Незнам каде виде препичивање само?? Хигиената на пазарите е страшна, хорор...е сега на тие што не им смета ако продавачот со немиени раце брца во бурето со сторена зелка и тебе ти го продава, брца во кантата со сирење, оревите, кикиритките и се она што неможеш да го измиеш е полно со прашина, лигавици, бактерии еден куп..значи има луѓе кои сакаат да јадат чиста храна а не нечии остатоци од фекалии и мрсули..а потоа ќе се чудите зошто имало тровања!! Во рестораните поминува санитарна инспекција( е сега колку се совесни во својата работа, незнам),..но таму барем не гледаме како се спрема храната, ризикуваме..а на пазариве можеме и мораме да им скренеме внимание, да бараме надзор, контроли редовни од надлежните органи..па мајку му, пари даваме!!
Нели у маркет нема муви, хигиената е на скроз екстра ниво, сè е совршено и прекрасно и на крај чааааак - ти шиткаат некое расипано месо па и кога ќе се пожалиш дека не чини ти викаат - ее на што сакаш да мириса, па месо е. А оно си смртка на полу-скапанко уште кога ќе го извадат од фрижидер. Ама не, битно пазарите се кака и не чинат. И еве луѓето не „чепкаат“ овошки и продукти само по пазарските тезги. Истото (и далеку полошо) го прават и по маркети и дуќани. Пипкаат леб запакуван во обична хартиена ќеса (мистерија која никогаш не успеав да ја сконтам), се испитува секој продукт детално, се пипкаат овошки, зеленчуци и така натаму... Освен за лебот (тоа не можам да го оправдам зашто е одраз на нешто сосема друго), сето тоа е да речеме нормално. Јас не познавам некој кој обожава да си пазарува полу-скапани или презреани овошја и зеленчуци. А на тезгите по пазарите и маркетите ќе најдете секакви,па за свои пари и тоа како ќе си селектираш што ќе ставиш во ќесата и нема да дозволиш да ти ја наполнат со скапани домати. Млечни продукти, маслинки риба и други работи што не им стојат во фрижидер туку се изложени на секакви временски прилики и неприлики, не купувам од пазар. Никогаш не сум купувала ниту месо од тезга, немам идеја како би можел некој да продава месо на пазар. Месара во склоп на пазар - зошто да не, а ова другово не. Ама за сето останато, уживам да се шуњам по пазарски тезги. Квалитетот на продуктите е малтене ист, старата добра „како ќе ти се погоди“ останува да важи и за ова. Но, хигиената е дискутабилна и кај пазарите, а исто така и во маркетите па и погоните за производство. Пазарна инспекција не ми е некој релевантен детаљ во приказнава, особено пак не кај нас.
Некои работи како краставици, домати, пиперки и сл, не купувам пошто си имам дома бо бавча. Што се однесува на други продукти си земам од маркет, од пазар никогаш не сум купувала. Факт е дека хигиената секаде е катастрофа пошто сите фаќаат ама тоа е, пред јадење секако ги миеме продуктите. Месо, маслинки, сирење не знам стварно кој купува од пазар во мојот град не сум ни приметила на пазарот такви работи мада и ретко одам. Сеедно хигиената е ужас секаде.
Хигиената е на ниско ниво на пазарите тоа сигурно. Никогаш дома немаме купено млечни производи од пазар, единствено овошје и зеленчук од пазар. Тоа сепак ќе го измиеш, ќе излупиш кората и друго е. Не дека во маркет истото е почисто.
Нашите баби дедовци ќе не надживеат баш затоа што јаделе од бавча директно. Немало потреба да се мие. Годинава си набравме јаболки од село, имаме ниви со јаболка кои ете сме ги занемарувале со години, не сме береле, ама годинава моите ги обраа. Само преку млаз вода ги миев, некогаш ни толку. Недопрена природа, непрскани, природни. Немав потреба да ги лупам ниту пак ми беше страв дека лушпата е штетна. А еве најтазе пример, денес купив зелени јаболка од тинекс, навидум светеа (од зејтинот ли е којзнае), ниедно дупче од црви, како по калап. Додека ги ставав во кесата дланката ми стана мрсна од нив. Е таквите овошја купени од пазари и маркети, задолжително ги лупам. Се додека не си произведеме сами млеко, сирење, урда, јогурт, маслинки, овошје, ореви итн...односно не ги береме директно од нашата бавча, ќе се сомневаме во потеклото и хигиената на она што го јадеме. Џабе ќе збориме кој е понечист од производството до потрошувачот. Никаде нема хигиена, тоа е факт. Затоа порано биле поздрави, сами си произведувале, зеленчук, овошје, млеко, месо...
