Колку ни беше отворено на почеток толку е и сега, искрено се плашам повеќе да го повлечам кога гледам дека не оди.
Јас почнав после првата контрола зошто не ни знаев претходно мислам дека можеш одма да почнеш, повнимателно.
Може некоја мамичка да поситра слика од отворено ку*енце. Јас при секое капење му го подтргнувам малку е подизлезено и црвено незнам дали е баш тоа тоа. Барам на гугл ама неможам да најдам соодветна слика се ми излегуваат некои со воспаление што не се баш пријатни за гледање.
Дона бе знам дека тазе мама има илјада прашања , ама ќе си отидеш на лекар и ќе ти кажат дали се оди како што треба, нели е безвезе да се постираат слики со полови органи на бебиња.
мами а курето во памперсот му го местите нагоре или надолу? и слушнав до година и пол требало да се спуштат муденцата
нема врска накаде е свртено .јас му го оставам надолу.во памперсот од движенјето и нагоре да го ставам пак ке се сврти надолу.
Јас после 40 дена почнав на секое бањање да му го отварам куренцето . Сеуште не се отвара ама ќе се отвори со тек на време . Упорни сме и не отвараме со сила . Се распрашав по свекрвата и бабами и на мм бабата ( бидејќи имаат поголемо искуство ) рекоа дека до 1 година треба да се отвори ако не тогаш докторот ќе има работа со тоа . А бабата на мм рече дека она не чепкала ништо дека само по себе си дошло кј нејзините синови .На педијатар ни покажаа како и од тогаш ни го пипнале ни прашале до каде е отварањето . Сепак малиот има само 5 месеци ќе бидеме упорни до 1 год колку што може толку па ако не уролог што да се прави
Син ми го бањам секој втор ден и при секое бањање му ја тргам кожичката на курето. После секое бањање му ставам крема. Кога му ставам пелена, курето му го местам нагоре.
Нема потреба од ставање нагоре и така тоа само ќе си падне кога ќе му ја залепиш пелената, мене на телефон од дома стариве бабиве ми рекоа да му го местам уште од болница ама јас таму си прашав и ми рекоа дека не требало да му се дига нагоре. Стари работи се тие неточни.
Педијатарот ни препорача нежно тргање на кожичката до каде што оди сама без многу форсирање, при капењето. Арно ама многу малку беше отворено и му се појави како црвено прстенче тоа на 7 месеци... Го однесов на уролог и еве што ми рече: знам дека педијатрите ве тераат во вода да му го подотворате ама грешно ве советуваат, јас со инструмент специјален за тоа едвај ги одлепувам па вие во вода му го одлепи го намачка некоја маст, миевме 2-3дена со камилица и сега е ок... На годината повторно сме на контрола... Убаво поминавме воопшто не се расолачи... Мој совет додека се мислите дали треба вака или така појдете си кај уролог зошто сепак не е мала работа
Вчера на син ми му се отвори, сосема случајно, му мењавав пелена и имаше некое влакненце од панталоните, и само што му ја повлеков кожичката да проверам да не има уште некое, цела се навлече нагоре. Инаку има 6 месеци, повремено му го отварав курето, некогаш после бањање, некогаш на менување пелена. Никој не ме советуваше дали треба или не и како тоа да се прави, го прашав педијатарот ама ми даде некој неконкретен одговор у стилот , пааааа како сакаш, може, ама не мора....ете така Како се израдував што му се отвори, како којзнае што да се случило, на сите им се пофалив, а на пола од нив им беше незгодно што детално го опишувам половиот орган на син ми Туку да прашам да не се меси нешто по овој повод, нели има постапалки, турте, сутлијаш ?
Супер, сега барем дава три пати неделно на бањање убаво ќе го чистите јас не сум слушнала за адет за отварање на курето
Ни јас не сум слушнала за адет некој во врска со тоа , но ако ти праи ќеф , па зошто да не го обележиш тоа на некој начин
Ме изнасмеавте значи што не ќе ви истеκне за отваρање на κуρето, мислам деκа може со баκлава да се одбележи (мала шала )
Може ќе се смисли и неκоја κифла,слатκо да личи на половиот оρган,да се одбележи де и тоа Нејсе,Јас му го отваρам од пρвиот месец,матичната виκа ниκаκо таму чепκање до година,на ваκцина исто ни ρеκоа,педијатаρот може по малκу,и се јавив во Сκопје ми ρеκоа обавезно отκаκо е ρодено се отваρа. Оди сега баρај ум! И моево има неκое топче бело внатρе во κожичκата личи κаκо да е полно со нечистотија илу гној,κога ќе го отваρаме излегува надвоρ но е потκожно,не го боли нема пρоблем но мене од памет ме вади. Се κонсултиρав со неκолκу педијатρи виκаат не е ништо стρашно,но јас ќе го носам на уρолог за сκоρо.
Да си ми жива и здрава, ме изнасмеа со постов. Нема адети за тоа, фала Богу. Да не му текне некому да измисли нешто? Освен ако сакаш курешки да правиш, има такви некои колачиња во прилепско, па името ме асоцираше на ова Однеси го да го видат, јас на твое место не би чекала. Инаку, му го отворав на малиот од раѓање, после бањање. И сега и сам си го отвора и мие, мора да научи, со хигиена нема играчка. Па нема до матура да го бањам.