8 месеци има мoетo нас педиjатар не испрати. На мoетo му се oтвараше ама не целo какo штo би требалo. Хирургoт гo пoвлече самo без никаква анестезиjа буквалнo секунда.
Извинете не можам ни на нет да најдам слика, како изгледа отворено куре? На моето му го отварам ама не знам колку треба надоле да влечам и какво треба да биде.
Ако не му прави проблем при мочкање не е страшно само ќе се отвори, јас го носев на уролог ми рече нека го како што му е, само ќе си се отвори, и приметувам сега на бањање дека се подолу и подолу оди кожичката, ама не му е уште скроз отворено.
еве слика Иначе и јас му го отварам од раѓање и не знам дали е океј ама мислам дека цела главичка не е излезена
ама не треба да стои вака цело време ја ко шо знам туку да може да се спушти кожичката до тоа ниво. на см му се отвора скроз ама си стои "унутра" ако не му го соблечам
Хехе не вака да си стои цело време, толку да му е отворено кога нежно ќе повлечиш, да излезе главичката
да прв пат на девет месеци Сајковски му го "отвори". тогаш било време. претходно не. потоа сама на миење го средував. Едно време ич не сакаше и вриштеше, па си заработи "ситна инфекција" од мокрача после антибиотик. купка со камилица и поминување внатре со хидроциклин маст за еден ден се среди.
Јас на капење го чепкам, па ме туркат со двете раце ко да се срамит со поглед зачуден ко демек што ти е, му давам количиња па така некако што ќе фатам фатам, се надевам дека нема да дојдеме до интервенција, што е тоа е
Tri meseci sme skoro,Od prviot pat koga otidovme na pedijatar mu go otvaram kureto sekoj den po malce, dva tri pati mu go imam otvoreno celo ama nemozev da mu go zatvoram, i sega pak mu go otvaram ne celo, tuku do pred da izleze celo glavceto. Mu go brisam so becutan vlazni, cisto mu e celo vreme, ne mu se sobira belo, ama malce mu mirisa na kure. Kako da mu go otvaram celo poso dvapati do sega nesakase da mu se vrati? Sto mast da mu stavam pavloviceva ili jekoderm mozam?
И мене педијатарот ми рече после годинка, а читав на форумов многу мајки почнаа доста порано. Јас чекав до годинка но се плашев да не не му се отвори нормално и да ме треба интервенции. Но, околу годинката почнав по малку да отварам и некако само, природно почна да си се отвора. Сега сме 20месеци и во ред си е, го отворам на секое капење, не му собира како ѓубренце ама ме чуди понекогаш му мириса некако. А одржуваме хигиена, па сакав да прашам дали е тоа нормално, не е ли мало за миризби? Имате ли искуство околу ова, мајки?
Исто приметувам во последно време миризба, секој ден го мијам, често му менувам пелена, си велам можеби ради течностите и цврстата исхрана… додуша само вода пие и јогурт
За мирисот мислам дека е нормално, еднаш прашав педијатар кажа дека е затворено па се замирисува. Кај девојчето мирис не сум осетила никогаш на пример.
Ние бевме на уролог. Му го отворија исто така без сечење но многу плачеше и неможеше да мочка цел ден. Докторот кажа да го отвараме редовно и да ставаме по некоја капка чај од камилица исто така и облоги. Ноќта се помочка и веќе следниот ден беше добар. Облогите од камилица многу ни помогнаа. А исто така парацетамол сируп за деца на 8 часа.
Мајки здраво, имам едно прашање во врска со темава. Некаде до 2 ипол години без проблем го отворавме, кожичката се засукуваше без проблем и главичката излегуваше убаво, дури и он самиот си го отвораше. Од тогаш еве година ипол не ми дава да го чепкам, го отвораме до некаде и толку. После секакви прочитани искуства ме фаќа паника. Да напоменам дека немал никаква болка или траума додека го отворавме, никакви инфекции ни проблеми со мочкање..
На синко кога му ја повлеков главичката внатре имаше црвени точки, има мирис и го боли. Почнав со измивање со камилица. Испитавме урина и нема бактерија. Некоја мама со слично искуство?
Денес на вакцина сестрата му го повлече куренцето до крај и внатре имаше белко, искрено јас не ни знаев дека може толку многу да се влече, јас само површински сум го отварала до сега пошо педијатарот ми рече отварај до каде иде полека, за мене тоа беше максимум што иде нели од страв. Сестрава го фати го оптегна до крај и ми вика абе вие ништо не сте праеле види има белко внатре, а јас и викам, сестро амајас толку многу не сум ни помислила дека може да се отвори,па сигурно боли ова. Она ми вика слободно тегни до крај! Кажете мами како отварате вие, јас само малку тегнам и се гледа точкичка од куренцето, ама јас мислев толку и дека може да се отвори, дајте совет како правите вие, страв ми е ко сестрата така да тегнам
Мене педијатар уште на почеток ми покажа колку да отварам и да чистам белко, на бањање обавезно. Ама не до крај, се гледа отвор и малку плус. Многу ме нервира тоа белото, дека го бањаме преку еден ден и мислам се фаќа.