Здраво на сите, мојот син има 14 месеци и никако не му се отвара курето , стои како инка, пробувам да повлечам надоле до одреден степен дава после нема шанса како да не му е пријатно,на педијатар едната вика ок му е не чепкајте, другата два пати го раскрвари посебен напредок немаше, чаре? Има шанса да се отвори или хируршки ќе треба да се отстрани? Јас се надевам дека сам ќе си го отвори ама не знам, вака нема проблем со мочање, нити со црвенила. Некој да има ваков проблем?
А другата кога му го отвараше и се раскрвари, вие продолживте дома да го отварате? За крв мене ми препишаа Хидроциклин маст. Не е страшно и ако распука малку кожичката, ќе помине ама мора да се отвара барем 2-3 пати неделно. Јас на секое бањање му го отварам и го чистам. Додека го бањаш или после бањање додека е сеуште кожата мека повлечи надоле малку повеќе од тоа што дозволува. Секој пат прави така и еден ден ќе се отвори. Сигурно има насобрано внатре нечисто, може инфекција да се направи.
Хирушки се сецнува ако му е скроз залепено и да му прави проблем при мочање, бар јас вака знам. Еве претходно и јас што имам пишано, на моето му се отвораше само до врвот на главичката и никогаш не пробував повеќе да му го отворам, он сам си играше и го тегнеше па така само му се отвори повеќе,не е скроз сеуште ама има напредок.
Другата не ни го отвараше, повлекување да се види дупче и толку, дома повлекував јас ама не оди надоле уште се обидувам ама тешко, не ми се носи по лекари да се трауматизира, се надевам дома ќе средиме, кога повлекувате надолу мачкате со крема?
Не, никогаш не го мачкам со ништо за да не му се собира и од кремата. Ама имаше некаде по темите дела чај од камилица помогнало, баш пребарај.
А да прашам, до кај треба и дали треба да се отвара на бебе од 4-5 месеци? До колку месеци/години треба одприлика да е скроз отворено? Бев само на консултација кај детскиот хирург Ацо во Ремедика кога се породив, се си беше во ред и ми рече немој да отвараш ништо ќе си направиш обратен проблем, се ќе си дојде само ти само тоалета редовна прави му. Јас од раѓање го чистам, ко што вика погоре членката дупче да му се види само за убаво да го измијам и до сега си било чисто цело време. Ама па читајќи тука сега се замислив...
Кај моето не се гледа главичката, само дупче за мочкање толку, во последно време се држи за пелената кај курето, не знам дали нешто му смета го боли или е природна реакција кога е без памперс си го влече, брца прст во кожичката и јас кога ќе запнам повеќе да го отворам му пука кожата, се осеќам скроз неспретно за овие работи
Јас почнав од ептен мало, после 1-2 месеци, не се сеќавам точно. До кај 6 месеци мислам скроз се отвори ама не го форсирав. Педијатар уролог во Систина ми рече да го отварам редовно и да го чистам ама и пред тој да ми рече по препорака на педијатар го отварав. Секогаш се отвара малку повеќе од тоа што дозволува.
Неодамна наидов на статијава и скроз сум збунка како да постапувам https://panacea.mk/struchno-so-prof...nova-tsvetanovska-fimoza-bolest-ili-sostojba/
Што убаво и брзо си се завршило. Се надевам и кај моево ќе се среди. И јас не знам што да правам веќе. Баш вака ми потенцираше докторов. И ми рече не слушај баби и нестручни медицински лица што ќе ти кажат, ќе си направиш проблем, остави го само ќе си се отвори. И јас сега дури кога го мијам внимавам, со страв правам се, а сепак го подотварам малку убаво да исчистам внатре. Убаво вика @Solen☀ , скроз сум збунка...
Здраво ако прашањето не е за тука се извинувам. Се работи за ептен мало куре, значи од како е родено до сега 10 месеци нема некоја разлика. Прашано педијатар еден вика во ред е, а другиот вика да посетиме ендокринолог. Ме интересира дали некоја мајка се соочила со ова, секој совет или искуство би ми значело. Се извинувам за долгиот пост.
Здраво, мојот син има 9 месеци, курето сеуште не му е отворено се гледа само дупчето за мочкање и околу него. Секој ден се обидуваме да отвориме и чистиме но не се отвора. А под кожичката на главчето заприметив нешто бело како спласнато топче, дали сте се соочиле со сличен проблем?
Мајка од раѓање не сте го отварале? Консултирај се со матичен да те прати на уролог да му го отворат.
Кај сестра ми на двете синчиња им се отвори само. На едниот на 5 а на другиот на 6 години. Како што гледав на една емисија кажуваше докторката ако му се правеле често инфекции во тој случај се препорачувало да му го отвори доктор, а ако не се чекало само да се отвори. Сепак најдобро консултирај се со педијатар или побарај упат за кај уролог па тие ке ти кажат најдобро што како треба.
Мојот син има 1 година и 5 месеци истиот проблем го имавме, јас никако не сакам да се трауматизира од лекари па пробав сама да го средам го мачкав со хидроциклин два дена и полека влечев надоле имаше ефект почна да се гледа главичката арно ама отидов да се пораѓам со второто дете за тоа време не му го влечеле надолу и пак е залепено како никогаш да не било подотворена сега сум со намера да ја повторам постапката неколку дена само хидроциклин и после по малку влечење надоле до кај му е подносливо на него , паралелно го учам сам да си го влече така најдобро ќе го отвори, не се секирај уште имаш шанса да му се среди пробај прво сама ако не бива и ако се жали дека има болка тогаш уролог.
Денес на бебе му гo oтвoриjа куретo нс детска хирургиjа без интервенции. Цел ден плаче кoга му се мoчка дo кoга да oчекувам така? И дали веќе на следнo бањање да пoчнам да гo oтварам?
И ние бевме на хирург, му го отворија, со локална анестезија, но без сецкање. Докторот ни рече 2-3 дена да не го чепкаме, па после тоа на бањање да отвараме. Целиот тој ден врескаше кога мочкаше, сигурно го печеше. Кога пробав да го отворам на бањање после 3 дена, кожичката беше зарасната за главичката, па ај пак на хирург. И пак исто. Не знам веќе што да правам. Сега тоа што е сраснато секој ден по малку го потегнувам. Не чекајте многу, пробајте нежно, полека веќе следниот ден да отварате.
@Larahappy @GolemaMala колкави ви се децата? Незнам дали да го носам бебе, има 9 полни месеци... Не му е воопшто отворено.
Да , исто и мене ми кажаа и матичната и др доктор , после годинка. Синко за 10тина дена праве годинка , не му е чепнато , тек натаму ќе зборам со матичната што како ќе биде.