Ја видов сликава поназад во коментарите, нашето е како на првата слика кога јас го отварам, а сестрата го отвори како на втората слика
Педијатар не отвори до сега до толку за да се види главата Го проверува секој месец, сепак вака не ми изгледа Само некоја мајка ако може да пушти
На двете деца рано им се отвори ги отваравме на секое бањање, кај мене сопругот ги отвараше пошто јас не можев никако да успеам. Секако знае како и колку би требало и он има... Дури се во вода е најубаво ќе "омекне" малце кожичката тогаш. Еве едното е скоро 5 другово 2 и им се целосно отворени. Мора да се отвараат и чистат заради инфекции ама не треба на сила зошто може да му се скине кожичката.
Чим му го отворила сестрата цело значи целосно може да се отвори. Пробај убаво потфати го и повлечи ако не можеш ти сопругот.
Безуспешно за жал, толку се оптегнува и се тенчи кожичката веќе, проба и сопругот ама ништо, ни е стеав да не пукне кожичката, а баш го потопивме во вода убаво денес
Чим не му прави проблем кога мочка, и се отвора тој дел не мора скроз да го отворате, оставете го, до каде оди до таму. Може да му испука кожичката и да се раскрвари. Мене баш урологот тоа ми кажа, кај дете мало додека е уште со памперс и да го отворат скроз, кожичката пак сама ќе се залепи бидејќи од памперсот кожата не диши и мочките што стојат се лепат, и од што е "запрено" пак ќе се залепи.
Јас би го оставила ама еве како сите други успеваат да го отворат полека а цело? Јас полека отворам а а не иде повеќе, незнам
Мајки здраво ве следам моево синче е 2 месеци уште не сме почнале да отвараме дали доцниме или уште е рано педијатарот не ни спомна ништо па чекам од нејзе..
Почни по малце на бањање мене така ми рече педијатарот така и правев, иако не е лошо да се консултираш и со педијатар, не чекај таа да ти рече, прашај ја
Во вторник имаме закажано па ќе се консултирам и на десната страна на тестисите има мало црвено топче од надвор не е внатрешно да видиме што е...
Те разбирам потполно. Пробував и јас така, по малку, на бањање, колку што оди кожичката. Ништо не успеав да направам. Матичната ни рече да го носиме на хирург. Хирургот му го отвори наеднаш, со сила, да речам. Му стави локална анестезија. Ни рече неколку дена да не повлекуваме, за да не го "траумираме" детето, малку да подзаборави. За неколку дена кога пробав да отворам, кожата на курето беше срасната со главчето. Ај пробував да отварам, да повлечам скроз, ко докторот што направи, не успеав. Ај пак на хирургија, пак со локална, повлекување " на сила". За 2-3 дена, кожата пак му срасна. Веќе не знам што би правела и јас. Дали пак да одиме на хирург, дали беше грешка што го однесов и што му влечеа на сила.... Сѐ уште му е залепено и очајна сум веќе.
Не е подобро да се сецне кожичката? И така го носите толку пати му го отвораат, ова бар еднаш засекогаш раат и ти и детето.
Година и пол скоро. Не дава никако, борба е кога треба да отвараме, маж ми го држи, а јас пробувам да отварам. Вреска и плаче.
Исти сме,година ипол не дава никако да го пипнам, само јас уште не сум решила никаде да го носам за интервенција, педијатарот ми вика ако не прави инфекции сам ќе си го отвори, пред да се породам со второто му го имав подотворено се гледаше главичката во меѓувреме не му го отварале сега пак е залепено само сега не дава да го пипнам многу малце можам да го потегнам и толку. Жива нервоза е ова со курињава блазеси им на тие што немаат мака.
Јас сега се мислам дека погрешив што го однесов на доктор и што му го отворија со сила. Сега бетер е.