Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот и трета најголема религија која за разлика од останатите, нема основач. Создаден е негде околу 1750 година п.н.е. во Индија. Нивниот симбол е светиот глас ОМ. Хиндуизмот не секаде е прифатен како религија, некои го сметаат за култура која содржи спиритуални страни. Луѓето кои веруваат во оваа религија, верува во еден Бог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда и други. Хиндуистите веруваат во реинкарнација, односно "селење" на душата после смртта во друго тело. Поголемиот дел од верниците се вегетаријанци и вегани. Заедница на Кришна има и во Скопје која е основана во 1990 година. Колку оваа религија е застапена во нашата држава? Колку луѓето се запознаени со неа? Колкав ли број од населението ја променило верата од Христијанска или Муслиманска во Хиндуистичка? Колку ли луѓе сеуште не ја примениле но веруваат во учењето на оваа религија? Се надевам на добри дискусии и мислења Не наидов на слична тема но доколку има слободно нема лета во канта.
Јас не познавам лично некој кој што ја сменил верата токму во оваа, но верувам во тоа дека сите религии веруваат во еден бог, само што различно го нарекуваат Во Хиндуизмот исто се верува дека и Исус, Буда, Мухамед се реинкарнација, но не само тие, туку и многу други полубогови Најчесто приврзаниците се вегетаријанци и вегани затоа што сметаат дека после смртта човекот може да се реинкарнира во друго живо битие Баш би сакала некогаш да ја посетам Индија најстарата цивилизација и да ја почувствувам таа енергија
Хиндуизмот како религија во Македонија мислам дека не е застапен многу.Таквата религија во Македонија ја приметуваат младите луѓе, кои со текот на времето забораваат на истата.Од само нивни причини младите кај нас согледуваат нешто во таа религија, ретко или скоро никој ја нема спроведено понатака во животот. Основните верувања на хиндуизмот се премногу комплексна тема за да може да се спроведува кај нас на овие простори.Сепак има луѓе кои се трудат да ги спроведуваат овие основни верувања. Браман - Единствениот Бог кој е се што постои и кој е во се што постои. Се е создадено од Него и ништо не постои надвор од Него. Тој е сеприсутен и семоќен, трансцедентен и иминентен, и се манифестира во онаква форма каква што е најпогодна за луѓето во нивните индивидуални желби, барања и потреби. Божјето Тројство - Брама ( Креаторот, Создавач на се што постои ), Вишну ( одржувач на создаденото ) и Шива ( уништувач на создаденото ). Деви и Аватари - Деви се небесни Божји суштества. Аватар е Бог кој се симнува во материјално тело на земјата за да ја обнови дармата во човековото живеење и да ги води луѓето во мокша. Реинкарнација - живот после смртта со повторно раѓање во друго материјално тело. Самсара - Хиндусите веруваат во перпетуално преселување на човековата душа при умирањето од едно тело во друго. Карма - Акумулирана сума на добрите и лошите дела кои душата ги наследува во својата преселба во новото тело и кои одредуваат каков ќе биде квалитетот на новиот живот. Добрите дела овозможуваат повторно раѓање на повисоко ниво, додека лошите можат да придонесат и до повторно раѓање во форма на животно. Со правилното живеење секој може да излезе од самсарата и да постигне просветлување. Ахимса - Верување во неагресивност од секој вид и форма, вклучувајќи ги и мислата, говорот и делото. Од тука потекнува вегетаријанството кај хиндусите. Дарма - Протективната моќ на Божествениот закон во живеењето. Вистина - Ултимативно, вистината секогаш победува и само таа протектира. Инаку хиндуизмот како религија се води на четири принципи Дарма - водење исправен религиски живот Арта - успешност во секојдневниот живот преку материјален и економски просперитет Кама - ментално и сензуално задоволство Мокша - ослободување од самсара. Ова е главниот принцип на хидусите ниврити, оние кои го посветиле својот материјален живот на просветлувањето. Ова исто така се смета за врвна цел на човештвото. Од друга страна пак хиндуизмот можеме да го поделиме на шест религиски верувања - Ваишавизам : признавање на Вишну како ултимативна Божја манифестација. - Шиваизам : признавање на Шива како ултимативна Божја манифестација. - Смартизам : воглавно следење на Адваита Веданта. - Шактизам : признавање на Божествената Мајка Шакти ( Деви ) како ултимативна Божја манифестација. - Веданта : ,,крај на знаењето'', поврзување со универзална сеопшта свест ( Браман ) преку сопственото свесно осознавање. - Јога : просветлување кое се постига со следење на Јога Сутрите забележани од просветлениот Патанџали. Општо кога се ова ќе се земе во предвид е дека секој по нешто може да си присвои од оваа религија.Но сепак дали кај нас луѓето им се гледа премногу несватливо или пак недостижно за спроведување е премногу ретко застапена во целост. (ме потсети на старите добри времиња авторот со темава и користев исечоци за да се потсетам) Википедија за хиндуизмот
Колку што знам Во Скопје биле регистрирани при комисијата за односи со Верските заедници уште 1989 година. Инаку тоа правилно се нарекува Ваишнавска Верска Заедница или популарно Харе Кришна движење, затоа што нејзините следбеници се ваишнави т.е. обожаватели на богот Вишну. Хиндуизмот учи дека Вишну се јавува во безбројни форми, но како по главни се наведуваат ликовите: Кришна, Рама, Хари и тн. Бидејќи ваишнавите како најважен дел од нивните религиозни практики го сметаат пеењето на претходно спомнатите божји имиња во придружба на (најчесто) индијски инструменти - обично вид чинели и тапани, тоа тие често го прават и јавно на улици и плоштади (тнр. харинам санкиртан=јавно проповедање на светите имиња) бидејќи мислат дека на тој начин им делат на луѓето благослов. Меѓутоа ваишнавизмот е еден од главните правци на хиндуизмот и има повеќе подправци и верски организации, па со цел уште повеќе да се прецизира она кое горе го напиша и она коешто повеќето луѓе ширум светот ќе им текне на ум кога ќе се рече Харе Кришна движење или ваишнави, полниот службен назив е: Меѓународно друштво на свесноста за Кришна (International Society for Krishna Consciousness - скратено ISKCON) основано 1966 година во САД од страна на еден индијски гуру (и самиот ваишнава) и неговите (воглавно) западни следбеници. Од таму низ подоцнежните години се раширува низ целиот свет. Но самата религија и концепт се далеку постари. Отприлика вака изгледаат на улица во текот на нивниот харинам санкиртан. Неупатените минувачи слушаат нон-стоп пеење нешто Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна.... и поради тоа оваа верска заедница популарно меѓу луѓето е наречена Харе Кришна движење. Но понекогаш продаваат и нивна верска литература и индијски миризливи стапчиња (инсенси) на улица или одејќи од врата до врата: п.с. Инаку не сум следбеник на Харе Кришна движењето ниту сум хиндус.
Тоа е релативно - официјално хиндуси има многу малку. Но во Македонија последните 20-30 годиини постојат неколку верски заедници и религиозни групи кои произлегуваат од хиндузимот или хинду традициите и/или филозофијата. На пр. веќе спомнатите Харе Кришна (Ваишнавска Верска Заедница - ВВЗ); Шри Чинмој Центар за Мир; Саи организација (следбениците на покојниот Саи Баба); Трансцендентална Медитација; Здружение на пријателите на Ошо и тн. и тн. Да не збориме за бројните јога-школи, и куп зборови со индиско потекло како: мантра, карма, гуру, бакти, шакти, ганџа, камасутра, кари, шафран, куркума и тн. а популаризирани повеќе или помалку преку мисионерската дејност на тие верски заедници и групи. Иако сите тие по потекло од Индија и со до некаде слични ставови во поглед на некои прашања (бесмртна душа, вегетаријанство, респект кон светите хинду списи и тн.) сепак имаат и разлики и нужно не се согласуваат едни со други. На пр. кај христијаните има православци, протестанти, адвентисти (саботјани), мормони и тн. па иако сите тие се повикуваат на Библијата и веруваат во Исус, сите имаат повеќе или помалку различни толкувања на истите. Слично е и со хиндуизмот. Меѓутоа мислам дека е далеку поголем бројот на симпатизери и привремени интересенти. Се издавале бројни книги, брошури