Можеби е различна ситуација јас малиот го носев во систина кај Ристо Симеонов закажи си второ мислење Го носев за кила и му го отвори куретп рече добро е не мора да отварате самп малце колку за хигиена. И мене мојот матичен ми вика не треба, во диспанзер за вакцини ми рекоа не сте отварале ништо хирургов трето кажува и така сите различно. Ние отвараме во полна кадичка и миеме. Оди најдобро кај овој во систина
Еве да се вмешам и јас во дискусијата. Живееме надвор од Мк,сите прашани педијатри согласни да не се отвара ,ги послушав.Што е правилно не знам,читајки ве овде мајки ,ме замислите и мене.
Има мака или за да биде отворено? Мојава матична рече до 4г ако нема мака ништо да не се прави, но да се работи на случајот Ако не му се отвори до Х возраст, не знам која е границата, ќе мора после сунет Блиско дете дозволија на 18г сунет да прави, детево сам се пожали имал мака
Кај сите нема да се јави проблем ама кај некои може да се јави е сега дали за 2,3 или 5 години не се знае. Јас го отворив за да нема проблеми понатака не дај боже па да се влечам по лекари
Роднина сега скоро правеше на 30 се пожали па сунет му направија непишано правило е на која возраст би се јавил проблем
Реално што помал подобро, ама јас не би брзала, боли тоа, секако и кај помали мора друг да работи Секако постои ризик и од повторно слепување, инфекции и пред да се тргне памперс не знам ни колку е добра опцијата за сецкање.. Инаку мојот сам си среди таа работа
Мила бевме во систина, докторот му го отвори курето детево рика плаче од време на време , ни кажа пак да отидеме во среда да му го отвори пак, и да го мачкам со миробакт , леле сега си викам да не не требаше, со кога ќе го боли вака???
Не знам искрено кога чекав ред имаше и други дечиња на 2 3 години со плачки внатре издржи подобро сега добар е доктор е сигурно си ја знае работата
Што ми треба за Хигиена на машко бебче? Имам ќеркичка, за неа влажни и павловичева користам ама за машки имам видено дека ставаат и пудра.. Може глупо е прашањево ама морав да прашам
Мене тука тројца педијатри и детски уролог ми рекоа дека по малку треба да се отвара, да се чисти ако има нешто и со тек на време скроз да се отвори. Без разлика што ќе кажеа педијатрите, кога уролог ми рече верувам дека треба. @momomo Мајка не се нервирај, колку помало толку побрзо поминува. Подобро вака отколку хируршки, стисни заби издржи, ќе му помине за брзо. @mamaJana Ништо поразлично не ти треба, истото што си користела за девојчето. Јас и крема многу ретко ставам (кога беше помал ставав почесто) сега само по потреба ако гледам дека почнува да црвенее. Ништо поразлично освен ова со отварањето на курето ама кај нас таа обврска е на маж ми
Кај курето беше вцрвенет не знам како да објаснам како спурено му беше кожичето испод и педијатар рече пудра да ставам па почнав да користам
Мајки совет ако може. На мали од мал му го подотваравме на бањање курето по малку, баш онака како што се советува тука кај нас, по малку нежно, до каде се може и сл. Сме немале никаков проблем нити со препарати за хигиена, кожа, инфекции ништо од тоа. Значи се одеше како што треба се додека една вечер (тогаш имаше 3.5год) не се пожали дека го пече и боли, го отворив тогаш јас (малку на негобо противење повеќе) и имаше бело и го исчистив. По неколку дена го однесов во ремедика кај др Ацо и он го отвори до кај се може (ништо на сила) и ми рече пробувајте колку можете демек сам да го отвара ако не ваша е одлуката ако сакате може на пролет (за сега периодов мислеше) дојдете ќе го сецнеме као хируршки зафат. Од тогаш натака дете 2-3 мес никако не даваше ниту јас ниту он да го чепнам таму доле и јас си реков ок не дава на сила никако ништо не му правам. Пред месец два со мн тактики и зборување успеавме до тоа сам да си го пофотвара без проблем. Но од едната стр се уште е залепено т.е се гледа дека не е убаво отворено. Во април ќе полни 4. Ваше мислење дали да го носам на хирургија да му го отворат скроз, или да продолжам со него дома сам, ама до кога и што би постигнале?! Извинете на долгиот пост, многу сензитивна темава кај машки деца, блазеси ви на тие што сте немале мака ваква
Имам две машки 3 и 1 год и мм им ги отвара на секое бањање.На поголемото му беше залепено го однесовме на хирургија малце го отвори го намачка со нешто и ни рекоа пак да дојдеме на сечење,но дома за еден месец успеавме да го отвориме сами,пробувавме на секое бањање и успеа.Пробувај и ти дома биди по упорна ,по малце остварај,секој пат иди малце повеќе и ќе биде.Со искуство од првото ,на малото почнавме после 1виот месец да го отвараме.Многу педијатри викаат да не се чепка ништо,но потоа доаѓа до проблем.Сепак под кожичката се собираат бактерии од што мочкаат
Мајки бевме во систина нели му го отвори докторот еве денес пак ни беше закажано повторно му го отвори дете рика плаче , и пак ни кажа да одиме во петок и ни кажа дека може ќе треба со хируршки зафат, леле стресови само џабе, оваа недела