна вода па да заплаче иначе не(ова од Систина педијатар ми го има кажано) штом се отвара добро без гајле нашево е од едната страна скроз отворено од другата уште малце и комплетно ќе биде
Мене еднаш одамна докторката ми рече Хидроциклин да му ставам ако некогаш при отварање пукне кожичката.
Истиот совет го добив. Ќе мачкам да видам дали ќе се повлече. Не му редам никаква павловичева можно ли е од сувост да испука?
Не, ни јас ништо не мачкам. Само при крај на бањањето му го отварам и чистам кога е омекната кожичката за да не пукне, инаку не го дирам.
Еднаш го оставив гол за да земам пелена, го облеков, си тераме. По 2-3 саати, вадам пелената, како мачки да го грбеле. Партал се направил со ноктите.
Да прашам искуства ве молам, од матична ми беше кажано да не го отварам курето на бебуш но јас по малце при бањање колку можеше го отварав, но се отвараше многу малце, сега сме 1 год и 9 мес и бевме на децки хирург, ни кажа дека мора интервенција значи да го сечнат, ??? Ве молам за искуства??
Ако ви кажале дека треба значи треба, подобро сега одколку да се направи проблем не дај боже.Грешка на матичната и била и ние имавме таков совет од матичната среќа не ја слушавме си ја слушавме докторката во Систина еве го 5м е и отворено му е скроз.Не е страшна процедурата само во вакво време што треба по болници да се тргнете
Каде го носевте на хирург? Внук ми има 5г не му е отворено скроз му дадоа фора уште неколку месеци да се обидува сам а после тоа ќе мора да го сецнат да побараш второ мислење? Они беа во ремедика кај др Ацо Димов мислам беше.