Majki imam mnogu golema maka ako nekoja me cita sega … kureto mu go otvarame ama eve sega se otvori i nejke da se zatvori sti da pravam? Go mackav si pomadicka , probuvav da go butnam vnatre djabe (( Ve molam za sovet dali samo od sebe ke si spadne
Зишто не креми на отворено? Мислам секако нека си посети лекар, ама на син ми кога му го отворија со "сила", миробакт 7 дена на отворено моравме да мачкаме по совет на лекар.
Ауу не сум дочитала синоќа дека не сака да се затвори, сега гледам . Да, ние кога мачкавме маст го затворавме после, вака ваљда мора да има можност да се затвори прво.
Здраво мајки, бебе 1 год и месец , курето му стана црвено од една страна како да е каснато , и главичката како отечена , не плаче , урнира нормално пелената е полна , дго измив и намалчкав со веледа , дали да го носам на болница или да почекам?
Мајки помагајте. Син ми 5 год 3 дена веќе има проблем со курето,зацрвенето ј со некој слуз.Инаку пред ова си се отвараше скроз нормално. Цело време го чеша,се фаќа и одсабајле се жали при мочкање на бллка/печење.Искуства?
Здраво мајки, бебе 8ипол месеци, прво се појави црвенило на едниот тестис, па на курето, сега гледам црвенилото се шири и на другиот тестист. На два пати како подаде рака за да се почеша и толку. Сега не реагира никако, не се чеша, не се фаќа. Препораката на педијатарот е да не користам влажни, туку да го одмивам и да мачкам крема со цинк оксид. Ама веќе два дена како го правам нема подобрување, дури и се шири црвенилото. Дајте совет ве молам или некој што се соочил со ова.
Majka sto napravivte so sinceto? Mu go otvorivte kureto? Vo slicna situacija sum i mnogu se sekiram (
Здраво мајка. Извини сега го гледам прашањето. Инаку му се правеше како балонче кога мочкаше и го водевме во Систина, каде што малку му го отвориа и само му направиа крв и рани. После тоа бетер се затвори. Го носевме итно во Ремедика и Докторот само што го погледна рече мора зафат што побргу да се направи и да се отвори скроз или може целосно да се затвори па поголеми проблеми. Така да летото го средивме и сега сме раат.
Има некоја возраст до која мора да се отвори скроз? Му го отварам отприлика до пола од главичката на секое бањање, толку иде слободно, повеќе не запнувам. Немал проблем до сега со инфекции, ама сеуште не почнал и сам да се четка зошто уште е во пелени. Ќе полни 2 год за еден месец.
Во штипската клиника државна, кај дежурен уролог, младиот Кожухаров. Еден ден само го болеше на мокрење, ама оттогаш никаков проблем не сме имале.
Спиди, јас пишував и во друга тема и во оваа. Моето дете е со рефлукс и хидронефроза на бубрези, и двете ризични состојби за инфекции. До сег бил на 4 специјалисти во Лондон и 2 уролози тука и д-р Дафинка од ремедика го води која е врвен Нефролог за деца. Сите до еден, прв совет кој го дадоа е да не се чепка и отвора пенисот кај мали деца, посебно ме кај деца кои се на ризик од инфекции. Колку што се отвора малце толку, нормално миење и чистење секако додека оди. Сите рекоа кога ќе дојде момент сам ќе си го отвори кога нормално ќе поче да истражува што е и како е, кој возраст ќе биде тоа ќе видиме. Јас на сите што ги знам со машки деца сум го кажувала ова, кој сака да послуша нека слуша, кој не нека отвора. Ако еднаш се отвори и после не се чисти како што треба проблеми ќе има кад тад. Така да не мора да форсираш, колку се отвора толку, натаму само ќе си го отвори.
Уф, оваа ми е болна тема. Синко е 7 години и уште не му е отворено курето. Кога беше мал, не сакав матичната на сила да му го отвори, а сто пати ми рече. Ама читав дека на запад не ги отвараат на сила, и така остана, а времето си мине. Сега не сум паметна дали да го носам на хирург, треба со анестезија да му го отворат. До пола главичка оди и толку. А тој уште е мал за сам да си го отвори иако на секое капење си го отвара.
Женска јас не би се секирала ако нема проблем. Сега да не звучам вулгарно ама стварно ќе дојде момент кога сами ќе го направат тоа знаеш на што мислам, ова ми е од разговор со мм од машки муабети меѓу другари така да ако немате мака не го подложувај на хируршки интервенции.