Имам две можеби глупави прашања. Како гледате дали им е отворено ако не пробате да го отворите? Се гледа тоа? Курето на бебе на средина е како отечено, не е рамно по целата должина, нема никаков проблем ама читајќи тука си реков да не е тоа насобрано нечисто тука или такви се курињата? Се надевам ме сфативте.
Не се гледа, треба да пробаш да видиш дали се отвора. На средина се обично ко подебелки, ама тоа не значи дека е нечистотија. Пробај да го отвориш ако ти даде, оти не е бебе ако не сум грешка.
Главичката е тоа, не е отечено А за првото прашање, мораш да пробаш да отвориш да видиш до каде може.
Здраво,дали некој се соочил со непријатна миризба на курето кај дете 2 години? Да напоменам редовно миење му го отворам колку можам,значи не скроз поради тоа што плачи. Меѓутоа ме загрижува миризбата ептен лошо мириса.
Штом мириса мораш на педијатар одма. Сега е петок вечер. Колку долго веќе мириса. Можеби не треба да чекаш до понеделник туку уште сега или викендов на итна. Проблеми со мокрење има?
Мокри нормално, веќе неколку дена како мириса. Секако ќе идев на доктор ,само ме интересираше дали некој се соочил со истиот проблем и што да очекувам.
Здраво мајки, Моето синче има 9 месеци. Уште од првата контрола на педијатар, кажано ни е на бањање колку може да пробуваме да му ја потегнуваме кожичката, не насилно, туку колку што може, за да има проток и да не се залепи скроз бидејки било позатворено од вообочаеното кај нас. И значи 9 месеци го правиме тоа нежно и нема никаква разлика. Буквално кожичката не се ни поместува, можда 1 милиметар, само колку проток да има. Дали е до детето?? Дека некои им се отварало до пола на прво отварање. Кај нас е затворено од старт, само проток за уринирање. Не знам дали ќе се отвори понатака.....против насилно отварање сум, но страв ми е да не дојде до тоа. Бидејки 9 месеци нема никаков прогрес
Posocete mu na pedijatarot deka kureto ostanuva zatvoreno. I isto pobarajte pedijatarot pred vas da vi pokaze kako da ja simnuvate kozickata i da vi pomogme da go napravite uspeshno toa prviot par so nego. Jas i pobarav na mojata doktorka da mi pokaze kako treba i posle i da me gleda da vidi dali gresham, nema nishto sramota vo toa. Slobodno pobaraj da ti pokaze. Okolu 1 godinka maskite pocnuvaat da imaat kako detska erekcija i samoto im se otvara kureto vo toj proces ako nema nikakov problem, vo sprotivno moze da go boli i vo toj slucaj mislam deka koziceto go gorat so laser. Kako i da e, ne se sekirajte ako ima potreba lesno i brzo se sreduva se. Se nadevam deka ke bide se ok. Golem pozdrav
Здраво мамички 9 месеци сме вчера кога го бањав му го отворив и беше темно и како бели мозолчиња од страна и денес бевме на уролог му го отвори убаво и му ги пукна тие Плачевме двајцата заедно ... Многу ми е страв,некоја искуство?
Тоа е од што се собирало внатре. Сега нема гајле ама мораш на бањање да му го отвараш. Ако приметиш дека му е црвено ептен смееш антифунгал(канестен) да ставиш додека се смири. Али обавезно ако го бањаш на 2 дена или 3 отварај го да не му се залепи пак и бело да не му собира внатре.
Пробај но камилицата знае и алергена да биде, ако има пробано до сега чајче некое со камилица и ти нема појавено реакција тогаш мачкај ама да знаеш ако му се зацрвенува повеќе дека може да е од тоа да не се уплашиш. Порано имаше еден раствор хиперманган ама го укинаа тој беше царска работа и за бремени жени што имаа доле чешање одма се средуваше
Каде го најде? Јас се имав утепано од барање минатата бременост и тоа малце што го имав како злато го чував
Здраво, темава не е баш соодветна за прашањево, меѓутоа се надевам некој ќе ми одговори доколку се соочил со истиот проблем. Се работи за дете од 2 години со многу малечко куре, од кога е роден не му е пораснато ниту 2 см. Педијатарот вика дека немало никаков проблем ќе му пораснало,меѓутоа ме сакав да остане на тоа, и утре сме на уролог па ако треба понатамошни испитувања ќе не испрати истиот. Дали некој од вас се соочил со истиот проблем и што понатака?
Ве молам за помош,вчера бевме на ендокринолог поради мало куре докторката му го отвори нагло меѓутоа не целосно,не прати на детска хирургија тамо само го видоа и ни рекоја да почекаме до кај 2 ипол години па да видиме што понатака. Иначе е 2 години и 3 месеци,е сега од вчера од 14 часот се нема помочано бевме сабајле на уролог ни кажаа наводно е исплашен и затоа не мокри. Ни дадоа да му мачкам белогент маст и да седи во купка со камилица. Меѓутоа мене почна ептен да ме загрижува ова,дали некој се соочил со истиот проблем?
Малиот ми е 20 месеци. Денес при отворање на курето, забележав како две бели мозолчиња, многу ситни. Што може да е, некое искуство? Секако ќе го носам на педијатар да напоменам.