Значи точка се гледа така? Оваа го отвори скрос, цело главче искочи, јас не низнаев, мислев точка само се гледа кај што мочка бебево немав претстава дека цело главче има внатре. Сега ми е страв и јас така да тегнам, затоа сакам мислење тука да прочитам колку многу се отвара
Целo главче треба да искoчи. И на мoетo му се oтвараше самo тoчка на детска хирургиjа гo oтвoриjа убавo и сеа убавo му се oтвара. Истo гo пoвлекoа малце пoсилнo.
Јас му го отварам на секое бањање, целата главичка се гледа и белкото го чистам обавезно. И на секој преглед матичниот му го отвара, го проверува до кај е. Во почетокот по малку го отварав, не скроз, али за брзо почна полесно да се отвара. Не го боли, се нема расплачено до сега на отварање. Штом сестрата му го отворила скроз, значи нема зошто да се плашиш. Пробувај полека полека на секое бањање, ма да тешко иде.
Ќе пробувам, еве сега пробав и пак точка се отвара, немам храброст да влечам,ај утре на бањање ќе пробам повеќе,фала ти мила
Додека се бања на крај од бањањето отварај дур е во вода, ако се плашиш ти сопругот нека проба сепак подобро знае има осет...кај мене маж ми им ги отвара.
Оф, треба да собереме храброст мила и да потегнеме посилнона бањање, јас вечер ќе се обидам, се надевам ќе соберам храброст хаха
Јас кај Марина во Ремедика го носам, она не сум ја видела толку да повлече надоле затоа и јас не сум знаела, ама следен пат кога ќе одам ќе инсистирам да отвори и да ми покаже како треба
Не треба на сила отварање , незнам зошто уопште постојат доктори што препорачуваат тоа. Значи само ќе се отворе една ден , ваше е да отварате колку што можите нежно за да премивате хигиена да одржавате , ништо насила или скрос. Така може само полошо да направите некоја инфекција. Разгледајте по стручна литература ќе видите подетално , или консултација со уролог е доволна да ви каже колку е погрешно тоа насилно отварање , кога не е спремно
Па не на сила, ама секој ден по малку повеќе и ќе се отвори. Само нема да се отвори. На брат ми мајка ми не знаеше дека треба да се отвора, па мораше да му го засекуваат, плачеше неколку дена после тоа на секое мочкање.
Кај некои дечиња е така повеќе залепено... Мојов е скоро 7г и пола главче излегува само, кожата е скроз прилепена на главчето. Скроз до горе беше залепена кожата запечатена буквално ама некако маж ми на 2 пати успеа до пола да му го одлепи. Сега ќе правиме една интервенција со целосна анестезија, па ќе побарам да му го одлепат скроз..
Никој нејќе да си го повреди бебето, затоа и не отвараме, но кога сестрата го повлече скроз куренцето внатре имаше белко, тоа никогаш нема да го исчистам ако отварам само една точка како до сега, мене од тоа ми е страв да не напраам инфекција од што не сум чистела како што треба, затоа ги прашувам мајките овде како тие постапуваат и како отвараат, секој совет е добредојден
Точно, јас кога го однесов на уролог за еден друг проблем не за отворањето, и он го виде и баш ми рече тогаш не го форсира на сила да го тегнеш, до каде оди до таму, само ќе се отвори, или кога ќе биде поголем оставај го да си игра и како што ќе влече сам ќе си го отвори.
Нас педијатарот не советуваше да му го отвараме по секое бањање, ама до каде оди до таму. Не на сила. И кај моето само малку се отвара. На секоја контрола го гледа педијатар и секогаш вика дека е во ред.
Кај мојов кога беше мало иако на секое бањање нежно отваравме, на 2 пати топче му се појави под кожата (бело насобрано)... А тие 2 пати маж ми кога му го подотвори, мораше да стисне малку повеќе. Да не го отвореше толку он, сега скроз ќе беше сеуште до горе и пострашно ќе беше опоравувањето кога ќе го одлепеше уролог. Баш ќе видиме како ќе биде скроз кога ќе го одлепат наредна недела...