и статии низ разни списанија, држани се бројни предавања на таа тема уште во времето на поранешната Југославија. Па како тргна со индиските серии каде повремено може да се видат хинду традиции и богослужби мислам дека луѓево ќе станат експерти... Шега на страна. Оние помеѓу 20-40 години повеќе, а повозрасните помалку се запознаени. Забележувам дека многу луѓе ги мешаат различните хинду правци, или понекогаш хиндуизмот го поистоветуваат со будизам само поради сличната портокалова облека (хиндусите во тој поглед умеат да бидат пошарени, но портокаловата е честа) и избричените глави - хиндусите честопати оставаат опавче а некои хиндуси пуштаат долга коса и брада. Или пак ќе ги измешаат со Сикхи-следбеници (сикхизмот е исто од Индија), или ќе ги измешаат со суфи-муслимани од Пакистан поради употреба на исти музички инструменти (хармониум и табла) и групно пеење. На пример во следните 3 видеа се прикажани 3 сосема различни верски заедници кои за време на пеење на нивните побожни песни сите исто седат на подот со скрстени нозе и сите три користат еден инструмент мошне популарен во Индија (по потекло од Франција) наречен хармониум, но од облеката и нивните фризури е јасно дека се работи за различни религии: Спојлер Харе Кришна следбеници (ваишнави) во Москва за време на некој нивен собир: Суфи муслимани од Пакистан при пеење qawwali: Сикхи: Мислам дека борјот е минимален со оглед тоа што многумина биле само формално христијани или муслимани, или пак дури биле атеисти претходно. Имено не заборавајте дека, религијата воопшто, кај нас зема посериозен замав дури последните неполни десет години. Јас како помал не помнам дека сме се крстеле во ЈСП кога ќе сме здогледале црква, или некоја соученичка да била забулена. А во времето на Титова Југославија иако религиите не биле забранети, сепак биле потиснaти и строго одвоени од државата. Па ако искрено веруваат тогаш автоматски веќе не се православни ниту пак муслимани, бидејќи тоа се коси со тнр. символ на верата во православието односно со првите зборови од молитвата кај муслиманите. Е сега тоа што многумина велат дека се православни а поим немаат од православие (нит одат в црква редовно на литургија, нит библија прочитале, нит постат и тн.) или тоа што некои формално велат дека се муслимани а не го прочитале Куранот па дури пијат и алкохол, тоа е нешто сосема друго. Јас пред некоја година запознав млад индиец, формално хиндус, кој искористи прилика за време на неговиот престој низ ЕУ да јаде кравјо месо, бидејќи во Индија тоа е потешко возможно (кравата хиндусите ја сметаат за свето животно) а самиот велеше дека не може да се изначуди што па толку западните луѓе се фасцинираат од хиндуизмот.
На анкетата ќе гласам ДА, ама не би го прифатила хиндуизмот for real. Индија ми е поим за нерамноправност во едно општество и супстандард... никогаш не ме воодушевувала како култура.
Бог да чува и да брани. Никогаш, ама нкогаш нема да го напуштам монотеизмот-Исламот за оваа религија.....
Инфо за ова да споделиш за ова јас колку што знам Хиндуизмот има преку 30 милиони богови покрај главните тројца во пантеонот од кои Брама воопшто не го ни обожуваат освен Вишну и Шива обожуваат уште еден куп други незнам од каде ти е тврдењето дека се монотеисти
Читај ги нивните свети списи(Багаватам, Ишопнашад, Багавад Гита...) кои јасно говорат за Бог во еднина. Бог е еден единствен - има бројни имиња и облици, но тоа е една иста, како тие велат „сèвишна божја личност„. Чандогја Упанишад гл. 6:2:1 „Тој е еден, му нема втор!„ Во Багавад Гита гл.7 стих 20 вели дека само помалку интелегентните обожуваат богови. Тнр. богови (деви) се всушност полубогови и демони (асури), тие имаат свои задолжувања но му одговараат и се подредени на авторитетот на Бог. Тие ги немаат истите својства како Бог, на пр. не се бесмртни, не се сèпристуни и тн. Да речеш дека хидуизмот е многубожечки е како да речеш дека католиците или православните се многубошци бидејќи веруваат во светци. https://academic.oup.com/book/11527/chapter-abstract/160293697?redirectedFrom=fulltext