Јас често го отварав и што ако... пак е залепено многу, ни пола цм не ѕирка главичката... голем е сега, па писка вришти а го допрам малку на курето, ич не сака да му го отварам... Осеќам ке завршиме на хирургија и за ова... мм проба повеќе да го стисне, не бе не оди, напука кожата околу милиметарски и крв се појави... ептен се роди со залепено куре, нонстоп на бањање отваравме и ништо...
А еве и свекрва ми два сина не ги чепнала па никаков проблем, дали што не им зтавале гелови во водата за бањање и слични ствари, или од пелениве се спуруваат па им се лепи кожичката стварно незнам
I na mm ne mu go cepkale si go otvoril sam kako tinejdzer, ama veli mnogu go bolelo, krv mu tecelo, edvaj go otvoril.
Маки.. на братучед на мм исто ептен залепено и имал 4,5год и до ден денес се сеќава колку болело, ептен трауматично му било... Сега баш наредна контрола кај матичниот ке му речам да го ѕирне, вас што ви викаат на лекар? Сте прашале, го ѕирнале?
Леле мојов е 2год и 2м А на 18м му правеа операција на тестис (крипторхизам) и наместо и тоа во спат да му го сределе.. ама заборавив да им кажам, а нив не им текнало...
Знам те читав,ништо страшно.Препорачуваат порано за да не се сеќаваат само ама познавам и тинејџери дури кои имале таков проблем. И јас незнам дали ќе го носам на годинка се мислам уште.
Денес пак му го отворивме и добро го измивме со камилица, му ги осчисти мм белите точки, го намачкавме со крем па му го вративме кожичето назад. Многу плачеше и црвено му е внатре ептен. Се надевам утре ќе му е подсмирено, срцево ме боли кога го слушам како плаче.
Има случаеви доста и одлепено, па ке се залепи.. баш ме советуваше тетка и кога ке се одлепи обавезно до големко да му се отвара, се додека не научи само да си го отвара.. ама дај нека се одлепи само.. знам како отвараат таму, страшно е... на мм братучедов детенцето абе од 3,4 пати нежно отварање се одлепи..
И ние сме ист случај не дава фа се допре и напукнува на врвот има како крвче и еднаш на 6 мес му го отвараа и болки вриштење страшно,сега има 2 г и 3 мес и не дава да се допре,сиг и ние пак така ке завршиме на хирург.
Мами јас на секое бањање му го отварам колку пола цм излегува и почнува да ги збира нозето и заплачува..Излегува убаво главичката но ете читам многу пишувате дека имат бели точки а тој нема ништо кога му ја потегнувам кожичката излегува како проѕирно главичката друго нема..Дали да го носам на лекар да го видат или нема потреба..?
Абе таму на хирургија што им прават,сечат или тегнат насила со анестезија или без? Што и да прават од ова ќе треба мене под седатив да ме стават прво па тоа да го гледам
Прво пробуваат да не може да се одлепи така со потегнување. А ако не бива едно детенце 4,5год баш беше со нас во собата кога го оперираа синко и чекаше да дојде на ред за интервенцијата, му дадоа и на него сирупче за да се зашемети таму и опушти и после како што кажа мајката со целосна анестезија ке му го одлепеле... ваљда во некои случаеви треба и сецнување...
Вo грaдскa бoлницa кaрши зелњн пaзaр , нa брaт ми му гo oтвoриле без никaквa aнестезијa дa му дaдaт , дури и гo сецнaле нa живo .... Тaкa дa , бирaјте кaде ќе ги нoсите мaлите , aкo веќе имa пoтребa oд дoктoр.
Абе не го носам и крај,нека си ја заврши природата работата кога ќе дојде време. Никој не останал така. Не ќе му праам сунет,неее...
Да го пишам нашето искуство.. Го отваравме, ама не доволно.. На 2,5 год една вечер се пожали дека го боли доле. Кога ќе видам, потечено и црвено. Право во Систина. Дежурниот педијатар го фати доле и леле кога почна гној да тече, јас уште во несвест што не паднав. Одма викна хирург, дете вришти пишти, ние го држиме, ниту анестезија, ниту да дадеа нешто прво да се тргне гнојот. Така му го одлепија, без сецнување но еве синко има скоро 5 години и се уште траума големА од тогаш.. Не дава доле да го пипнеме, сам си го отвара ама доби голем уплав од доктори.
Ако се закепи скроз или ако настане инфекција а настанува ако не се отвара тогаш се прави сунет. Вака им останува кожата