јас сум мајка на машко 9 годишно дете и нормално е да се биде едното погоре па ке се спушто подоле и контантвно се двизат горе доле али ептен по неколку сантиметри лошо е кога едното јајце ке се качи скроз горе т е ке го нема во кесичката
Нашата матична инсистира да не пипкаме ништо до годината, само да се измива како што е, а таа на секоја контрола го проверува и пенисот и скротумот и вели дека е ОК! Ако имало нешто, таа ќе ни кажела. А го бањам со мм, кој ја чу док кога рече нема пикање и сега не ми дава да му се приближам на малиот... се надевам дека се во право....
Јас му го отворам, при менување на пелена еднаш дневно обавезно го чистам инаку се фаќа беличко и кога се бањаме исто го повлекувам кожичето. Еднаш повлеков посилно по совет на мм и малце го раскрварив се извадив од памет и се расплакав, а тој ни да бекне. Тогаш ми беше јасно дека не го боли и сега за сега малку му се гледа и главчето. Искрено не знам колку треба да му се отвори ама повеќе посилно не повлекувам страв ми е.
Полека, не форсирај. Може да се случи од нигде никаде да има крв на пелената, а да не си му го отворила. Ако му е стегната пелената, може да дојде до триење на кожичката при мочкање (оти нели му се дига кога мочка), освен тоа, нели има активен рефлекс, ерекција, иако е мало, па може да дојде до повлекување на кожичката и мало раскрварување. Не е страшно. Може на пример, кога ќе го бањате детето, да го седнете во коритото, а куренцето да му го ставите во сад со камилица, и полека да му го отворате и да го исчистите. Ова помага ако се појави црвенило на кожичката.
Да го споделам моево патешествие со отварање на курето. Значи јас уште од болница кога си дојдовме и почнавме да се бањаме редовно го масиркав и чистев но за отварање немаше ни трага ,чекав време да помине на 4 месеци отидов на лекар и ја прашав матичната ,кога го виде ми даде одма упат за на хирургија да го сецнат а немаше ни инфекција ништо ,јас не ја послушав го однесов на друг педијатар и таму ми вика каква хирургија продолжи по малку без отпор на секое менување на пелена и ако се зацрвени местото или острана ако пука кожичката герамицин маст да ставам и јас се така до вчера ,каде што забележав од пред некој ден неколку бели точки но никако не можев да ги исчистам . Се заинатив знаев дека ако го однесам на лекар пак ке ме препратат на хирургија и решив да пробам малку повеќе да го отворам ,малиот негодуваше но мм го држеше а јас малку со герамицинот мачкајќи го отворив и почна да излегува бело насобрано денес е отворено курето сеуште излегува бело не го форсирам да го исчистам одма бидејќи гледам дека го приболува ако го повлечам повеќе. Навистина денес не се знае што е правилно бидејки толку спротиставени мислења има за се па и за оваа хигиена кај машкиве деца ,како и се друго останува сами да одлучиме што и како ќе правиме.
јас на секое отворање (мислам дека му е цело отворено) наоѓам такви бели и ги чистам колку што можи повеќе јас мислев дека се од пелените, а што се тие знае некој???
Кога се препорачува со повлекување на кожичката? Дали уште сега додека е помало е подобро оти не е толку болно или нема врска? Или најпаметно е да го однесам на хирургија?
јас почнав уште кога беше син ми 2 недели, и еве сега веке скроз му се отвара, и се нормално функционира, така да полека помалку ако не си почнала препорачливо е да почниш да му го отвараш.
Јас сеуште не сум почнала да му го отварам, а и на педијатар до сега ништо ми немаат кажано, а и мене пак ми е срам да си прашам , мајка ми вели може да му го отвараме одвреме навреме ама не сме до сега пробале, што знам , си оставив така, а како вие му го отварате и колку пати во ден или недела ? Неискусна сум па затоа си прашувам
јас после секое бањање на почетокот му го отварав тогаш ептен помалку беше, а сега во денот може 2 3 пати за да му ги исчистам тоа белкото, оти матичната рече ако не му го чистам белкото може да добие инфекција и или скроз да му се залепи курето па да помодрело или потечело и тогаш ги сечат како што му прават сунет на муслиманите. самиот процес не бил толку страшен ама пред тоа децата осекале болки. отварајте му ги по малку колку може толку само не ги оставајте да се залепат горе и чистете му го тоа белкото, ако не можете додека го бањате тогаш влажна марамица измијте а со топла вода и со тоа исчистете му го курето.
мајкички дали е нормално тестиси да се црвени долу ниско, ептен сме тазе незнаеме ништо а на преглед ке го носам во понеделник. Ако знае некој нека пише. позз
Ние почнавме па прилично одма да му го отвораме курето, но педијатарот ни рече до 3 години ништо да не му правиме незнам на што мислеше
Моево маженце веќе сам си го отвора,си игра со него го мота,што ти не му прави ама не му е цело отворено,а голем е веќе 3 ипол годинки има,и не знам што треба да правиме сега...Кое е вашето искуство околу ова?
Јас на ѕверов му го отворив кожичето,постепено при бањање со масажа не ни примети Криво ми е за поголемиот него од страв и неискуство на пола го оставив, и еве сега има три години пробав два пати не дава ми кажува дека го боли Се надевам при растење ќе се среди
а а моево само му е отворено ко му се моча ,ко не е домочано му е подуено и затворено, а се помоча и му се гледа главчето од убајна дури и таа последната капка шт не може да се истресе
кога наполни 2 месеци, почнав да му го отварам веќе, педијатрите сите ми велеа не, ама некако искуствата на мајките што ги прашував ме натераа, и сега секое банање му го отварам
Жени вчера сум се спукала со мм за синко.Ме кара не сум му ги дигала јајцињата нагоре кога сум го пресеблакала,односно при ставање на нова пелена и така сум му го спурувала ку*ето. Дури и сум му го смалила Дај кажете дали има врска ова или тресе зелени,не само тоа него и свеки се најде тука и она го поддржува. У село кај неа така им правеле -наводно така требало за правилно да се развива мускулот. Ја снезнам дали да се смеам или да плачам,ми делува на глупост не затоа што го рекла она него ми е безвезе. Ако може да служнам коментари . Едит: Ова машкиве деца ептен комплицирани
и јас така имам слушнато нешто поврзано со мускулот, ама јас знам дека пилето треба да му се дига, за да му станувал понатаму што знам јас го практикувам тоа, ама не знам дали е точно или не, и старите кај нас го практикуваат после секое менување на пелената