поентата на темата е каде ни е свеста, каде ни е одговорноста за здравјето на луѓето? Зарем тие пазарџии и дома ли се такви аљкави? Зарем треба во 21 век да се учиме на хигиена? тоа е поентата...а природни продукти растени на ваков канцероген воздух и прскани со триста хемикалии нема повеќе.
Од малечка сум учена дека се што е од бавча е поздраво и непрскано. Додека беше жив дедо ми тој садеше зеленчук во викендицата па немавме потреба од дополнително пазарување. Млеко и сирење редовно нарачуваме од село, секогаш сме задоволни, јајца исто ги нарачуваме од село по две табли. Млечни и сувомеснати производи купување од маркетите, секогаш внимавам на декларацијата и рокот на траење. Преферирам да јадам домашни производи. Од пазар купувам само овошје и татко ми ме има научено како да го изберам најдоброто овошје.
Ај ај и ја знам што е здраво и убаво ама 21 век сме немора да ми кажува никој. Светот неможеш да го смениш ниту ти ниту ја. Бирај она што мислиш дека е убаво или послушај совети и не очекувај некој да се грижи за твоето здравје. Они 5G мрежа ставаат што дејствува на луѓето исто како да се во микробранова а ти очекуваш некој да ти нуди чисти производи епа мало морген ако не ги одгледаме сами...
Шанси нема сите да бидеме одгледувачи и произведители....батали тоа...Поентата е, ако секојдневно ги опоменуваме пазарџиите, па дури и другите продавачи, дали во маркети или во пекари, не е битно, пријавуваме кога ке видиме дека несовесно се однесуваат и хигиената им е на најниско можно ниво, биди сигурен дека ке има подобрување. пр. за во една од продавниците на "специјал", откако дадов примедба пред 10 тина муштерии за да си ги покријат штрудлите и др. производи со најлонче, вроди плод...покриени им се сега со прозирна фолија..така треба за овој народ, само да им трубиш на уво или да ги репнеш по џеб.
Ние дома претежно купуваме патики и тренерки од пазарите.Овошје и зеленчук купуваме почесто од маркетите,а од пазарите само 2-3 пати годишно и тоа само од луѓе за кои знаеме дека добро внимаваат на производите. Секаде има нечистотии,и во маркетите и на пазарите.Тој што има совест,чисти и брише, ги покрива производите и ги фрла расипаните.
Нешто не сте токму вие што пишувате во маркетите дека била подобра хигената. Хахахах вицотека. Ај да речеме нешто подобро е што запакуваната храна помалку луѓе ја допирале. Ама се што е рефус .. Брате мили. Доколку не ја излазат бубашваби, очекувајте за сигурно дека имала контакт со продавачите задолжени за тој одреден сектор да кажеме. Сум гледала како со сунѓер за миење садови (користен претходно) го бришат сувомеснатото затоа што почнало да мувлосува и да побелува. Го прават како ново, штотуку донесено. Ослич, копани и слично замрзнато сами што го препакуваат имам гледано како го трескаат од земја за да се раздели па да се пакува. Некоја била у вц или кој знае што правела па ја допира храната. Ужас. Тоа што пред вас као демек носат нараквици е само маска. Во позадина во магацин не гледате што се дешава. На пазар бар си гледаш оригинал.
Се сложувам со мислењево погоре, не сте виделе по маркетиве што се прави, сувомеснато и такви ствари расипани и црвосани се продаваат само премиј исечи и давај, со поминат рок исто така, муви бубачки полазуваат, овошје зеленчук повеќето набавуваат од кванташки, а таму па една хигиена завидна на нивоу А и тоа што е запакувано во погон којзнае како е пакувано (еден другар во Виталија работеше ни кажуваше дека шетаат бубашваби и вработениве плукаат во житарки) со што доаѓаме до поента дека освен ако сам не си произведеш ништо не хигиенски како што треба.
Точно .И од маркет да ги купам па ќе ги измијам. Поентата беше за сувомеснатото, лебот и слично. Нив како ќе ги измиеш? Без разлика од каде ќе ги купиш. Поентата е таа . Хигената ни е на нула без разлика дали е маркет или пазар исто ти се фаќа. Едино спакуваното е нешто подобро да речеме.
Тоа и ми беше шоентата, а кажа и jacqueline. Ако збориме за инсекти на плодови, дали во маркет, или на пазар или вп двор, исто му се фаќа. Секако ќе го измиеш дома. Нели не сакаме прскано?
Да, ама едно е да зборуваме за овошје и зеленчук, а друго е за сувомеснато и слично. Овошје и зеленчук попрво од пазар би купила него од било каде друго.