Нас и од болница не отпуштија со совет редовно отворање на курето при бањање, а исто така и педијатарот често ја даваше таа препорака. И јас сметам дека треба да се отвора. Ништо страшно не е тоа. Знам две другарки што не им ги отвораа “од страв” на синчињата, па и двете мораа да ги носат да ги сецнат.
Како се отвара к****о на бебенце ете можеби сум едниствена ама такво нешто педијатар не ми кажа некако му беше подебелко сега како да му е смалено можно ли е или си правам филм
Не може да му се смали, може само да расте. Инаку да се отвара пред се заради хигиена но постепено малце по малце додека се капе. Се мие со чиста вода.
Кажете ми, ви кажаа ли да го плакнете со камилица откако му го отворија таму? На моево вчера му го отвори хирургот на сила, имаше многу бело насобрано. И ни рече да го отвориме од денеска и да го исплакнеме со камилица и пак да му го затвориме. Не дава да го чепкаме, го избањавме сега и пробавме, едвај малку само го отворивме. Напред му е како црвено, дали му е распукана кожичкава од што на сила му се отвори.. не ни кажа никаква маст да мачкаме.. Детето е 1 и пол година. Фала ти❤
Колку се отвара толку,секој ден по малку и ќе се отвори. И ние сме имале неколку пати проблем кога му се затворило. Нашиот педијатар уште од новороденче ни препорача да капнуваме капка кантарион на отварање. Со камилица исто нема штета да миеш.
Сакав да ве прашам од што може да му е црвено на врвот на главичката? Значи не целата туку само околу отворот. Досега сме немале никаков проблем, уште од мал му го отварам и го чистам и денеска ова ме зачуди. Дали во градинка не бил избришан убаво или се искакал, па отишло и напред... Не знам што да мислам. И викенд фати, не можам кај матичната да го носам.
@Adorablek8 каква е прoцедурата? Дoлгo трае? Мoетo бебе се рoди така не му се oтвара убавo, ама jас секoе бањање пo малце гo oтварав. Педиjатарoт кажа дека ептен има напредoк. Нo чистo ме интересира какo им ги oтвараат на хирургиjа, дoктoрката ми кажа 2 секунди рабoта билo...
Е вака, син ми е 11 месеци и до сега на секое бањање му го отворав за да го исплакнам со чиста вода и немаше никаков проблем. Не му се отвораше повеќе туку само врвот на главичката, ама еве денеска уште сабајле кога го соблеков гледам му беше малце отечено ку*ето и кожичката на врвот црвена, го измив одма викам од нечисто да не му се има така направено кога му го отворив кожичката се спушти подоле од тоа што му беше, а он многу плачеше од болка, исто и нешто бело излезе, го измив убаво и после кога го бришев имаше и малце крв, ме фати паника и одма се јавив кај матичната и кажав што е работата и ми рече да извадам упат и да го носам во болница дека има дежурен уролог, така направив и отидовме, го виде докторот ми рече дека не е страшно и ми даде маст бетаметазон, ми вика он е мал да му го отвориме сега скроз дури по 6 месеци бидејќи ако му го отворел сега пак ќе му зараснело и џабе ќе било, а на детето само од себе му се отвори, и сега сум уште така под стрес што ако пак му тече крв, не знам дали е нормално, имала ли некоја мајка вакво искуство бар да ме утеши да не се плашам.
Не е страшно, уште на почеток кога добив насоки од доктори за отварање му рекоа секое отварање да биде се повеќе и повеќе додека скроз не се отвори, ако има бело да го исчистам, а ако потече крв да мачкам хидроциклин. Од отварањето може да пукне кожичката.
Мене што има оток малку тоа ме загрижува, а докторот ме убедуваше дека нема оток дека се е нормално, ама јас си го знам детето и гледам.
Ако е отокот горе на кожичката и тоа ќе помине, имаше и моето еднаш, го миев на секое менување пелена и помина. Стрпи се, миј го често и мачкај што ти препишале, за 3 дена би требало да помине. Ако не, носи го на друг уролог.
Кај моето кога беше отечено беше и залепено не можеше да се отвара,а се гледаше бело. Мачкав гентамицин и канестен маст. За крвта не се плаши,на преглед кога го носев за вакцина му го потегна посилно и имаше малку крварење кое само од себе се смири. Во меѓувреме можеш да го миеш со камилица или вода со сода.
Искрено ве жалам, што мака цел месец, не рачунај дека е решено со едно отварање, обавезно прај камилица и ставај го да седи по 15 мин во неа, јас после 3 недели одење во систина и со плачки решив сама да го правам тоа, го ставав во камилица и после 15 мин го вадам го отварам и мачкам маст за заздравување на кожичката, иначе после првото отварање ми кажа да го мачкам миробакт една недела , да не чепкам сама , кај него одевме секој 3 дена , 3 недели
Ме спаси со чајов од камилица, не знам како не ми текна претходно, вчера го однесов на друг уролог и исто ми рече само со камилица миј го, еве денеска отокот го нема, а црвенилото горе на врвот се смири, внатрешно кога го отворам уште е црвено и го боли, поготово кога мочка ми кажа дека ќе го пече дека е пукната кожичката ама ќе се среди за 2-3 дена. Фала ти многу.