Ги лазат секако, но плечи и мравки на пример. А што има почисто од пчела? Се понашате како да сте паднати од незнам каде, се грозите од природата во која сте родени. Се праите на висока нога ептен. Купи од тие у маркет тие со восок се мачкани поарни се. Занеш ли дека нашите баби и дедовци немале фрижидер? А и тогаш иначе имало муви и инсекти. Проблемот не е во инсектите туку во нас. И ти препорачувам да влезеш на погон каде што се пакува храна или во месара на пример па после кажи дали на пазар не било хигиенски.
А јас тебе ти препорачувам прво да земеш да ми ги прочиташ мислењата на темава па после да напаѓаш без врска, важи?
Па дискутираме ама ви смета реалноста и ептен се замислувате во некој фантастичен свет. Сакаш дискутирај сакаш ич, што друго да ти кажам. Или нека лазат инсекти и јадете природно или прскајте со отрови па јадете само вие пошто инсектот е попаметен. Толку. Па ти ги прочитав затоа и те цитирав. Не значи дека ако не гледаме што се дешава у маркет у позадина дека е подобро.
@Vitaly те читам во цела тема и секаде спомнуваш знаеш ли како се пакува храната во месара, знаеш ли како се пакува во фабрики, знаеш ли во какви услови се произведува пивото, никаде немаш пишано како. Дај жити бога пиши, ние што немаме влезено во фабрики да не просветлеш.
Ако не одржуваш хигиена на душата ниедна друга хигиена ја имало немало не спасува работа. Можеби не се одржува некоја голема хигиена по пазарите, но кога можам и колку можам со радост купувам свежа роба од зелените пазари од тезгите на продавачи кои самите ги растат и прават продуктите кои ги продаваат. Љубовта со која ги одгледувале и од срце ми објаснуваат-комшике земи си ова најсвежо донесено ми е денес тоа, не го купува ни еден маркет, ни една најубаво вакумирана пластична фолија. Од мала моите ме имаат научено дека најздраво најсвежо и зачинето со многу љубив има на пазар. Се друго е барање влакно во јајцето, но секој со својот ум и разум, со својата желба да се истакне или насмее некој. Ама убаво е додека можеме да разменуваме мислења.
Веќе една иста роба се врти и во маркетите, и на пазарите, пазарџиите зимаат роба во поголема количина од доставувачи, кои пак ја откупуваат на пример, од Росоман, Струмичко, Гевгелија, Скопско итн. Се’ поретко има производи кои пазарџиите сами ги произведуваат, иако таквите се можеби поздрави, зашто добро познато е дека овошјето и зеленчукот е накљукано со пестициди и хемикалии, посебно кога се произведува на големо, за потребите на големите пазари. За хигиената, зависи каде-како, во секој случај купувачот треба сам да си води сметка за тоа, посебно при миење и подготовка на производите, да се внимава максимално. Знаеме доста совети за миење со сода бикарбона, јаболков оцет, отстранување на лушпата и горниот слој итн.